Јас не знам дали воопшто тренират овие нашите,или подруго да се изразам,не знам како е можно професионални фудбалери да не можат топка да смират..
Ај шо беше лизгав теренот во Прилеп,ама пичка му матер бе,срамота е играч по тренира цел живот фудбал да нема обичен прием на топка,да не можи центар шут да извај,резили невидени...
Онај од Германија батето топка не фати,и тие шо ги фати ги даде одма..
Љупче само за сечење топки го бива,техника нула,интелегенција кец...

При една ситуација кога наш играш беше во дуел покрај аут линија со еден од Тетекс,зеде овај забрзан клизачи влезе,и двата ги однесе...

Не само шо можеше самиот да се повреди,туку и ќе повредеше некој наш..
Зоче го гледа и се чуди...

Коорнинација дечкото има очајна,не знај кај е,на крај со Тетекс последен беше во одбрана и напред оди,Зоче одма го врати назад,

хаха,како беше забрзан ако не му викнеше со време ќе јадевме некоја контра гарант...

...единствено да го насскаш да оди да крени некој,и да сечи некоја топка со тие веслата од нозе...
Љамче слична приказна,толкав суртук,има интелегенција,движења некој интересни,ама детето од сенката се плаши,некогаш знај да се мотивира и да нанижи три,четири играчи некогаш не знај обично дупли пас да напрај...
А тој треба да е моторот на екипата,играч шо ќе напрај вишок,шо ќе повлечи,не знам стварно зошто детето нема напреднато ама ич,ете трета сезона е кај игра,грото е прва постава....
Освен еден шут шо извај и убо мислеше да го фати на спиење голмано,ништо друго не напрај..
Имаше една уба акција во второ,ко повлече контра,ама салам го кренаја со отворен ѓон му влезе еден од Тетекс,треба црвен да јади тој...
Средина немаме,не знам кога ќе се вратат Бурхан и онај Минчето,пак со нив подруго е...
Трееба да се пушти можи полево Кико,детето можи да биди откритие на сезоната,висок е,левичар шо е најважно,само треба малце појќе да работат на него,некако позицијата му е заебана,или пак да игра како полушпиц,онака ко десно крило скроз е отсечен...
Не сме лоши,ама не сме ни добри и не делиме воопшто од другите..
Како не потисна Тетекс,си реков ќе сркниме два гола во второ,како прволигаши да беа,чиста среќа шо не примивме гол тогаш....
И одбраната каша попара ни е,ко дојде Бацката да не вади,алал да му е на Бацката,на 33 години батето играч се напрај,најконстантен ни е од сите...
И Бале внукот на Дејви,доста коректно си изигра батето,5 гола брцна шо за него не е мала работа..
Ај да видиме сега шо ќе биди во Скопје,ако извајме барем по бод од двете гостовања ќе биди убо,или пак бод од Ѓорче и победа кај Пиратчињата ќе биди полна капа..
Само да не се изгуби,то е најважно...
П.С.
А дуелот со брендот,како никогаш досега немало толку мртва атмосфера околу утакмицата..
Како да не игра дуелот,или да е некоја незначајна утакмица...
Нека изиграт машки,па шо сака нека биди,без разлика на резултатот...