Фан Клуб: Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата јас
  • Време на започнување Време на започнување
sega citam opstina centar za 2018 ke izdvoj 490.000 evra za kk rabotnicki..nie so ovie umrenite kaj nas se tegnime...
Неможиш да ја мериш општина Битола со Центар, Карпош, Аеродром. Друга лига се тие. А и и јас стојам на то дека не му е местото на општината да фрла пари во клубот, ваљда не е решение да се живурка те прва, те втора лига на секое.
 
Се сте во право луѓе, а имајте предвид и дека Битола е единствена општина шо ги финансира СИТЕ професионални спортски клубој. Колку шо знам јас: ФК, РК, ЖРК, КК, ОК Пелистер.
 
sega citam opstina centar za 2018 ke izdvoj 490.000 evra za kk rabotnicki..nie so ovie umrenite kaj nas se tegnime...

Во Битола треба триста други работи да се средат пред спортот..на пример инфраструктурата во секое можно поле и чадот што го дишиме секој ден..не ти е таа должна да ги води сите клубој и да подмира долгој поради арамиите што краделе години наназад...па и во ситуација кога има еден куп долгој
 
Znaci ako ne dava kaj nas opstinata pari za sportot ke se sredat site drugi raboti ? ( so tie 200k so ke gi daj sakate da mi kazite deka ke se napraj nesto vo infrastruktura ili za vozduhot taka ? )
 
Море една атомска и ај у курац се оти да не дава бе кај пиши дека не треба да дава нели тие се мој пари општински пари јас давам и сакам таму да одат значи да ви повторам овие сега ветија како тие порано значи треба да си даваат и точка да немаа ветено да веруваа како шо викате само за инфраструктура и воздух нема шо да барам јас или некој друг значи нема шо да се вергла сите знајме како е на запад и дека треба приватизација но прво се прават основи да има што да се продаде а не вака на умрено само име се продава а ништо друго нема во клубот шо значи прво нека се среди малку од малку па после да се бара чоек а вака тешко дека некој ќе најдиме а разликата со центар карпош и другите општини не знам како е но и колку да е не е битно оти има и други општини шо даваа пример Прилеп сега гледам Велес нешто се силат а разликата со скопските е што цицаат од три цицки еден општински еден на град Скопје и трет буџет на РМ небитно муабетот ми беше ко можеше психото да дава за локум фест и то најдолгоооото културно лето преку пола милион евра за нивни приватни забави можат тука да пренаменат новите власти оти нели и тие даваа изјави пресови триста чуда дека малку се вложува во спортот во стадионот салата па оти не чинеше ојде во историја дворски шут па значи овие сакале или не ко се фатија на орото нека го играат до крај а не само да исполнувале што било во ланската програма на будалата ко има пари за друго ќе има и за ова и крај!
 
Не дека не треба, туку не треба целосно да се наслонвате на општината. Треба одреден дел од буџетот на општината да се слева во спортските друштва НА ГРАДОТ, како шо си гласат таму. Е сега, ако имаш приватен сопственик на клубот (ко шо сте вие сите на вашите коли,куќи,мобилни и сл.) општината пак треба да вложва ама нормално ќе му се растерети тој сектор за спорт и место шознам 500.000 евра да дава, ќе дава 100.000 евра и другите ќе ги намени за други работи кои би биле поврзани со функционирање на спортот во градот.
Вие барате милиони да вложи општината. И ај нека немат топки за физичко за децата на училиште оти некој курле сакал клубот да го гледа во Европа со општински пари. Така другарчиња, битолчанчиња, Тито ко ќе го вратите. Нема логика во то шо го барате.
Е сеа, за ветувањата. Ако ветиле одредена сума, под итно треба да си го исполнат то, како знат и прат. И добар е притисокот од навивачите за шо поголем буџет наменет за спорт, само не треба на форум да се прај то, туку таму во совет, низ град, телевизија, пред штабој и што ти знам каде не. И да ви стани јасно дека сигурно и луѓе шо ни ги интересира спортот ќе се залагаат за поголеми буџети за нивниот сектор (или како сакаш наречи го).
Јас уште ќе си стојам до то дека парите треба да се наменат за подобрување на спортската инфраструктура отколку да треба Скопје да одам или во друг град за да гледам европски натпревар на клубот или во она рушевината да прославувам титула. Младинските школи, сали, терени, тренери и шо ти не уште, ни се потребни многу поќе отколку вложвање скоро милионски суми за два европски натпревари. И да, парите се повратни, ама никогаш не завршвале во клубот. Ако го средиш клубот на сите нивоа, тогаш и ќе имаш и повратни пари за клубот од европски натпреварувања и трансфери. Треба клубот да се претвори во акционерско друштво на граѓаните да биди и колку, толку нека живурка, ама и тогаш некоја мрша ќе се појави и ќе ја заеби.
За куро ми е и богат газда ако го користи клубот за да испери пари. Не е толку едноставна ситуацијата со клубот и зато никој нејќи сериозно да се нафати да го раководи. Попрво ќе успеј некој нов клуб во градот отколку Пелистер.
 
