^Ќе продолжиме со добрите резултати

--- надополнето ---
два или три натпревари санкција за Mou, поради навредата врз главниот судија на последниот натпревар, денес ќе се знае..... тоа би значело дека ќе седи во публика на нтпреварите против Sporting, Bilbao (и Barcelona)..... во најлош случај може да биде еден месец санкциониран :nesum:
--- надополнето ---
Benzema (12.11.10 - As):
П: Конечно изигравте цел натпревар. Како се чувствувавте на терен?
В: СЕ беше добро, навистина. Долго време немав шанса да играм 90 минути и против Murcia имав добри шанса, добри моменти, но мали физички падови. Генерално задоволен сум.
П: Бевте отсутен малку на почетокот на второто полувреме. Што се случи?
В: Морав да повратам сили затоа што потрошив многу во првото полувреме и се повратив, тоа покажува дека сум во форма и дека можам повеќе да дадам за мојата екипа.
П: Blanc потврди, минатиот вторник, дека е загрижен за фашата физичка кондиција поради недостатокот од минутажа во Real. Дури мислеше дека нема да можете да издржите 90 минути.....
В: Јас се чувствувам способен за се, затоа што играм и со мојата психички и со мојата физички потенцијал. Овие 90 минути беа тешки, нема да речам не, но ја постигнав мојата цел. На пример во последните 15 минути можев да бидам брз колку што сакам. Се чувствувам добро и подготвено, и сакам се да оди добро.
П: Зошто вие шутиравте пенал, кога веќе Cristiano беше на терен?
В: Тоа беше предвидено пред натпреварот. Cristiano не играше од почетокот, а јас знам да шутирам пенали, така се договоривме во случај на пенал ситуација. И дадов гол. Cristiano сака да шутира пенали, но јас ја имав таа задача на тој натпревар и немаше никаква дискусија околу тоа.
П: Но ве видовме како го погледнавте Cristiano пред да ја земете топката. Се плашевте дека ќе го смени мислењето?
В: Го погледнав за секој случај, но не ми кажа ништо. Во секој случај, ако ми речеше дека он треба да шутира ќе шутираше он без никаков проблем. Соиграч ми е и пријател. Важно е сите да бидеме среќни со победата.
П: На вас ви беше потребен гол, тој беше само втор гол оваа сезона за вас, а и претходно кажавте дека ќе му се заблагодарите на Mourinho со гол....
В: За мене е важно да дадам гол на Bernabéu, тој гол ме израдува и за мене претставува сатисфакција.
П: Имате еден голем пријател од Barcelona кој се враќа во Француска репрезентација, Eric Abidal. Зборувавте со него?
В: Дознав за тоа во вторникот и му пратив порака да му честитам. Abidal е голема личност, го познавам долго и го ценам. Француската репрезентација има потреба од такви играчи.