Фан Клуб: Работнички

  • Креатор на темата Креатор на темата zEk0
  • Време на започнување Време на започнување
Претседателот Поповски, директорот Ангеловски и координаторот Петрески ќе бидат гости на менаџерската фирма од Сеул "Иванспорткорпорација" а ќе имаат состаноци и со познати фирми од оваа земја за евентуално спонзорство
Поповски, Ангеловски и Петрески покрај состаноците и со првиот човек на оваа агенција Чонг Ли, имаат закажано и состаноци со уште неколку познати фирми од оваа земја се со цел да се оствари соработка на Работнички со тие фирми преку еден вид на спонзорство.
http://sport.com.mk/?ItemID=83915EDF6D7D0B4C9238EBD3BE3CF42D
 
Раководство на ФК Работнички, предводено од Претседателот Драган Поповски, спортскиот директор Игор Ангеловски и координаторот на млади категории Горан Петрески, моментално се наоѓа во посета на "Иванспорткорпорација" - Сеул, Јужна Кореја.
Веќе на првиот ден од престојот во Кореја, раководството на ФК Работнички е примено лично од Претседателот на ФК Поханг Стилерс,
господинот Ким Тае-Ман. Притоа, потпишан е договор за идна голема меѓусебна соработка, во заеднички интерес на двата клуба и се однесува на сите полиња на функционирање на двата клуба.

ФК Поханг Стилерс е основан 1973 година, со седиште во Поханг, Јужна Кореја и е еден од најтрофејните клубови во Корејската лига. Четири пати е шампион на К-лигата и по два пати освојувач на КФА купот и ЛИГА купот. Три пати е шампион на Азиската Лига на шампиони, а во 2009 го освои третото место на Светското Клубско Првенство.
ФК Работнички го изразува своето огромно задоволство од потпишаниот договор за меѓусебна соработка со ФК Поханг Стилерс.

http://rabotnicki.com/mk/component/...8-27-02/450-prijateli-od-dalecniot-istok.html
 
Најавуваат дека ќе го купат тој Корејскиот репрезентативец што се прослави во светското 2002. Не ми текнува како се викаше, сите најважни голови ги дсаде тогаш, после знам го избркаа од Перуџа или Парма пошто ја елиминираше Италија :D
 
Најавуваат дека ќе го купат тој Корејскиот репрезентативец што се прослави во светското 2002. Не ми текнува како се викаше, сите најважни голови ги дсаде тогаш, после знам го избркаа од Перуџа или Парма пошто ја елиминираше Италија :D

An se vikase mislam taka neso :)
 
Најавуваат дека ќе го купат тој Корејскиот репрезентативец што се прослави во светското 2002. Не ми текнува како се викаше, сите најважни голови ги дсаде тогаш, после знам го избркаа од Перуџа или Парма пошто ја елиминираше Италија :D

Ан Јунг
72652D59958038DB729596A9DD4C4.jpg
 
Мислам дека за овој стануваше збор :)
Излегував од дома прееска, а ми беше телевизорот на канал 5 пуштен и на спортските вести кажаа дека Работнички билр заинтересирани и наводно Ангеловски и Поповски веќе преговарале со екс Корејски репрезентативец. Му го кажаа името ама не го запамтив, ама рекоа дека имал клучна улога во тимот во светското 2002, па јас си повбрзав дека е овој, пошто колку што паметам он имаше главен удел во освојувањето на четвртото место (покрај судиите :D).
--- надополнето: 10 јануари 2012 во 23:39 ---
ЕДИТ: Добро сум поврзал :D
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=4360
 
КОРЕЕЦОТ ЧОИ СОНГ КУК ДОАЃА ВО РАБОТНИЧКИ!!!
Екс капитенот на Сувон и репрезентативец на Ј. Кореја, најверојатно, во следните 6-12 месеци ќе го предводи нападот на "романтичарите"

Чои Сонг Кук (28), според нашите информации, би требало да биде големото засилување во овој зимски преоден рок за Работнички. Станува збор за напаѓач кој може да игра и како полушпиц, место кое веќе подолго време му недостига на тимот од Градски парк.

Со Чои доаѓаат и спонзори!?

Повеќе од веројатно е дека ако Чои Сонг Кук дојде во Работнички со него во клубот можеби ќе влезат и моќни спонзори од Ј. Кореја. Се уште е рано да прејудицираме, но добро се знае дека спонзори на Сувон се и меѓу другите такви фирми како што е "Самсунг" на пример.
http://sport.com.mk/default.asp?ItemID=DFBF33EA7ADD864AAF9BFC842D0EA152
 
Статијава ја прочитав таман пред да пишам дека вакви играчи се огромен плус за нашиот фудбал... Премногу афери се поврзаа со Работнички во последниов период.
 
