Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Секси голчиња вториот на Игуаин и оној на Чаби, Игуаин има неверојатен осет кога и како да се позиционира, а и има неверојатен финишинг. Уште да стекне поголемо искуство, да ги буши мрежите и во важните натпревари, и тогаш се ќе биде како што треба.

Кога ќе имам време ќе го симнам натпреваров да го изгледам, него ме интересира како одигра Ди Мариа, направи ли конечно нешто добро, или уште сега се гледа дека Педро Леон ќе му го земе местото ? :icon_lol: И за другите ако сакате даете мала анализа..
 
Третиот гол некако ме збуни..петата беше од Чави,шутот што го одбрани голманот беше од Каналес а голот беше од Педро Леон или како беше?
Уфф каква пета беше тоа....а и вториот гол на Игуаин беше одличен.
 
Третиот гол некако ме збуни..петата беше од Чави,шутот што го одбрани голманот беше од Каналес а голот беше од Педро Леон или како беше?
Уфф каква пета беше тоа....а и вториот гол на Игуаин беше одличен.
колку што го слушав коментаторот голот го постигна арбелоа
 
колку што го слушав коментаторот голот го постигна арбелоа
Не бе,Педро Леон го даде третиот.Мене ме интересираше чива беше петата ама изгледа Каналес беше тоа а шутот што го одбрани голманот беше од Чаби.
 
Третиот гол го даде Педро Леон...петата беше од Каналес а одбранетиот шут од Игуаин...

Ама вториот на Игуаин беше ремек дело...Каналес и Педро Леон супер се снајдоа уште првите натпревари, играат одлично...уште Ди Мариа да се уклопи супер ќе биде...штета што Кедира неможеше да дебитира сабајлево...

И ме нервира веста што кружи по медиумите...за Озил...супер играч е...ама нема потреба од негово купување ова лето...Ван Дер Ваарт и Каналес се сосема доволни за таа позиција...
 
Честита нека ни е победата!
Прекрасен беше вториот гол на Игуаин а и од Леон не беше лош...Се си мислам ако не дојди некој дефанзивец дека на Пепе партнер ке му биди Гарај а не Албиол,Рамос десно и Марсело лев бек или некој ако купиме.
 
Ае честито нека ни е победава....иначе неможев да го гледам,некој нека кажи како изиграа??? :smir:
 
Честито нека ни е победава, јас иако седев чекав се изнервирав со компјутеров глуп и го исклучив. Ке го симнам да го изгледам мора. Повторно во наш стил 2:0, 2:3 That's how we do. Ни тргна со пресвртиве. Игуаин си е Игуаин, нема шо повеќе да се кажи. Ако не почни Бенз со добри игри, ќе седи на клупа пак. Тоа е тоа, повеќе откако ќе го изгледам :).
 
Higuaín lideró la remontada blanca
Насловот најмногу ми се допаѓа.

Пепе најверојатно пак си ја е*ал мајката, ќе изврши прегледи во Мадрид да се види од колкава тежина е повредата. :(
 
Реал Мадрид на пат кон Шпанија

Мадридистите се тргнати од Лос Анџелес во 9:40 часот, а во Мадрид ќе бидат за некои 12-13 часа.
 
