Goran Bt
локал патриот
Дека е страмота да сме 6то место поче од страмота е реално во првите 4ри треба да бидиме со буџетот но дека е 400 неѓа шанси барем сега се е на увид во општина и на седниците за буџет и ребаланс од тие горе споменатите треба да се кажи колку му се даваат на потписникот и стариот газда на клубот Пеце Стојчевски и фирмите негови оти последно шо се знај помал е месечниот буџет од лани така да не држи место дека се 400 плус годинава од АМС и ваучето ќе биди помал оти сме 2 лига нема ноту еден репрезентативецСрамота е да сме 6 место бе со 400000 евра буџет.
Друго се е алиби!
Во продолжение соопштението на Фк Пелистер
Соопштение упатено до Битолската јавност
Почитувани
Летово клубот го превзеде Општина Битола во многу лоша состојба. За кратко време се стабилизиравме, се исплатија четири заостанати плати и се склучија договори со физички и правни лица. Летово постигнавме десет договори со проверени прволигашки фудбалери. Од нив осуммина се битолчани. Паралелно поставивме координатор во младинската школа и ангажирани се четири нови тренери со кои се подобри тренажниот процес. Таму резултатите веќе се видливи. Организационо клубот е на добар пат, но ова е долг процес. Резултатите на сениорската екипа не се на посакувано ниво, но имаме уште дваесет кола и ништо не е загубено. На проблемот пристапуваме професионално и без емоции. Во моментов ни треба мобилност и сплотеност, никакви кадровски промени не се предвидени пред зимската пауза. Ни остануваат уште четири кола, во кои очекуваме четири победи. За време на паузата ќе направиме сериозна анализа и тогаш се можни кадровски промени во зависноист од крајниот пласман на есенскиот дел од шампионатот.
Нема да се предадеме, одиме уште посилно до остварување на целта.
Sent from my CLT-L29 using Tapatalk