Со официјалната презентација на Певник стартуваа и подготовките на екипта за пролетниот дел од шампионатот. Попладнево играчите го одработеа и првиот тренинг под водство на словенскиот тренер.
Сакам да му посакам добредојде на новиот тренер, успешна работа, многу среќа и добри резултати. Она што за мене беше битно при нашето договарање е нашата заедничка визија за тоа како да продолжи Работнички во иднина, и како да ги продолжи своите резултатите што до сега ги има направено.“ изјави на промоцијата претедателот на Работнички, Драган Поповски. „Основна цел ке биде создавање на млада екипа која ке биде носител на игрите и резултатите на Работнички.“ - дополни Поповски.
Македонија отсегогаш била фудбалска земја и земја во која го сакаат фудбалот. Знам дека ме чека тешка работа, но сите тренери живееме од резутатите. Имаме иста визија и цел со раководството, Работнички да биде што погоре и подобар.“ - изјави на промоцијата новиот предводник на романтичарите Роберт Певник. Во неговиот стручен штаб нема да носи помошници од странство туку ќе се потпре на веќе постоечките кадри во Работнички. „Верувам во играчите и стручниот штаб. Мои помпшници ќе бидат Горан Петрески, Саше Јанев и Зоран Мицевски како тренер на голманите. Тренерите знаат да ја работат работата, го сакаат клубот и одлучив да направиме еден добар тим и да се докажеме на терерн. Ќе направиме се да бидат подобри резултате и да биде Работнички повисоко на табелата. Не треба да ги потценуваме другите тимови, но верувам со своите играчи и тим. Имаме 7 недели добро да се подготвиме и воиграме и спремни да го дочекаме продолжението на сезоната. Имаме млад тим и перспективни играчи во кои верувам и дај боже овие играчи да го покажат најдоброто од себе и да остварат што повеќе победи во шампионатот.“ заврши Певник.
Како што и претходно објавивме договорот на Певник со Работнички е потпишан на шест месеци, со можност за продолжување на уште две години.
Со доведувањето на новиот тренер се измени и планот за одработување на подготовките, па така наместо во Анталија, романтичарите до 22 Јануари ќе тренираат во Скопје, а на 23ти ќе заминат на 10 дневни подготовки (сеуште не е одлучено каде). Потоа повторно една недела ќе се работи во Скопје, по што ќе се замине на една мини-турнеја во соседна Србија каде би се одиграле неколку квалитетни пријателски средби.
Што се однесува до трансфер пазарот во Работнички, досега од клубот си заминаа Димитриевски, Ников и Ќумбев, а во Градски Парк пристигнаа голманот Филип Маџовски, одбрамбениот играч Милош Живковиќ и напаѓачите Бошко Ступиќ и Чои Сонг Кук. Токму околу името на кореецот Кук, низ македонските медиуми излегоа информации дека е осомничен и суспендиран во својата земја заради наместени натпревари, но претседателот Поповски целосно ја објасни ситуацијата со Чои Сонг Кук.
Вистината е дека против него не се води никаква кривична постапка за разлика од тие што дирекно учествувале во и кои веќе се во затвор. Во моментов ги чекаме потребните документи за негова регистрација, по што и официјално ќе биде наш играч“ изјави Поповски. Во меѓувреме Чои Сонг Кук денеска го одработи и првиот тренинг со своите нови соиграчи во Работнички.


http://www.rabotnicki.com/en/component/content/article/35/452.html
 
Ново засилување во одбраната е Александар Василев кој доаѓа од Норвешка.

26 годишниот одбрамбен фудбалер доаѓа од екипата на Алта ИФ од Норвешка и дресот на Работнички ќе го носи во наредните две години. Во својата кариера има настапувано и за екипите на Беласица, Македонија ЃП, Х. Турново и Силекс во домашното првенство. Василев е второ засилување во дефанзивниот ред, откако пред неколку дена трансферот го официјализираше и српскиот интернационалец Милош Живковиќ. За време на овој трансфер период во Градски Парк пристигнаа и голманот Филип Маџовски, напаѓачот Бошко Ступиќ, а се очекува во наредните денови да пристигнат и документите за Чои Сунг Кук за и тој да го официјализира трансферот во Работнички.

http://www.rabotnicki.com/mk/compon...02/455-aleksandar-vasilev-nov-defanzivec.html
 
Кај е пратен Столе на двојна? Во кој клуб во втората лига на Шпанија ?
 
^
Позајмен е од Удинезе на Ксерез или Кадиз :)
 
Браво за Работнички, атрактивни ми се за гледање : )
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom