Mourinho: Barcelona е фантастична екипа и треба човек да и симне капа кога игра добро, но победува и кога игра добро и кога игра лошо. Ние не можеме да форсираме картони, јас ако го направам тоа веднаш добивам санкција, а други можат да го направат тоа без никакви последици. Carvalho нема да игра на првиот натпревар, но ќе го имаме за реваншот. За нас не е дозволено да создаваме ситуации кои за другите се дозволени.
Една од клучните работи за да ја елиминираш Bаrcelona е да останеш со 11 играчи на терен. Поради некоја причина секогаш играм со 10. Денес да судеше судија со помало искуство од Rizzoli ќе ни досудеше некој пенал, затоа знаеме дека мораме да играме сериозно, да не се штедиме и да ја контролираме секоја минута.
Млада екипа сме без големо искуство и со проект кој само што го започнавме, но и покрај тоа мислам дека влез во полуфинале е нормално нешто, тоа е историјата на Real Madrid.
Cristiano во Inter? Ништо не е невозможно, но тоа би требало да биде некоја брутална понуда, ненормална понуда. Само Florentino може да каже дека Cristiano не се чепка, јас не можам да кажам ништо.
Casillas: Сега играме два последователни натпревари против Barcelona, но ЛШ е нешто поинакво. Сега мислиме само на оној натпревар во Liga. Ако кажам дека натпреварот во Liga не е важен, тоа ќе биде непочитување на сите мадридистас. Ќе одиме на победа на сите четири натпревари. Во Liga мораме да победиме и да ја намалиме разликата, се уште се е можно. Долго време ни требаше да се вратиме на местото кое ни припаѓа и на кое секој мадридиста сака да бидеме. Заслужено сме во четврт финале.
Xabi: Полуфиналните натпревари ќе бидат со многу голем интензитет, се познаваме многу добро. Веќе ги имаме натпреварите за кои толку многу се зборуваше, веќе се реалност, затоа a por ellos. Помина многу време од оние 5-0, сега сме во друг момент од сезоната и во игра се многу поинакви нешта. Сега треба само добро да се повратиме и да мислиме на натпреварот во сабота. Најдобриот рецепт за се да оди како што треба е да се оди чекор по чекор.
Marcelo: Сега најважно е да мислиме само на натпреварот во Liga и потоа на тој во Copa del Rey, па на полуфиналето. Денеска добро го почнавме натпреварот, евме фо форма и тоа беше најважно за победа.
Arbeloa: Mourinho не сакаше да поштеди ниту еден играч, ни рече дека играме важен натпревар и дека ниеден не може да остане на клупа. Четири el clásico дуели во три недели се добри за оние кои го сакаат фудбалот. На тие четири натпревари имаме многу што да добиеме, титули се во прашање. Можеби la Liga е помалку веројатна поради разликата во бодови, но се надевам овој викенд ќе ја намалиме. Ние сакаме да ги добиеме четирите натпревари, иако знаеме дека ќе биде тешко затоа што Barcelona има супер екипа.
Cristiano: Ова беше многу важен чекор, во полуфинале сме. Многу блиску сме до финалето, но се соочуваме со една тешка екипа. Натпреварот во сабота и тој во среда се два различни натпревари. Играчите на Barcelona не се од друг свет, како нас се, едни од најдобрите во светот. Онаа екипа која ќе направи помалку грешки ќе победи. Може да се случи се. Во овој случај важни она ‘кој последен се смее, најслатко се смее‘ и се надевам Real Madrid последен ќе се смее. Кога играм не размислувам многу за жолти картони, иако знам дека ризикувам да добијам некој.