Не го гледав натпреварот ,само хајлајцот..Каналес (како што кажа муринјо )игра добро затоа што оваа формацијаа се базира на него
-------лас/чаби--------кедира/гаго-------
-------------каналес--------
тоа му дава простор на каналес да маневрира на средината на теренот.
но Тешко дека ке играме со оваа формација против послабите клубови кои
на средината немат играјачи ккои мажат да ја задржат топката..во тие случаи
повверојатно е.
------------чаби-----------
-------каналес----гаго/вдв---
зошто гаго е форсиран од Мурињо и не го продаде..?тешнички е надмокен и над Лас и над Кедира
и над Диара..Со тоа тој може да игра на таа позиција без проблем( со тоа најмногу се добива за време на натпреварот)
кога муринјо ке реше може да го реформира средниот ред..---гаго како заден везнји и како плеј во срединаата заедно со каналес или
Вдв..ови ротации може да ги издржи само Чаби ,тешко дека лас ,кедира и диара ке се снајдат како Плеј(главен разигрувач)
Марсело според мене не треба да биде првотимец(амо веке кога немаме подобро, но можеби се подобрил .)
зошто мислам така..??
кога ние ке играме пресинг кој го практикува Моу на нивната половина бековите идат на средината(со тоа противникот се тера подалеку од нашата) нешто слично на ова
---------пепе-------рамос--------
----арбелоа---алонсо----марсело--
----------каналес----Вдв
--------леон--------------роналдо
---------------игуаин------------
во средината секогаш со тоа имаме вишок но секој играјач тррееба да биде физички јак и да биде дефанзивно добро подкован,, ее тука е проблемот со марсело (се секаваме со Навас како го правеше смешен)...
леон-----роналдо------ди мариа
-------------игуаин----------------
и оваа е можност која на роналдо ке му ддаде уште повеке простор..
дури сега свакам колку нова вариации ни донесо Педро леон и Ди Мариа
можене 4-4-2 со Гранеро Ваан дер Варт, 4-3-3 со леон и ди мариа..
но интересно е дека на клупата ке имаме исто толку добри играјачи како и
они на тревата(во првиот состав)
Ке биде ова интересна сезона..
 
Офанзивната линија во тимот е одлична. Освен евентуално еден нов трет напаѓач (ако има од Кастиља таков уште подобро), другото не треба да се чепка.

Со овие играчи што ги имаме, може да се игра секоја формација без проблем ако играат како што знаат.

Проблем е пак дефанзивата. Не знам по кој пат ќе пишам дека лев бек МОРА да се земе. Исто и нов стопер многу би ни помогнал. Доколку не купиме нов дефанзивец (мислам дека Мур нема да дозволи да се случи тоа) ќе направиме огромна грешка!
 
Mourinho: Во второ полувреме играчите покажаа менталитет, дека не сакаат да изгубат. Постојат натпревари од претсезона, но не и пријателски натпревари. “Пријателски“ е збор кој не ми се допаѓа во фудбалот. На двата натпревари имаше моменти кои не ми се допаднаа, но и многу кои ми се допаднаа. Второто полувреме денес беше фантастично од секој аспект. Морам да ја истакнам психолошката сила на екипата за пресврт на натпреварите. Не сакам играчите да мислат дека во глава имам екипа која ќе биде база оваа сезона. Сега е момент кога сите треба да го покажат својот потенцијал. Ми требаат различни ситуации, зошто кога ќе дојде вистинскиот момент, првиот натпревар во сезоната, да имам аргументи за да не го ставам некого во игра. Јас не избирам ни по статус, ни по возраст, туку по тоа што го покажуваат на терен. Оној кој ќе покаже помал капацитет ќе мора да работи повеќе. На овие два натпревари мислам дека Pedro León, Canales, Cristiano и Higuaín добро го покриваат својот простор. Треба многу нешта да ги конкретираме. Жал ми е што против Bayern нема да играат многу играчи, ќе дојдат во Мадрид во четврток и нема да можам да го подготвам натпреварот како што јас сакам. Кај Higuaín најважни се движењата кои ги прави на терен, тоа се движења на интелигентен напаѓач. Ја прави играта полесна за другите напаѓачи затоа што игра поназад и отвора многу простор.Real Madrid не може да игра 10 месеци само со Cristiano и Higuaín. Ќе учествуваме на три натпреварувања и на трите сакаме да стигнеме далеку, така да потребен ми е и Benzema и за мене Benzema е многу важен играч.Јас сакам екипа по моја мерка, по моја волја. Секој тренер има своја библија, двајца тренери не мислат исто. Јас мислам поинаку од Pellegrini, следниот тренер ќе мисли поразлично од мене. Работиме на тактичките принципи, и во тој аспект имаме голем напредок.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom