Фан клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Бокица
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ај Христос Воскресе многу радост и среќа,најмногу во среда.

п.с КОнечно банот истече :)
 
Кака демонстрираше некаква моќ, незнам колку приметивте. Стварно забележителна подвижност, одлични пасови, дриблинзи, топки во празно, асистенции и голови. Тоа не го прави секој играч. Дај боже да покаже уште нешто во следниве натпревари да има шанса да остане овде. Жал ке ми биде ако си отиде :(
 
Кака го имаше на 42345 страни... глеајте за шестиот кај беше прво кога ја водеше топката, и кај дојде после... :)

Инаку, Начо е седмиот младинец кој дебитирал за Реал. Со тоа Реал е тимот во кој дебитирале најмногу младинци во лигата (да не сте збореле за тоа после :P), меѓу кои и браќата Начо и Алекс Фернандез.

Мене лично, од овие што добија шанса, мислам дека на Мората, Сарабија и Алекс треба да им се обрне повеќе внимание, и другите не се лоши, али овие се истакнуваат повеќе. :)
 
Значи за наредна сезона Парехо и Сахин стигаат речиси сигурно. Ке мора повеке играчи да заминат доколку сакаме некој од Кастиља да биде пријавен во прв тим. Ма да не вреди да земаме двајца играчи на таа позиција знаејќи дека ги имаме Лас, Чаби, Кедира и Гранеро таму. (гаго веке го рачунам за продаден). Тој Сахин може да се купи и на позајмица да се остави.И пак 5 играчи на Дмф ке бидат премногу. Каналес позајмица, за Леон само Мурињо знае што ке се прави, ма да воопшто не е корисен. Подобро Сарабија да е на негово место, нема ни проблеми да прави ако грее клупа. Мората место Адебајор и составов ке изгледа нешто позрел за све да се освои.
 
Ја не верувам дека ќе се донесат и Сахин и Парехо. Тоа едино би се десило ако Каналес или Кака заминат, па да дојдат и двајцата. А сеа со ова шеициве, незнам дали желбата на Парехо да се врати останала силна како што беше.

Ја би сакал да дојде Сахин на местото на Гаго, и Каљехон на местото на Леон. Поарно таква варијанта, него Сарабија уште сеа да се пушти у прв тим. Не друго него ќе добива минути ко Каналес. Сеа од друга страна, може да се види дека Каналес напреднува иако не игра многу, сепак на тренинг е со првотимците, учи директно од нив. И мислам дека би издржал уште една ваква сезона на клупа како трета опција, и со евентуално заминување на Кака догодина, ќе остане да се бори со Озил за тоа место.

Го спомнав Каљехон, оти мислам дека ако замине Леон, мора да се донесе крило резерва, а овој е ем тоа ем мадридско дете. Но најбитно е да не праат испади како со Леон, па така ако не му се допаѓа на Мур, воопшто да не пробуваат да го вратат. :)
 
Ма океј си е составот ваков како што е. Едино да се донесе уште некој во одбрана по можност да може да игра лев бек и стопер. Нешто слично како Хајнце :vozbud:
 
RM Castilla 6-0 Montaneros (Final)


Goles:
1-0 (min. 17): Oscar Plano con un disparo desde la frontal del area.
2-0 (min. 53): Carvajal define con sangre fria frente al portero.
3-0 (min. 73): Sarabia con un disparo lejano.
4-0 (min. 83): A.Martinez tras una pared con Jese;.
5-0 (min. 86): Joselu con un disparo que entra por la escuadra.
6-0 (min. 90): Joselu de cabeza.

Строго по 6 комада овој викенд!
 
^хохо,ни тргна со головиве,исто и првиот тим и кантерата,само што кантерата го нема албиол
 
Ма океј си е составот ваков како што е. Едино да се донесе уште некој во одбрана по можност да може да игра лев бек и стопер. Нешто слично како Хајнце :vozbud:

A да си го вратиме Хајнце. :vozbud:
Јас сум за.
 
Маркос Алонсо џабе изгубена сезона во Болтон, подобро во шпански екипи коа ги даваат, играат барем.
 
Не знам зошто се бараат нови играчи. Единствена слабост ни е одбраната и ништо повеќе. Секоја сезона само нови играчи се купуваат и секогаш истото-ги чекаме да се вклопат во тимот. А таман тие се вклопиле се пуштаат и пак се носат нови...Цел свет е свесен дека Реал може " секого " да го донесе во тимот, нема потреба за докажување на тоа поле... имаме супер тим, супер резерви и супер младинци кои треба да се форсираат повеќе за во првиот состав...
 
Маркос Алонсо џабе изгубена сезона во Болтон, подобро во шпански екипи коа ги даваат, играат барем.

Треба да се знае кој тим му нуди место во тимот, но и да игра, не само колку да пишува дека бил една сезона кај нив. А коа ке видиш од друга страна не е џабе, ипак не е мала работа цела сезона да тренираш со првотимци, искусни и докажани играчи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom