Mourinho (25.10.10 - press):
П: Real Madrid ја надмина Barcelona сега за сега?
Ј: Да го почекаме крајот на сезоната. Не постои “сега за сега“. Постои континуитет. Ако ги гледаш натпреварите надвор од контекст можеш да донесеш заклучоци кои не се точни. Треба да се гледа цела сезона. Не се секирам за споредбите. Јас сакам да играм, победувам и да го продолжам нашиот развој.
П: Xabi е пример во групата. Како ќе игра екипата без него?
Ј: Важен играч е, но не може да игра на секој натпревар. Тоа е дел од теренот на кој играчите најмногу трчаат. Xabi, Khedira, Ozil се играчите кои најмногу се трошат. Ќ
е ни недостига Xabi, но нашето мислење е очигледно, ако другите играчи имаат квалитет да изиграат еден натпревар во Copa против добра екипа, но во пониска дивизија, нема квалитет да игра во Real Madrid на натпреварите со поголема тежина. Ова е натпревар во кој Real Madrid може многу да изгуби. Real Madrid не смее да изгуби. За тие што играат помалку е многу важен натпревар. Понекогаш играчите не сакаат да ги играат овие натпревари, помалку се мотивирани.... Но ако играчот не покаже квалитет на овој натпревар... не смее да мисли дека ако лошо да се покаже утре во иднина да биде повикан за некој друг натпревар. Тоа е притисокот на големите играчи кои ќе играат утре. Мораат да ми покажат дека се добри против секого. Ако не се покажат против Murcia, како понатаму? Нема да им ставам крст и нема да бидат мртви, ама задутре нема да бидат повикани. Ако не играат како што треба против Murcia, во сабота ќе играм со играчи од Castilla на клупа. Верувам во Albiol, Granero…. Во многу момци.
П: Ви ги поремети плановите повредата на Lass?
Ј: Прво, со Marcelo не сакав да излажам. Не мислев дека Ramos ќе може да игра утре. Играм со Ramos, Albiol, Pepe и Arbeloa и со Casillas на гол. Четворица светски прваци. Мислев да играм и со Lass, ама не може. Го имаме Khedira, M.Diarra, Canales, Di María, Granero…. Поголем проблем има Lass отколку јас. Овој натпревар ќе ми помогне многу за да одлучам кои играчи да ги повикам за во сабота. Ако игра против Murcia, нема да може да игра ни во сабота.
П: Зошто не го ротирате Casillas?
Ј: Затоа што Casillas е најдобар во светот. Не е уморен. Може да игра на секој ден. Ако го имам најдобриот, зошто да играм со вториот или третиот. Dudek и Adán работат многу. Dudek е топ дечко во екипата. Adán ќе има свои мали шанси во текот на сезоната за да не се чувствува ептен како трет голман цела сезона. Adán мора да почувствува дека иднината е негова. Му дадов одмор на Dudek и добро ќе му дојдат тие денови. Против Hércules ќе седи на клупа. Играме утре против лидерот во својата категорија.
П: И Benzema како е?
Ј: Пред да го видам Benzema, ја гледам екипата. Гледам екипа со фантастично физичко-психичко здравје. Еден Higuaín кој работи како никогаш порано. Гледав натпревари минатата сезона и никогаш не сум го видел така да работи. Со таа негова работа го отфрла Benzema. Винатата што не игра Benzema е во Higuaín. Benzema мора да ги искористи своите минути утре. Внатре во екипата секој води своја битка. Bnzema мора да има сила, психичка сила за да продолжи да работи.
П: Benzema не сака да трча. Во тој аспект треба да се подобри за да игра?
Ј: Не. Не треба да направи ништо за да ме убеди. Играме со систем во кој е тешко да играат двајцата. Го направивме тоа против Auxerre и Osasuna. Вината е во Higuaín. Не во Benzema.
П: 17 години без титула во Copa del Rey. Време да се прекине таа традиција?
Ј: Долго време. Не ми изгледа нормално, но тоа е реалноста. Без таа титула од времето на Butragueño. Две финалиња во тоа време, но ништо повеќе. Ова е важно натпреварување. Има многу луѓе кои не ја ценат оваа титула. Јас ја ценам. Ја освоив во Португалија, Англија и Италија. И овде сакам да ја освојам.
П: Real Madrid има многу што да изгуби на овој натпревар.
Ј: Ако изгубиш еден натпревар во ЛШ ти остануваат уште 5. Ако изгубиш еден во Copa, крај. Има луѓе кои викаат дека е добро да бидеш елиминиран од Copa. Јас не се согласувам. Треба да се биде присутен до финале. Кога ја губиш la Copa, го губиш престижот. Не е нормално да отпаднеш од екипа од Втора Б. Зошто? Поради однесувањето, поради начинот на кој се цени натпреварот, поради непочитување на противникот. Никогаш не е поради немање квалитет. Ќе го анализираме противникот максимално. Патуваме еден ден порано. Сериозно работиме. Сакаме да ја поминеме оваа елиминација. Сакаме да ги добиеме двата натпревара.
П: Што става во игра Mourinho?
Ј: Јас секогаш се коцкам со самиот себе. Мојата среќа, мојата самопочит, професионалност. Се коцкам со се. За мене сите натпревари се исти. Подеднакво сум смирен. Утре сакам сите играчи кои обично не се стартери да се покажат, а не оние кои играат често.
Не ме интересираат играчи кои не се фрустрирани затоа што не играат. Утре мораат да ми кажат “Јас сум овде и не можеш да ме заборавиш“.
П: Денес ќе давате автограми со Pedro León во Мурсија. По ваша иницијатива?
Ј: Сите мораме да го правиме тоа. Еднаш или два пати годишно. На сите ќе ни дојде ред. Тоа му се допаѓа на клубот. Се договоривме и ќе даваме автограми. Тоа ќе биде еднаш или двапати во сезонава. Pedro оди затоа што Мурсија е негов дом. Јас сакав да оди Chendo, затоа што исто така е негов дом Мурсија, но он не сака. Така да морам јас. Одам со желба затоа што тие луѓе немаат таква можност секој ден. Најдоброто нешто што можат да го направат утре е да ги извадат најдобрите играчи. Немаат екипа која игра во Primera.
