Една од твоите сериозни желби, нема да се оствари.
Младиот француски играч од средниот ред на Рен,М'Виља во изјавите за својата иднина,зборува дека сака да остане во Рен и да игра во европските натпреварувања.
М'Виља е еден од најпосакуваните млади играчи во моментов,каде најзагреани за неговиот потпис се Реал Мадрид и Ливерпул.М'Виља има 20 години и според него најдобро е да остане во Рен.
„Многу играчи на мојата возраст потпишаа за други клубови,но јас сакам да останам со тренерот кој добро ме познава“, рече М'Виља.
Оваа година М'Виља беше еден од најдобрите играчи во Првата Француска Лига,а М'Виља посакува да игра на Европското Првенство и смета дека најдобро е да остане во Рен.
„Сакам да играм на Европското првенство следната година, и мислам дека најдобро е да останам во Рен“ изјави францускиот играч.
М'Виља има договор со тимот на Рен до 2015 година,а веќе од следното лето неговата откупна цена може да достигне и над 20 милиони евра.