Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
А од каде овој заклучок дека Мурињо не сака да му наредуваат, и дека моментално во Реал Перез му наредува на Пелегрини ?

Пелегрини едноставно си ги бира оние единаесетмина што за него најдобро се покажуваат на тренинг и на терен, ако Перез наредуваше, немаше да фрли 35 милиони за Бензема и Бензема да ја грее клупата, туку упорно Бензема ќе го играше во прв состав.

Во Реал Перез троши пари на засилувања кој би го подобриле буџетот во тимот, али ај кажете, дали некој тренер не би ги посакал Роналдо и Кака во тимот, и зошто тогаш Перез го купи Бензема кој беше тотален непознаник, а еве на пример не го купи Виља, или некое друго големо напаѓачко име, кое сигурно би донело поголеми заработувачки од Бензема ? Затоа што Пелегрини го посакуваше Бензема. Исто така Пелегрини го посакуваше и Чаби Алонсо, Гранеро, и останатите, само Кака и Роналдо се оние што ги посакуваше Перез.

Мурињо ако дојде во Реал, ќе биде едноставно.. Само ќе му соопшти на Перез кој играч му е потребен, и Перез по брза постапка ќе го донесе тој играч. Во останатото никаков удел нема да има Перез, тоа е бар мое мислење. Али тешко, не верувам дека тој уште ова лето ќе го напушти Интер, се си мислам дека ќе биде до крајот на договорот во Интер, па потоа ќе ја промени средината.

А за Бенитез.. Не е до толку очаен колку што Ливерпул има очајни играчи.
За Мурињо имам слушнато на ТВ дека сака да си оди од Италија. Поради тоа што не му се свиѓало тоа што се случува во Италија, а сигурно се работи за Мафија. Мурињо и Фергусон се трениери кои што не сакаат никој да им се мешаат во работата имаат став и карактер, додека кај другите тренери е другше. А за Бензема што викаш дека МП го предложил не е он туку Зидан му предложи на Перез за него и Рибери:smir:
Моментално немам никакви зборови за ова што ни се случи сезонава ни дали да критикувам некој или да ги пцујам или да мислам на тоа дека толку им е важен профитот на раководството од колку титули:kesa:
 
Доколку на почеток на сезоната би ме прашале дали би ми одговарало на крај на сезоната Реал да има (колку што има до сега) победи, нерешени и порази, би прифатил...како прва сезона, со нов тим со нов тренер, управа итн...кога би подразмислил убаво би прифатил. Но, тие натпревари каде што кикснавме беа клучните.

Иако сезонава ке останеме со празни раце, играта општо ме задоволува. Тимот покажа дека неможе убаво да се снајде со големите тимови, но тоа мислам дека се поправа со повеке воигрување, запознавање и се остало.

Никогаш нема да го сменам ставот за тој плејмејкер да се купи. Секој тим што има асален плејмејкер, има прилично успешна сезона. Нека најдат млада верзија на Гути, и ништо друго не ни е потребно мислам. Просто е да се воочи ова, затоа и прост човек го кажува :)))

Играч од калибарот на Горкуф, Фабрегас, Чави(го земам за пример, нека не помислат каталонциве дека ке им го земеме :)), таков играч кој знае одличен пас да уфрли, кој ке ја држи целата игра ни е потребен. Чаби е инзвонреден сезонава, но игра премногу назад за да може одлично да ги вработува напаѓачите. Бар ја вака размислувам.
 
g1204.jpg


Тој у средина што е помеѓу тие 5 тренери, и спремни сме. :)
Од овие 5 немам ништо против за Капело, Сколари и Анчелоти.
Мурињо не ми се верува да дојде, а не го ни посакувам толку. А за Рафа Бенитез имам толку голема омраза за него што попрво би одбрал повторно да ни биде Камачо отколку тој. Јас сум сигурен и кога спие го сонува на Торес, оти без него не може да живее :tapp:
 
Мурињо 99% си оди од Италија бидејќи не му е нај нај. Така да би сакал да го видам него. Неверојатен тренер е. Најдобар од овие 5 горе.
 
Ел Мундо: Перес и CR9 се виновници за декласирањето на белите

ronaldo.perez.jpg


Не е Мануел Пелегрини главниот виновник за веќе очигледниот неуспех на проектот „Неогалактико“ во Реал Мадрид.

Главни виновници за тоа се председателот на клубот Флорентино Перес и донесениот од него најскап фудбалер во историјата на фудбалот Кристијано Роналдо, прокоментира весникот Ел Мундо Депортиво.

Чилеанскиот тренер воопшто не сакаше да се раздели со Снајдер и Робен а неговата селекција му беше вештачки направена додека тој беше во родната земја на одмор.

Не е јасно како може тимот на Реал да зависи од игрите на Ван дер Варт и Игуаин кога потрошија огромна сума на пари за Кристијано Роналдо и Рикардо Кака.

Кака исчезна од хоризонтот, никој не знае што навистина се случува со него, Кристијано воопшто не ја покажува играта од Манчестер каде што е успешно заменет од Нани и Валенсија.

Продажбата на Негредо, проследена со таа на Ван Нистерлој исто така не е многу добро смислен план на Перес, прокоментира Ел Мундо Депортиво.

:cds:
 
Кака исчезна од хоризонтот, никој не знае што навистина се случува со него, Кристијано воопшто не ја покажува играта од Манчестер каде што е успешно заменет од Нани и Валенсија.
:cds:

:tv:
 
За останатото се сложувам, Перез е крив е што не постигнавме ништо оваа сезона, затоа што ни донесе многу добри играчи за еден краток период, и ние сите очекувавме дека уште одма ќе се радуваме на трофеи. А ако го направи истото и ова лето, тогаш и наредната сезона можеме да им кажеме :helou: на трофеите. А доколку пак купи само играчи кои ни се стварно потребни (лев бек, крило и да му ја исполни желбата на Батистута, Виља :) ), тогаш ја глава ставам дека наредна сезона ќе го вратиме стариот сјај на Реал Мадрид.
 
Кака исчезна од хоризонтот, никој не знае што навистина се случува со него, Кристијано воопшто не ја покажува играта од Манчестер каде што е успешно заменет од Нани и Валенсија.
Затоа фановите на Ман. Јун. го бараат Роналдо и се чудат што ги снајде оваа сезона :icon_lol:
 
Не е јасно како може тимот на Реал да зависи од игрите на Ван дер Варт и Игуаин кога потрошија огромна сума на пари за Кристијано Роналдо и Рикардо Кака.

:

Овде треба да се бара вината за оваа неуспешна сезона според мене..и јас се прашував во врска со ова..и секако гаго да го вметниме тука ..не за другите утакмици туку за со барселона :toe:
 
Ван Дер Варт - Кога го нема Кака тој треба да биде главниот организатор на игра, кога Кака е способен да игра ВДВ не ни игра во прв состав, и Реал никогаш не зависел од неговите игри. Смешно и глупо напишано.

Игуаин - Единствениот наш класичен напаѓач. Јас колку што знам примарна цел на напаѓачите е да постигнуваат голови, па како може да не зависиме од Игуаин, кога тој со Роналдо се главното наше оружје ? И видете колку од тие голови Игуаин што ги има постигнато се негови индивидуални акции, а колку се тимски акции, па после дојдете и кажете дали зависиме од него.
 
Ван Дер Варт - Кога го нема Кака тој треба да биде главниот организатор на игра, кога Кака е способен да игра ВДВ не ни игра во прв состав, и Реал никогаш не зависел од неговите игри. Смешно и глупо напишано.

Игуаин - Единствениот наш класичен напаѓач. Јас колку што знам примарна цел на напаѓачите е да постигнуваат голови, па како може да не зависиме од Игуаин, кога тој со Роналдо се главното наше оружје ?
Абе и ти сега,па и спортденес треба да напишат нешто.Ве молам не ја барајте кривицата во играчите,тренерот итн.По 100-ти пат ќе кажам,нас не порази маркетингот(кај Перез е на примарно место,а фудбалот на секундарно) и притисокот заради тие пусти 250М кои мора да се оправдаат.
Без менувања нешто позначајно во тимот,лево крило(бек) нешто слично како Варгас таа беше добра понуда,и еден организатор не ни треба ништо повеќе.До година ќе бидеме во стариот сјај како што кажа Манга.Оваа сезона треба да ја доиграме машки и да ги освоиме сите 21 бод до крајот,сакала Барса нека киксне или не.
ХАЛА МАДРИД!
 
Со кој памет пак капело би го барале хаха
 
Ако го бркаат МП, Бенитез ке ни биди тренер. Мурињо шанса нема да замини, Капело нема да сака, а другиве се исти со МП. Така да ..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom