Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Изјавава му е на место...
Ramos (01.12.10 - press): Беше важен натпревар и не оставивме добра слика, добри сме, но сега е моментот кога треба да ја истакнеме гордоста со која секогаш се карактеризирал овој клуб. Имало многу лоши моменти во овој клуб и секогаш се одело напред. Треба да бидеме свесни дека не го изгубивме првенството, само еден натпревар, треба да продолжиме да работиме одговорно, да и честитаме на Barcelona затоа што одличен натпревар покажа. Но сега треба да бидеме унија, да бидеме едно и да одиме напред, се уште се бориме за сите титули.
Се чувствувам лошо, но поради еден фаул не значи дека отидов да го утепам Messi, ни ништо слично. Згрешив со таа постапка, но сакам да биде јасно дека никогаш не излегувам на терен со намера да нападнам играч, ни Messi, ни никој друг. Никогаш никого не сум повредил.
Јас го направив тоа и се претерува со изјавите, Имаше многу други случки, со повеќе играчи вмешани и за тоа никој ништо не зборува. Всушност, не го удрив Messi со копачката, го удрив со глуждот и ударот повеќе го почувствува Lass од Messi. Очигледно е дека не сум горд на тоа што го направив и се извинив, им се извинив и на Xavi и на Puyol, но инсистирам дека некои други акции не се коментираат како мојата.
Ова не ми оди во прилог. И медиумите признаа дека не беа сите случки праведни. Ме загрижува големината која ја доби овој случај, пример сме за многу деца и таа слика која ја оставивме не е добра. Затоа им се извинувам на сите деца кои ја видоа таа ситуација.
Имаше лоши гестови од противничката страна, и не се пријатни, но секој е сопственик на своите постапки. Не треба да се заборави дека се се врти, особено во фудбалот и дека тој што денес слави утре може да биде на другата страна. Од моја страна, им се јавив на Xavi и на Puyol следниот ден за да се извинам и да признам дека не постапив коректно.
5-0 или 2-6.... впечатокот е сличен. Се чувствуваме лошо исто како и тогаш, но сега е моментот за реакција. Веќе еднаш Real Madrid и врати на Barcelona за еден 5-0, секогаш има реванш. Кога ќе дојдат на Bernabéu ќе видиме што ќе се случи. Сега мислиме на Valencia.
Една од фрустрациите беше резултатот, не негирам. Боли, затоа што знаеш каков натпревар играш, кој дрес го носиш и кога ќе го погледнеш семафорот знаеш дека многу madridistas страдаат и тоа боли. Ние сме виновни и наша одговорност е да реагираме.
Mourinho веќе кажа. Беше ден кога ништо не ти оди, и тоа против ривал како Barcelona...... они имаат добро дефиниран стил, веќе долго време, и изиграа одлично. Ние се уште растеме, треба да размислиме добро после овој пораз, но не смееме да продолжиме да тагуваме, мораме да гледаме напред и да мислиме на Valencia.
Одлука на клубот беше да не се даваат изјави после лошиот резултат. Одлучивме да зборува само Valdano и Mourinho и Xabi Alonso на терен. Тоа се моменти кога можеш да кажеш се..... денес сум тука јас, еден од капитените за да зборувам.
Мислам дека клубот ќе поднесе жалба за санкцијата која ја добивме од UEFA. Не направивме ништо лошо и нелегално. И инсистирам на тоа дека не беше намерно, но секој има право да мисли што сака.
Има многу мислења, но никој не се сомнева во големината на нашиот клуб. Но затоа секоја случка добива преголеми димензии кога е во прашање Real Madrid.
Сега треба да ја покажеме гордоста на клубот. Тоа во Барселона не е крај на светот, не може да се промени и сега мораме да продолжиме да работиме. Ако не играм јас има други, способни играчи кои можат да заменат било кого од групата.
Секако дека Xavi ја заслужува Златната топка, го почитувам, заедно играме во репрезентација.
Би сакал Шпанија и Португалија да ја имаат можноста да го организираат СП2018 и се надевам дека тогаш ќе имам можност да го носам дресот на Шпанија. Шпанија заслужува да ужива во едно СП дома, и уште повеќе после тоа што го постигнавме оваа година.
 
Игуаин до крајот на полусезонава ќе паузира,во најлош случак е тоа,ако има среќа ќе заигра многу порано.
 
^
Ако оди на операција не е возможно да се врати ни во Јануари на терените. Тек Февруари да почне со играње.
 
Помина и натпреварот со Барселона, тежпк пораз но мора да се оди понатаму.

Играта ни беше катастрофа тоа е очигледно, едноставно нема да издвојам посебен кривец за натпреварот зашто цела екипа беше крива за овој неуспех. Да беше 1-2 поединци кој не изиграа добро немаше резултатот да биде 5-0 туку ке беше помалце.

Но не е битно, сезоната иде понатаму, првенството уште не е завршено и титулата уште не е решена. Следно коло ни е против Валенсија. Иако играме дома сепак ке биде тешко бидејки моралот на играчите е многу паднат и психичката состојба во тимот е на многу ниско ниво. Но сепак мислам дека Мурињо ке ги среди и ке успееме да издвоиме победа.

За повредата на Игуаин нема што да се каже тоа е тоа, време му е на Бензема да блесне. Еве му одлична шанса да се покаже во право светло и едноставно мора да ја искористи зашто не верувам да му се пружи уште една шанса. Штета ке биде само Роналдо ако ни се повреди.
 
Гледам шпекулации за Алмеида,добар е дечкото,може да дојде во јануари.
 
Најпаметно би било еден од Кастиља да се земе за во напад, ете ја замената за Бенз:toe:

П.С. Аватарите момци и потписите:kesa:
 
Според мене, нема потреба да се купува некој, треба да форсира Мората и така ќе биде резерва, а ако се повреди Бензема и Роналдо може да игра напаѓач
 
Ако се лажеме...

боље леон десно, роналдо во напад, јуанфран замена за леон.
 
Добро де знам дека Бензема беше статист против Барса ама не е заборавил да игра фудбал. Ова му е очигледно последната шанса во дресот на Реал. Нека си ја искористи како знае и умее.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom