Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Роналдо зверон е со пет гола пред Игуаин,Нимлар и кепецон.

И со по 4 асистенции се лидери со Месут. :)

--- надополнето ---

Иначе ако може некој да ми каже каде да ја гледам утакмциава пошо не стигнав.

Ваљда ќе ја има на Алфа во Понеделник во 13.00, али ти пратив и линк по пп :)
 
Cristiano: Треба да и се честита на екипата. Навистина, треба да им се честита на моите соиграчи повеќе отколку на мене, затоа што сите голови беа лесни, беа крај на нивни големи акции. Тренерот кажа пред некој ден, се уште не сме освоиле ништо, долг пат не чека. Иако не ни оди лошо. Зборував со него за да ми кажам дека физички не се чувствувам заморено и можам да играм до крај, но немаше да ми смета да отидам на клупа. Екипа сме и сите сме важни, секој може да игра. Ова е прв пат како давам 4 гола на еден натпревар како професионалец, но како мал често го правев ова. Ние треба да продолжиме вака и да не мислиме на Barcelona, и мислам дека ни Barcelona не треба да мисли на нас. Сега се чувствувам реализиран, се оди добро, и пак ќе кажам им благодарам на моите соиграчи, без нив немаше да дадам ниеден гол. Малку по малку се запознаваме се подобро.

Higuaín: Натпревар – стапица, но уште од прв момент бевме внесени во натпреварот. Кога се игра како екипа резултатот секогаш е голем. Задоволен сум од играта и од тоа како се разбираме меѓу себе. Сите трчаме и тоа го движи тимот на добар пат. Работата е на техничкиот кадар, на играчите, на сите.... Lа Copa del Rey е трофеј кој не одбегнува, но треба само да бидеме смирени и да победиме.

Di María: Среќен и задоволен сум затоа што победивме и затоа што изигравме одличен натпревар. И треба да се игра вака против секоја екипа, како и да се вика.... Многу сме внесени во работата. Созреваме, иако се уште се запознаваме. Треба да се оди чекор по чекор, но по овој пат. Многу сме приврзани кон тренерот. Кога бевме во Лос Анџелес, во претсезона рековме дека за да освоиме титули мораме да бидеме група. Беше невозможно да продолжам да играм, Mourinho само ми рече дека е горд со мене. Не играв добро само јас, сите бевме добри. Бевме многу директни во играта, и јас сум многу горд на овој натпревар. Знам дека ќе седам на клупа во вторник, Mourinho ми кажа, и ако треба да излезам ќе дадам се од себе како и секогаш.

Pedro León: Се уште не сме освоиле ништо. Како што не полудуваме кога не даваме голови, така не треба ни сега. Како што кажа тренерот, среќни, но не еуфорични. Знаеме дека ова не е ништо, само што почнавме, но задоволни сме што оди вака. Имаме добар проект и добро го водиме. Луѓето се полни со илузија, повторно, оптимисти се, но треба да бидеме смирени.

Canales: Малку денови за подготовка имаме меѓу натпреварите и мораме да бидеме сконцентрирани на сите. Со играчите кои ги имаме можеме да ги освоиме трите титули. Работиме за да имаме добра сезона и за да освоиме некоја титула. Тешко е да ни дадат гол, а за да не победат да не зборуваме. Сега сме во многу добар момент и треба тоа да го искористиме. Се шпекулираше многу на почеток за резултатите и головите, но беше тешко затоа што сме многу играчи кои треба да се вклопиме и нов тренер. Посебно е чувството кога играш против екипата со која си а почнал кариерата. Среќен сум што повторно ги сретнав тие луѓе, имаме многу заеднички моменти. Но среќен сум поради нашата победа и така треба да продолжиме. Се познава дека не сум во ритам, дека не играв, но кога играш со вакви играчи се е лесно, лесно се вклопуваш во играта.

66382_442980764772_96686264772_5299343_2061865_n.jpg
 
^
Хахаха. Леон го повтори она на Мурињо, ако кажеше нешто друго... не му бега пауза уште месец дена. :tv:
 
Честито победа.
Не успеав да ја гледам утакмицава, на свадба бев, ама ме известија за резултатот...весело беше:)
се надевам т.е сигурна сум дека ќе продолжат со ваков континуитет, дека нема да потклекнуваат и на некое минимално разочарување, туку гордо ќе се борат до крај.
преостанува да продолжат со одлични игри и во ЛШ за конечно на преостаната светска, драга клиентела и се разјаснат многу работи...мило ќе ми е.
HALA MADRID:wink:
 
Зошто се мислам дека боље играме без Кака.Сеа веќе тој и ни е вишак.Овие што ги имаме добро се разиграа.Се растурија од голови последниве 3-4 утакмици.
 
Браво ! Честито нека ни е победата ! Да се множат уште многу вакви победи :) значи...ГАЗИМЕ :)))
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom