http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=10&tabid=1&EditionID=1156&ArticleID=74202
Прилепчани од огромни фаворити - станаа аутсајдери!
Вчера беше чуден ден во македонските, но и во светските обложувачници. Прво, коефициентот за триумф на Победа беше 1.35, што на прилепчани им даваше улога на големи фаворити. Но, подоцна во текот на денот, коефициентите почнаа да се менуваат, па ако вчераутро за победа на Левадија за еден се добиваа пет и пол денари, подоцна коефициентот падна на два. За триумф на Победа, коефициентот стаса и до 3.10. Сепак, при крајот на денот, откако светските обложувачници „намирисаа“ дека нешто не е во ред и решија да го тргнат овој меч од понудата, истото го сторија речиси сите наши обложувачници.
Досега, практика на обложувачниците е да ги поставуваат коефициентите според тоа од каков рејтинг се земјите на противниците. Ако некој клуб има многу повредени играчи или ако екипата е во криза, коефициентот многу бргу паѓа. Но, ако светските обложувачници сосема од понудата ја тргнат средбата, веројатно е дека некаде во светот, на победа за аутсајдерот се ставени многу пари, па мечот е веднаш сомнителен.