Во школо сум и не се дочекува веке ова. Ајде уште само 3 часа до почеток на најголемото дерби во светот. Крајно разочаран сум поради ситуацијата со Игуаин, но верувам во Мурињо и знам дека ако е возможно да се најде барем на клупа ке биде и стартер. Мурињо објави дека Игуаин ке биде во стартните 11, а ова дека ке го нема Игуаин...некако не ми е убедливо. Колку и да не се убедливи ни Игуаин ни Бензема... Игуаин си е Игуаин. Има до сега постигнато 2-3 гола против Барселона го почувствувал неколку пати Класико и е далеку поприлагоден од Бензема.
Вечерва Кедира и Чаби ке бидат клучните и верувам во нив. Ако тамо ја добиеме битката за нападот не се секирам многу. Сега нема Марсело да биде крилото туку Ди Мариа кој игра во неверојатна форма. Роналдо знае да распали од секоја позиција и контрите ке бидат негово главно оружје. Се чудам како на контра на спринтови ке се држи одбраната на Барса со Роналдо. Озил знае со еден потег да изненади, еден одличен пас и реализација на ниво и тоа може да значат 3 бода.
Одбраната очекувам да биде на ниво и да знаат како да го запрат двоецот Меси-Чави. За Меси ке бидат задолжени Марсело и Чаби најверојатно и сигурно Барса ке гледа на таа страна повеке бидејќи Марсело нема доволно искуство против поспремни крила, а моментално се работи за најдоброто противничко. Пепе очекувам дека ке изигра меч на ниво и ке биде главниот командант во одбраната. Серхио очекувам да ја подржува страната на Ди Мариа како и обратно, Ди Мариа да помага во одбрана. Касиљас на ниво и тоа е тоа.
Вечер е тој момент шо го чекавме со месеци, па и години за слатка одмазда. Очекувам дека ке излезат мотивирано и Мурињо ке им стави во главата тоа што е најпотребно и се ке заврши како што треба. Искрено задоволен ке бидам ако и по мечот се најдеме на врвот на табелата. Уште 1 час и доаѓам дома да напишам уште некој збор за мечов. Неможам веке да издржам.