Реал Мадрид
Бенфика
Олимпијакос
Динамо Загреб
мој избор
прес + изјави – RM 2-1 GLT (Trofeo Bernabéu)
Mourinho: Сконцентрирам сум на натпреварот а не на тоа што се случува на трибини. За мене најважна е поддршката за екипата и за Real Madrid.
Како сум? – Многу добро, подобро од било кога, благодарам.
Не сум тука за да зборувам за СуперКоп-от.
На Adán му е потребно да игра, да го почувствува амбиентот, да биде под гол. И ова беше совршен натпревар за да игра, сакаме да му ја дадеме одговорноста да биде еден од најважните голмани, заедно со Casillas и затоа треба да игра. Денес го направи она што секој голман на Real Madrid би го направил, имаше малку паради, но добри. Sahin е подобар, во финалната фаза од своето опоравување е, штета што денес фановите не можеа да го видат, јас мислам дека многу би им се допаднал. Треба да бидеме трпеливи со него, потребен ни е. Coentraо ќе биде сè, затоа и дојде овде. Времето на Álex ќе дојде, дете е со многу квалитети. Casillas може да зборува по телефон со кого сака.
Лажниот Eladio (портпаролот на Mou) добро изигра, се забавуваше, добра шега направи. Непрофесионалец е тој што објавува новост без да провери со кого зборува.
Ramos: Сакавме да ги израдуваме фановите, иако оваа титула не е многу важна. Не можеме да се жалиме постојано, треба да продолжиме понатаму со голема илузија. Во фудбалот не може да се живее во минатото. Што се случи, се случи, нема повеќе коментари околу тоа. Имаме одлична екипа (за репрезентација) и една заедничка цел.
Adán: За мене е важно да собирам ‘минути’, иако тоа е на натпревари како овој кои не се официјални. Во овој тим сите се бориме за своето место и знам колку е мојата борба тешка. Iker е најдобриот голман во светот, но морам да бидам подготвен и да ја чекам мојата шанса. Денес сопрев топка во последната минута, никогаш не знаеш кога ќе дојде... но тоа го бараат од клубот, ако добиеш две топки, да сопреш барем една.
Callejón: Сите го поддржуваат Mou, фановите, играчите. Со него сме до крај. Мирни сме затоа што он сака да остане со нас и да освои титули. Чест е да се игра со Xabi, заслужи да го добие признанието најдобар играч на натпреварот.
Di María: Иако не беше совршен натпревар, победивме и трофејот остана дома. Се што се случило претходно останува позади нас. Луѓето го сакаат фудбалот и нема смисла да се разговара повеќе за инцидентите.
Álex: Ова е мојот дом и се чувствувам сакан. Ме примија одлично и сакам да им се заблагодарам. Се надевам ќе бидам првиот од многуте играчи кои ќе стигнат во првиот тим. За Mourinho имам само зборови за благодарност, тој ми помогна да го направам овој скок во кариерата. Дебитирав во Сантандер и денес овде. Како играч на Castilla, го поддржувам Mourinho, го сакам како тренер на овој клуб и што и да направи сите сме со него.