Која инфраструктура бе кога на сите ни е јасно дека тоа е голема инвестиција и ќе треба да се гради како црквата кај техничко се знај мора помош од државниот буџет како шо се градеше Скопје стадион сали и триста глупости едино Куманово напрај затворен базен сите други општини една нула за дваесет и кусур години да не се лажиме стадион без помош од владата без ффм и општината заедно нема да видиме уште десетина години ќе ја прат едната трибина само па после столчиња за другата па по дваесет години трибини зад головите
За топки по сколиите е задолжено министерство за образование за шо општината да финансира таа со блок трансакции не може превоз да доплати а не топки и друга опрема ете некни гледам во две училишта немаат кошеви итн...
За приватник сме сите но ПРВО да се создадат номади услови па после да се продава нуди нешто а не вака на умрено па ќе не идат преваранти и мешетари кој со билда лажен буџет за клубот ќе местат утакмици пак ќе повторам куќа се гради од темели а не од чатија
А за тоа кој кај треба и како да бара знаеме и знаеме дестина години оти ако не беше групата сега ќе бевме трета или четврта лига
 
Прво и основно.
Наместо нашите "ЏЕКОЈ"од политичари да се сликат со шалој,да трчат ко песој по лидерите и да собират поени треба да се изборат за едно,шо беше ветено многу одамна,а то е Битола да добие буџет каков заслужува.
Не можи бе Карпош,Аеродром да имат 60 милиони евра буџет,Битола 26.
Па се да му ебам,која логика е овде?.
Не можи бе до толку да не си кадарен една капитална инвестиција за 25 години да не донесиш,уствари можи,ко имавме вакви народни прерставници,еден не мрдна до ништо за Битола.
Ништо,ни автопати,ни аеродром(макар и карго),ни пруга,ниту гасификација,една Струмица не замина во секое поле,и ред други области,во се последни сме.
А бевме еден од најразвиените региони можи и во Југославија,со речиси сите можни индустрии на лагер,сеа греој сме.
А и тие јаки фирми шо останаја(ги има доста) се водени од луѓе шо болеста не си ја дават не пак да вложат во нешто корисно и полезно за градот.
 
Прво и основно.
Наместо нашите "ЏЕКОЈ"од политичари да се сликат со шалој,да трчат ко песој по лидерите и да собират поени треба да се изборат за едно,шо беше ветено многу одамна,а то е Битола да добие буџет каков заслужува.
Не можи бе Карпош,Аеродром да имат 60 милиони евра буџет,Битола 26.
Па се да му ебам,која логика е овде?.
Не можи бе до толку да не си кадарен една капитална инвестиција за 25 години да не донесиш,уствари можи,ко имавме вакви народни прерставници,еден не мрдна до ништо за Битола.
Ништо,ни автопати,ни аеродром(макар и карго),ни пруга,ниту гасификација,една Струмица не замина во секое поле,и ред други области,во се последни сме.
А бевме еден од најразвиените региони можи и во Југославија,со речиси сите можни индустрии на лагер,сеа греој сме.
А и тие јаки фирми шо останаја(ги има доста) се водени од луѓе шо болеста не си ја дават не пак да вложат во нешто корисно и полезно за градот.
На другото немам шо да те цитирам, се кажа шо требаше да се кажи :D за „јаките“ фирми шо останаја јас имам само да надополнам дека повеќето од нив се со седиште во Скопје, така да даноците не ни одат во општинскиот буџет на Битола :)
 
Абе се во ред шо кажва Валентин, само една работа уште стои неразјаснета а со то и иднината на клубот се проблематизира.
Ако вика дека ќе го превземат клубот само со чиста сметка, не кажа шо ќе превземат за криминалците од Пелистерка да си ги подмират долгојте.
Јас сум сигурен дека тие поќе нема ни денар да префрлат во клубот а треба да се испита кај се парите (250К евра ) од УЕФА шо легнаја на сметка на клубот ?
Kaко планират да го превземат клубот со чиста сметка ако не поднесат кривична пријава за досегашното работење ?
Eптен двосмислена му е изјавата на Валентин...
Од то шо можам да го прочитам меѓу редови, писателот сака да кажи дека ако не плати Орце то шо борџи, клубот ќе оди во стечај.
А дека ќе плати нешто, мало морген...

Значи дури не се позанимават истражните органи со работата на Пелистер, ќе продолжат и во иднина овие дупашлаци.
 
Срамно е претседател на совет во локална општина да кажва и да ветува за спортот и за амбициите на спортските клубови..тоа ни кажва до кое ниво сме стигнати...мизерии белосветски.
 
Има некој шо верва дека Камчевци ќе го вратат клубот на позитивна нула? :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom