Одбраната со Арбелоа и Коентрао беше подобрена од претходните утакмици. Исто Начо беше одличен воопшто не се осети отсуството на Пепе. Многу чисто и ефикасно изигра, само ме изнервира жолтиот картон безвезен ни фаул немаше не пак жолт. Рамос како и обично месецов одличен си беше, единствена мана ни се нафрлените топки, двете шанси ги направија така ама добро во 90 минути се случуваат грешки.
Клучен потег за скоро перфектната одбрана е новата позиција на Ди Марија. Мора да се признае генијален потег на Карло. Одлична работа врши на двете страни, страшен пресинг и доста добро ја чита играта а и напред дели асистенции, многу се убрза играта со него.
Хесе напред уште една добра партија изигра, си даде гол од првата прилика и доста добри пасови имаше само што Роналдо не успеа да ги искористи. Повторно слаба утакмица во купот од него 3 пати промаши во ситуација еден на еден. Кога игра Хесе на местото од Бејл играта е доста подинамична. Не дека Бејл е лош, напротив но Хесе смртоносен. Само вака да продолжи и Роналдо ќе си добие наследник од кантерата.
Од друга страна формата на Мората и пред се на Иско е загрижувачка. Секој ден се све полоши и полоши. Добро за Мората тоа е до негде очекувано ептен слаба минутажа има а и самодовербата му е во минус се повеќе личи на Солдадо а мислам дека така и ќе заврши. За разлика од него Иско имаше едно 15 утакмици на својата омилена позиција и освен на првите 3-4 ништо не покажа. Преголема стагнација има во формата, најглупите додавања ги греши што е недозволиво за играч како него. Голем потенцијал има ќе видиме дали ќе го искористи.