Фан Клуб: Работнички

  • Креатор на темата Креатор на темата zEk0
  • Време на започнување Време на започнување
Работнички нема да наебе ако не знаеле за овој случај, ќе наебат гадно само играчите и то је то.
 
Да, бе, 100% се допингувале. Го тепаа Анортозис 0-2 и сега одма се допингувале.
Место да речат 'гледале филм со Чак Норис пред утакмица'..

Што не е јасно???

„Добивме телефонски повик од УЕФА во кој не известија за овие случувања и сега очекуваме да добиеме официјален допис, за да знаеме за што точно се работи и кои фудбалери се во прашање. Ќе разговараме и со нашиот медицински тим, за да видиме дали тие препорачувале или давале некои лекови. Засега, официјално, немаме информација ниту за кои фудбалери се работи, ниту пак на која супстанца бил позитивен нивниот допинг тест“ - изјави Игор Ангеловски за „ЕКИПА“.

Кога спортскиот директор го изјавува тоа, што сакаш повеќе?

А настанов зема и поголем размер, па така да...јас сум убеден дека фудбалерите на Работнички (дел од нив) земале допинг.

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=879

 
Допинг: И Јорде Георгиевски беше „уловен“ како член на Работнички
Новиот случај за допинг во македонскиот фудбал одекна како бомба во спортскиот свет во државава, а уште полошо е што се работи за меѓународни натпревари, каде што надлежноста на УЕФА е директна. Фудбалери на Работнички, според известување на УЕФА, се покажале како позитивни на допинг тестот по еден од европските натпревари, па сега „романтичарите“ ги очекува голема истрага, пред се фудбалерите, но и и целиот клуб (медицинските лица).

Случајно или не, и првиот случај на допинг во Македонија, пред шест години, повторно се случи во фудбалскиот клуб Работнички.

Да се потсетиме, на првиот случај на позитивен допинг тест што се случи во нашата Прва лига. Пред шест години, Јорде Георгиевски беше позитивен на допинг тест, исто така како член на Работнички. Тој беше единствен позитивен од четворица фудбалери на средбата меѓу Работнички и Беласица ГЦ. Покрај него, примероци по завршувањето на тој натпревар дадоа и Сашко Пандев, Муса Али и Саша Станковиќ. Се покажа дека Јорде Георгиевски е позитивен на салбутамол, по што заработи автоматска суспензија од ФФМ.

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=873
 
gdfgdggddf.png


Морав да го ставам хахахахахахахахахахаха
Напишано од еден тип што се прави најголем фан на работнички по нетов:pos::pos::pos:
 
Работнички според најновата ранг листа на Интернационалната фудбалска федерација за статистика и историја (IFHHS) за месец септември се наоѓа на делба на 152 место (101,5 бода), забележаа скок од 19 позиции. 152-то место Работнички го дели со Легија Варшава (Полска), Гент (Белгија) и Јагуарес де Чиапас (Мексико).
Еве линк доколку сакате да ја видите првите десет најдобри на светот на најновата ранг листа за месец септември според IFHHS.
http://www.iffhs.de/?10f42e00fa2d17f73702fa3016e23c17f7370eff3702bb1c2bbb6f28f53512
 
Работнички „пазари“ во Јужна Кореја


Раководството на ФК Работнички деновиве е пред ангажман на фудбалер од Јужна Кореја, информира денеска спортскиот весник „Македонски спорт“.

Според наведувањата на весникот, 22-годишниот напаѓач Јонг Парк Чанг веќе се наоѓа во Скопје на проба во редовите на „романтичарите“ па доколку задоволи тогаш во текот на следната недела ќе следи потпис за негов ангажман. Меѓутоа, од клубот наведуваат дека нема да брзаат со одлуката.

На проба во Работнички е и поранешниот наш младински репрезентативец Марко Павлов, кој потекнува фудбалски од Исланд а има настапи и за Б тимот на Реал Бетис, но сепак според последните информации најверојатно нема да биде официјализирана соработка со него.

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=1537

Работнички го тестира Марко Павлов

Некогашниот член на младинската екипа на Бетис, Марко Павлов, играч од средниот ред е на проба во редовите на „романтичарите“, информираше спортскиот портал Macedonian Football. Доколку ги задоволи вкусовите на тренерот Горан Петрески и на раководството на клубот, Павлов би можел да го засили тимот на Работнички за продолжението од шампионатот.

Марко Павлов е роден на Исланд и е син на некогашниот фудбалер на Вардар, Драган Павлов - Гега. Тој има 23 години, но во младинските категории на Бетис му предвидуваа фантастична кариера во Шпанија и го споредуваа со Чаби Алонсо. Сепак, неговиот талент не се развиваше како што треба, па сега ќе треба да помине одреден тест - период и доколку задоволи да му се приклучи на Работнички.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=1532
 
Работнички на Чаир................ а Чаир нема стативи! :pos:

Синока “непознати“ лица ги пресекле стативите на стадионот во Чаир...... утакмицата сепак ке се игра на Филип 2!

ц ц ц ц ц... која багра сме во фудбалот!!!!
 
Работнички сега според најновата ранг листа на Интернационалната фудбалска федерација за статистика и историја (IFHHS) за месец октомври се наоѓа на делба на 155 место (100,5 бода), забележа пад од 3 позиции.
Еве линк доколку сакате да ја видите првите десет најдобри на светот на најновата ранг листа за месец октомври според IFHHS.
http://www.iffhs.de/?10f42e00fa2d17f73702fa3016e23c17f7370eff3702bb1c2bbb6f28f53512
 
Ете ги на Чунга играчите колку вредат !!! Чунга кога си отиде вика најдобри момци, најдобра екипа, се најдобро ама имаме 5 пораза по ред :eek: ! Ало бе седни ги на клупа тоа измислените ѕвезди. Разочарување на годината ... Резили се !!! Со оној Брдаревски, Богдановиќ и некои клинци што мислат дека се за у Реал името си го прљаат играчи како Фичо Деспотовски, Ќумбев за кој имам високо мислење како играч и како човек пред се, Тодоровски и Велковски !!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom