Z
ziko bt
Гостин
ДОДЕКА ВАРДАР ЖИВЕЕ ВО АГОНИЈА, СОСЕДОТ ОД "ГРАДСКИ" СЕ ЗАСИЛУВА СО "ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" КАДРИ
РАБОТНИЧКИ ГО УКРАДЕ ТРАЈЧЕВ!!!
*"Не можев да чекам...ова е мој конечен избор", ни потврди фудбалерот кој ќе биде големо засилување за шампионот
Продолжува зимската сапуница "Јовица Трајчев". Најдобриот играч за врска во домашниот шампионат е најголемото засилување за шампионот Работнички. Тимот од "Градски" успеа да го украде одличниот фудбалер и го добие неговиот потпис. Викендов и официјално треба да биде комплетиран трансферот на Јовица Трајчев во Работнички.
"Веќе се договорив со Работнички", ни потврди фудбалерот кој во есенскиот дел од шампионатот го носеше дресот на Милано.
Трајчев деновиве беше најавуван како екстра засилување за Вардар. Драмата околу иднината на нашиот најтрофеен клуб трае со денови и денови.
"Останав без трпение и нерви. Не можев повеќе да чекам и затоа се одлучив на овој потег. Работнички е мојот дефинитивен избор. Клубот од понеделник се враќа во Скопје и тогаш ќе се приклучам на тренинзите. Задоволен сум од трансферот во сите погледи", изјавува Трајчев, кој ќе потпише договор на 18 месеци со шампионот.
Трајчев зимава беше топ тема кога станува збор за трансферите. Тој имаше потпис со унгарскиот Ѓер, кој пропадна поради лавиринтите во ФФМ кои доцна му го раскинаа договорот со Милано. Приказната со Вардар траеше една недела, но и од тоа ништо па така овој фудбалер одлучи да стави крај на дилемите и да ја прифати понудата од Работнички. Шампионот пред неколку дена остана без главниот стрелец Христијан Кировски, кој натправи трансфер во романскиот Васлиу, но затоа, пак, ја засили средната линија со кадри на Вардар од типот на Данчо Масев и Јовица Трајчев.