Роналдо ја фрли ракавицата: Ќе ја симнеме Барса на земја
Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо изјави дека кралевите „ќе го симнат на земја“ европскиот шампион Барселона, тимот кој трета година по ред ја освојува титулата во Ла Лига.
„За да ја сопреме Барселона, ние мораме да ги победиме каталонците. Можеме да ја освоиме титулата во Ла Лига само ако успееме да славиме во дуелите против Барселона“, изјави Роналдо цитиран од Гол.ком.
„Ние ќе бидеме многу посилни од минатата сезона и јас сум уверен дека располагаме со се што е неопходно за да ги победиме каталонците“, продолжува суперѕвездата на белиот балет кој постигна извонредни 40 погодоци во ЛА Лига во текот на минатата сезона.
„Ние ќе ја симнеме Барселона на земја“, се закани еден од најдобрите фудбалери во светот во последните години, кој во 2008. година стана европски клубски шампион и фудбалер број еден во светот.
Роналдо ја прокоментира темата за идењето на Нури Сахин во Реал Мадрид, изјавувајќи дека ќе направат се што е можно да му помогнат на поранешниот играч на Дортмунд одлично да се адаптира во Мадрид.