Фан клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Бокица
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
му е криво дека 0 0 беше
хахахаха
--- надополнето: Jul 24, 2011 1:48 AM ---
абе овие сите исти се :ROFLMAO:
хесе стрелец бил :)
 
му е криво дека 0 0 беше
хахахаха
--- надополнето: Jul 24, 2011 1:48 AM ---
абе овие сите исти се :ROFLMAO:
хесе стрелец бил :)

Каљехон е стрелец бе! :) Значи Хосе Каљехон - Хесе Родригез. Си се збунил... :)

А тоа дека се исти, да, мадридска фаца, се познава, убави луѓе, не циганска фаца ко оние онаквине... :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mos
Де бре играчиве не си ги знаат на официјална. :) Каљехон е.
 
Ете го Марсело капитен, без грижи :):)

ЅВЕРЧИНА Е НЕК СИ ЕБЕ МАТЕР :):):)

Абе све леваци ни са голманиве :)
 
Ужасно, досадно второ полувреме. Ќе заспиев за малку.

Кака пак по старо, пак иста песна...дрво!

Идем да спием, овја арапов ми го дупна мозоков. Не престана да ломоти цела утакмица, ка навиен.
 
муте бе муте
ај гуте НАШТ :sleep:
 
Каква топка испрати Чаби за првиот гол,свака му част. :cuc:
--- надополнето: Jul 24, 2011 12:41 PM ---
Кака : Mурињо сака да останам во Реал Мадрид.
Не си оди Џизс нигде. :D

На овој ден пред 11 години :

285488_10150251561451523_92908621522_7768533_1541963_n.jpg
 
^Од 4:40 па натаму. Запазете го движењето на Албиол
 
Zidane (23.07.11 – realmadrid.com):
П: Како се првите денови на Zidane како директор на првиот фудбалски тим?
ZZ: Се е поразлично од кога играв. Добро е, поинакво е чувството, други се задачите. До сега сум задоволен од се. Учам и сакам да дадам свој придонес.
П: Што може да му даде Zidane на Real Madrid?
ZZ: Времето ќе покаже. Искуството... го познавам клубот и неговите вредности. Ќе видиме. Има млади дечки кои дојдоа и сигурно можам да направам нешто за нив.
П: Како ве примија играчите?
ZZ: Добро. Има играчи со кои играв и останатите добро. Нова екипа е, со многу добри млади играчи. Вистина е дека сум задоволен од тоа како ме примија и исто така од тренерот и од сите останати. Сите сме овде со задоволство.
П: Како ви се чини Mourinho?
ZZ: На Real Madrid, можеби, му фалеше тренер како Mourinho. Некој кој знае за фудбал, но има карактер и знае каде сака да ја однесе екипата. Можеби недостигаше таков човек како него. Освен тоа има многу добра група играчи за да освои нешто значајно. Знаеме сите дека секој играч кој е во Real Madrid е тука за да победува и за да успее. Mourinho е адекватната личност за тоа.
П: Освен тоа вторите сезони на Mourinhо секогаш се најдобрите...
ZZ: И првата беше добра, но ќе видиме. Знаеме што ќе биде тешко, но исто така знаеме што треба да правиме. Кога има некој натпревар или натпреварување мораме да победиме секогаш. Со овој тренер ќе направиме нешто големо оваа сезона.
П: Mourinho кажа дека фали само уште еден напаѓач.
ZZ: Играчите кои ги имаме се многу добри. Ако Mourinho вели дека фали играч, он е тренерот и знае што и е потребно на екипата. Работиме на тоа. Има време и ќе видиме што ќе се случи.
П: Многу се 30 милиони за Coentrao?
ZZ: Не. Тој знае што треба да прави на терен и го покажува тоа. Секој пат кога купуваме некој играч се вели дека е скап. Освен тоа, нормално е затоа што е голема бројка, но играчот докажува дека парите кои се дадени за него, нема да кажам дека се малку, но дека ќе направи се за да бидат оправдани.
П: Како на Zidane му изгледа екипата?
ZZ: Ќе имаме тешка година, но мислам дека ќе бидеме добри во сите натпреварувања и во секој случај, имаме силна екипа и млада. Имаме деца кои мораат да научат многу нешта, но мислам дека ќе освоиме нешто оваа сезона. Мора да се бориме затоа што знаеме дека во фудбалот ништо не е лесно. Секогаш мора да се бориш за да освоиш нешто, а Real Madrid има услови за тоа.
П: Во што е подобра оваа екипа од таа лани?
ZZ: Од средина нагоре има големи подобрувања, затоа што новите играчи се добри. Ќе имаме подобра игра во средниот ред. Ќе го видиме тоа во текот на сезоната.
П: Лани се донесоа многу млади играчи како Ozil, Khedira, Di María…
ZZ: Да, како и секогаш. Тоа се играчи кои дојдоа за да освојат нешто и за да го покажат својот капацитет. Го докажаа тоа и сега се стартери во екипата.
П: Лани заслуживме нешто повеќе од Copa del Rey.
ZZ: Да. Точно е дека кога ќе ја погледнеме табелата, со 92 бода, навистина можевме да освоиме нешто повеќе, но тоа е. Лани е лани, ќе гледаме наред и ќе се бориме. Ќе видиме што можеме да освоиме оваа сезона без да гледаме на тоа што се случи лани. Мораме да се сконцентрираме на претсезоната и да се подготвиме за да освоиме добри резултати и на крај сите да бидеме задоволни.
П: Во 2012 се навршуваат 10 години од 9тата ЛШ со оној гол на Zidane.
ZZ: Да, брзо поминува времето. Поминува времето и дај боже оваа сезона да ја освоиме 10тата, ни фали и е многу важна за фановите и за клубот. И ова е сезона во која можеме да ја освоиме. Знаеме дека ќе биде тешко, но секогаш е тешко. Дај боже некој наш играч да може да постигне еден таков важен гол, како јас пред 10 години.
П: И за крај, кое е чувството за оваа сезона?
ZZ: Добро. Добро чувство владее кај мене и кај секој член од тимот. Секој дневно присуствувам на тренинзите и секој ден се изненадувам кога ги гледам како тренираат. Освен тоа, тренинзите имаат неверојатен интензитет. Навистина големо е задоволството. Ќе видиме што ќе се случи.
 
Касиљас​
Рамос-Пепе-Карваљо-Марсело​
Сахин-Алонсо-Коентрао​
Озил-Бензема-Роналдо​

Суперсабс: ДиМарија,Игуаин,Варан,Кедира,Калехон,Рики
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom