Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Обавезно да се дадат минути на Бејл и Роналдо против Осасуна во сабота. Посебно на Крис.
 
Обавезно да се дадат минути на Бејл и Роналдо против Осасуна во сабота. Посебно на Крис.
Да да поготово на Роналдо и екипата да му намести гол да даде за малце самодоверба да му се крене и да му се разбуди желбата за гол. Се виде дека играше со пола сила денеска, али како и да е со самото присуство негово на терен дава повеќе самодоверба на другите играчи. Се виде неговата желба за играње и со тоа што на неколку наврати ги бодреше соиграчите.

Одлична утакмица, ама стварно одлична. Се гледа дека Анчелоти има работено многу на одбраната оваа сезона. Реваншот ќе биде многу не извесен, али нека се стегнат, еден гол ни треба само. Тој еден гол ќе смени многу работи и резултатски (нормално) и психички врз играчите на Баерн. Притисокот до некаде и вака е на нивна страна, али со примен гол мислам дека тотално ќе ги сруши.

Ништо не е готово, еден натпревар не дели до финале, во последниве 4 полуфиналиња ова е единствениот каде што сме биле во резултатска предност после првиот натпревар и мора да издржиме. Верувам во момците.
 
Најдобри поединци на Реал, Чаби и Модрич, го ставија у џеп најопасниот играч на Баерн, Робен. Особено Чаби у неколку наврати чисто му одземаше топка кога овој сам тргнуваше накај голот на Реал. Се сложувам дека одбраната беше дисциплинирана, иако на неколку пати се случи да извисат ради непромислени удвојувања и утројувања, што е и нормално во ваква утакмица, сепак она што не ми се допадна е безглавото рогање и подарување на топката од страна на одбраната откако таа ќе биде освоена. Ко да го правеа тоа у паника во целиот тој хаос. Заради тоа е битна таа транзиција, тоа е клучниот елемент од играта кој му фали на Реал. Мора да се подобри ефикасноста на подавањата до средината, што значи мора да бидат малку поспретни и помобилни, т.е да се откриваат и да трчаат повеќе, а не со нафрлени топки да се бара некој на средина од терен. Пепе беше маестрален во одбраната, ама баш у вакви ситуации им поклони доста топки. Ради тоа сакав да дојде Клоп у Реал, Реал е совршен тим за Клоп и Клоп е совршен тренер за Реал. Исто добра партија дадоа и Коентрао, Рамос, Карвахал, Роналдо, Бензема итн. Поголемиот дел од грешките на теренот ги правеа Иско и Ди Мариа. Иако ги разбирам, задачата им беше да им помагаат на Карвахал и Коентрао и на сметка на тоа правеа грешки во подавања, едноставно физички презахтевна игра за нив двајца. Кога би играле фул тим со потполно закрепнат Роналдо, сосема друга приказна би била. Бале ќе влече напред по крило и ќе им дава топки на Роналдо и Бензема од контри, со самото тоа на Реал му беше одземено едно од поопасните оружја. Колку би сакал да има Реал уште еден ко Модрич, ќе биде многу полесно. Она што ми се свиѓаше оваа утакмица е што не излегоа уплашени и потпаднати под притисокот дека играат со моменталните шампиони, нека го повторат ова и можеби ќе успеат до финалето и ќе го заслужат финалето. Иако на Алијанц ќе биде пекол, тука и публиката беше од огромна помош, сепак влогот е голем и се пред историска шанса, мора да останат со ладни глави.
 
Последно уредено од модератор:
со спремни Бејл и Роналдо и дисциплинирана игра како синоќа минуваме 99% во Арената....што од публиката некој да не слезе и го собори Бејл/Роналдо при трчање во контра?

Публиката ќе им помага на Баерн само во правењето на притисок,ќе им дава сила + ..ама ако издржат до 60-70мин без примен потоа ќе има и свирежи на тика-таката :D
И да,повеќе отворен Баерн ,пошто мора да брка гол,повеќе шанса за Бејл Роналдо и Бензема да дадат гол и да ја решат..
 
Последно уредено:
Gol u prvo do 30 za Real. Fala cao

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
 
другарот зачести на бернабе и со средби со Перез :D

иначе седи на ВИП местото на ЦР :D
10176188_755152184515582_6408268574457561513_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: JOE
Колку плата зимаше Озил кај вас? (неделно)
 

Какви топки дели Модрич мајко моја, да можеа да го клонираат ќе беше совршено.
 
сега тоа коло ќе ни се зголемат и шансите за ЛАЛИГА и тројкаааааааааааааааааааааааааааа :D
 
Бензема и Пепе влечат ситни повреди и можно е да не стартуваат утре, Бејл сеуште не е 100% и веројатно ќе биде поштеден.

Кристијано сигурно стартува
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom