Генерално собрание 2011
Perez поднесе извештај пред членовите на клубот за она што се работеше во изминатата сезона, по што следеше дискусија и прашања од страна на членовите.
Во текот на дискусијата, членовите го поздравија доброто економско водење на клубот од страна на Perez. Побараа да се создаде член со кој ќе се лимитира задолжувањето на клубот. Потенцираа дека ги имаме најдобрите играчи и најдобриот тренер, но дека тоа секогаш не е гарант за успех. Многумина прашаа што ќе се случи ако оваа сезона не освоиме титла. И гласно се изјаснија против доаѓањето на Neymar.
Некои членови го критикуваа однесувањето на Mourinho, бараа точно да се дефинираат неговите овластувања. Кажаа дека не може да се толерира тренерот на Real Madrid да нападне личност од противничкиот тим. Ниту пак може да се стави под знак прашање титлата ЛШ која Barcelona ја освои без разлика на тоа на кој начин не елиминираше.
Побараа да му се даде признание на Valdano затоа што е мадиридиста и за неговото залагање, без разлика на тоа дали сите се сложуваме или не со неговите идеи.
Членовите побараа да се брани и сочува добриот углед на клубот, Perez да биде поприсутен и да го брани клубот од нападите на медиумите, на УЕФА...
На овие “напади“ на членовите Perez одговори:
“Real Madrid не го изгуби својот углед, ни визија... иако некои медиуми тоа го посочуваат. Некој сака да има влијание во клубот. Кога дојдов, не сакаа да се изгради новиот ‘спортски град‘ се додека не го донесов Zidane.
Она со прстот не беше во ред, признавам, но слушнав некој да каже нешто за провокациите. Го браниме неправедното. Зборувате за Шпански играчи, за кантера... сето тоа е многу добро, но овој клуб порасна благодарение на Di Stefáno, кој дојде благодарение на Bernabéu.
И каде пишува дека не смееме да ги критикуваме лошите одлуки на судиите? 50 години сум член на клубот, каде го пишува тоа? Го имаме најдобриот тренер. Има луѓе кои се под влијание на медиумите, нека не дозволат да бидат излажани. Го имаме најмоќниот проект, Mourinho не придвижи како клуб. Дали господското однесување значи да те напаѓаат и ти да им се заблагодариш?
Не излегувам во јавност секој ден затоа што оној кој зборува греши. Не ја освоивме ЛШ не поради нас, ние направивме сè... Ќе се борам за 10-тата се додека не ја освоиме.
Сакаме да бидеме солидарни кон сите, ама буквално кон сите екипи (за телевизиските права), не само кон некои.“
По овие зборови на Perez беа изгласани: Ликвидацијата на буџетот за 2010/11 (964 гласа ЗА, 0 ПРОТИВ, 7 ВОЗДРЖАНИ); Буџетот за сезона 2011/12 (942 ЗА, 1 ПРОТИВ, 5 ВОЗДРЖАНИ) и Квотите за членовите за сезона 2011/12 (934 ЗА, 12 ПРОТИВ, 4 ВОЗДРЖАНИ).
Потоа Pérez го претстави проектот за реновирањето на фасадата на стадионот.
“Овој стадион е дел од нашата ДНК. Новиот Bernabéu е еден архитектонски предизвик од највисоко ниво, престиж, и ќе ги зголеми нашите приходи. Ќе му дадеме на стадионот нова ‘кожа‘, нови 1500 паркинг позиции. И ќе го поседуваме целиот објект (кулите кои го обиколуваа стадионот до сега и припаѓаа на општината Мадрид). “
Првата реакција на членовите проследена со голем аплауз беше да се задржи името на стадионот по секоја цена. Беше даден предлог да се свика ново собрание на кое ќе се презентира оној кој ќе го финансира реновирањето. Се бараше да не се преместат VIP ложите од трибината која излегува на една од најглавните улици во Мадрид, La Castellana.
Perez рече дека нема ништо контрадикторно во финансирањето на реновацијата на стадионот, дека средства се обезбедени.
Потоа со 786 гласа ЗА, 10 ПРОТИВ и 7 ВОЗДРЖАНИ беше одобрен планот за реновирање на стадионот.
На крајот Perez ја повлече квотата од 300€ за членовите на клубот, што беше поздравено од страна на членовите. И им вети дека ќе разговара со одговорните членови на UltrasSur и ќе побара од нив да се почитуваат противничките навивачи. Но мора да признам дека вчера беа добри, ја пееја “како да не те сакам...“ и ги заразија останатите кои беа присутни на стадион.
Исто така беше поздравена одлуката да им се врачи златен значка на Visente del Bosque, Rafael Nadal и Plácido Domingo за нивната работа и мадридизам.