Higuaín (04.06.11 - FoxSport):
П: Очекувавте да бидете толку важен играч за Real Madrid иако отидовте таму многу млад?
Н: Кога Real Madrid ме купи, идејата не беше да играм веднаш. Требаше да се формирам, да се подготвувам како играч. Но стигнав во екипата и почнав да играв. И го правев тоа без притисок, знаејќи дека сум во најдобрата е
кипа во светот. Татко ми ми рече “биди смирен, не се срами, ако те купија – поради нешто е“. Татко ми беше убеден дека се ќе оди добро.
П: а конкуренцијата која ја имате? Потешко се добива шанса сега?
Н: Играш во елитна екипа и секоја година имаш по 4-5 нови играчи, особено на мојата позиција, но јас сакам да ги освојувам целите. Многу сум среќен и имам уште многу долг период во Real Madrid. Овие години бевме прваци и играв да играм со ѕвезди со кои никогаш не си замислуваш дека ќе играш. Ќе уживам додека трае.
П: И ако дојде Kun? Сакате да дојде?
Н: Ако Kun ми побара совет, ќе му кажам да дојде, затоа што Real Madrid е лудило. Треба да си слеп за да не го сакаш Kun во твојата екипа. Еден од најдобрите напаѓачи е и секој тренер го сака.
П: Би бил Kun доволно засилување за да се надмине Barça?
Н: Веќе докажавме дека Barcelona можеме да ја победиме. Штета што останавме со една титула....
П: Би го донел Messi во Real Madrid?
Н: Да бев претседател на Real Madrid и да имав многу пари би го донел. Јасно е тоа. Добро се сложувам со него, но не се обложувавме.
П: Каква е вашата релација со Mourinho? Останувате во Real Madrid сигурно?
Н: Прочитав нешто дека Mourinho кажа дека “Higuaín не е на трансфер листата“. Моја желба е да продолжам во Real Madrid со него. Сакам да освојам повеќе титули и се чувствувам сакан од луѓето, нема ништо подобро од тоа да бидеш овде. Голема група сме и среќен сум во Real Madrid.
П: Mourinho ја подобрува или влошува сликата за Real Madrid?
Н: Mourinho е еден пред медиумите и друг надвор од тоа. Јас немам зборови за да му се заблагодарам за тоа што го направи за мене. Има свој карактер, но е многу пријатна личност.
П: Како се однесува со играчите за да го сакаат сите толку многу?
Н: Ако направиш анкета, малкумина ќе ти кажат дека Mourinho е лош. Фантастичен е, ми даде голема поддршка кога бев повреден. Знае како со играчите, ги разбира и прави група и вистина е дека сите сме задоволни од него.
П: Ви беше тешко со повредата?
Н: Јас сакав на екипата да и оди добро, но човек се чувствува важен кога на некого му недостига. Не беше лесно да се гледа екипата од трибини, сакав да се вратам што е можно побрзо. И со напорна работа успеав во тоа.
П: И сега?
Н: Сега мислам на Аргентина и моја илузија е да ја освоиме Copa America. Јас сум среќен. Играм во Real Madrid и играм со Аргентина. Што повеќе? Сега сум среќен во Real Madrid и сакам титули со Аргентина, затоа што веќе долго време немаме освоено некоја.
П: Што ќе кажете за агресијата врз Messi?
Н: Тоа се луѓе кои никогаш не го гледаат и кога ќе го видат.... но не знам дали е вистина, велат дека не се случило ништо.