Фан Клуб: Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата јас
  • Време на започнување Време на започнување
Резил бе уште три дена да играме нема кој да дај гол не дај боже да загубиме од Брегалница сите УПМ ќе фатат!
Не ми е јасно кој ќе отпадни? Мислат овие шо прат или не мислат абе не се свесни дека ова е Пелистер дека треба да гинат за дресот а не како некој чупиња да се вртат
Многу лошо ни се пиши ако судиите не ни помогнат одбраната чотки еј шпицот на влазрими тројца ги претрчавше за вториот гол ама има надеж ако се вратат степановски и крстевски средината не и така лоша минчето буки батецот љамче ко ќе се опорави итн...
Нападот е најголема болка со гркот кој беше најдобар на првите натпревари ништо не прајме ќе го бараме ние бошко и благојче...
 
Ова е срам, ова е мизерија. Сите играчи ако ги знат од дома дека играт фудбал јас куро го сечам. Не ми е јасно кој ги носи овие посрани играчи, дупло послаби од првата полусезона. 16 дена да играме нема да дајме гол. Да речам една работа денес да видов уба ама не можам, се беше очајно.
 
Јас ко зборав пред 2 месеци ко јадев лајна за Митич, добив од сите овде критика дека не сум во право, дека тој бил најдобриот од сите засиливања, еве сега по едни силни припреми се виде кој, како и зошто ! Ќе си останам на моето дека покрај голманот, Чешмеџиев ни е најголемото засилувања и сигурен сум дека ако тој игра онаму каде што му е местото, на заден везен или централен везен дека Пелистер ќе биди далеку поквалитетен во средината, тој на таа позиција игра и за репрезентација. Со Степановски, Крстески и Петковски назад треба да сме коска, како шо бевме во есенскиот дел, пак ќе речам добро е то по се задржа одбраната, а можеше и Ступиќ ... ама то е. Драгоевиќ, Петковски, Степановски, Крстески, Миленковски - Чешмеџиев, Мустафов, Анастасов, Мирчевски, Љамчевски - Цилиридис ... Вака јас го гледам комплетен Пелистер за пролетниот дел ... За денес нема шо да коментирам, шо да речам можам да згрешам, напаѓач очајноо ни требаа !!!
 
Бацката мора да биди прва постава остај ти другите има време да се докажваат, туку да прашам кој беше со број 3 се виде здраво дете и има потенцијал а нај слаб беше тој Стајев и бекот со број 16 ми ја срамеше бројката најуба
Уште да речам дека на нафрлени топки дали од прекин и во игра цели две години примаме голови поради втора статива абе не знам како можат да успеат секогаш на втора сите противници да ни се сами и после примаме гол!
За шпиц поќе и не ми се збора ова како за инает шо не зедоја некој од шо баравме а инаетот на гла се враќа!!!
 
:pos:ко велев дека ништо не бива од нас многумина ме праеја дека сум песимист вечен,и да така е!Во овај град неможиш да бидиш оптимисти и со сила да маваш во ѕидот со глата.Како шо актуелната власт му го пери народот на нашите граѓани со сдруги проблематики,така нас фк Пелистер (управата) на чело со ДОКТОРОТ и компанија ни го перат паметот дека ќе имало европски Пелистер и дека најспортски град ќе сме биле :drk:.Донесоја врвен тренер (пред пензија можи) ќе си лапа пари ,ќе се тренира млади деца невелам дека не е добро,но далеку ќе бидиме од она шо ние го мислиме и посакуваме.Е сега ко ќе дојди почетокот на првенството за една недела ,ќе видиме колку е сатот :aplauz:.Гледајќи ја табелата,па сега по ново со како беа 4 екипи испаѓат или една од нив се спасва преку бараж не е битно,ама баш од то како личи табелата па ние сме во топ 3 за испаѓање реално.Незнам шо праеја на припреми ниту тука ниту Турција,ниту сум гледал за паузата,ама мене ме интересира резултатот.По се ова досега нема никаков резултат.Од се она шо го мислевме,сепак ако и само АКО опстоиме во оваа лига во овај дел за нас ќе биди премија невидена
 
Шо играчи се овие бе ?
Хаџиевски на кафе да не ги гледаше кој играчи треба да дојдат ?
Катастрофа е мал збор за се она што видов денес...
ВлазНими ни даде лекција по модерен фудбал, па и тие беа млади, не беа старци па ни ја скрија топката, освен Ристе Маркоски кај нив не познавам никој друг и на клупата му е легендарниот Драган Бочевски :D
Точно 2 удари во рамките на голот во цел меч имавме и тоа против второлигаш или пак треталига можи играат кој ги знај, како и да е мораше да ги добиеме !
Повеќе напаѓаа тие, стативи, пречки, па ако беа поснаодливи мислам со 5 парчиња ќе не почастеа...

Каде бе со тој Распашковски ??? :D
Па дечкото е АНТИ ТАЛЕНТ, играл во Вардар жими стапот играл, овај за во општинска лига е слаб, не па уште да ми игра овде, како прво незнај да трча како орангутан трча, точно 20-30 минути помининаја немаше сила да трча !!! Па овај го носеле Анталија на припреми, кај ти се очите Ѓоко, па овај уште од првиот ден од Турција би му платил одма чартер лет дирек во Скопје и да нема ништо со Битола :D
Многу слаб играч, 19 години неможи пола сат да истрча, овај или е некој пијаница или наркоман, а за спортист 100% тврдам дека нема да биди, шо таленти зема Ѓоко алал ти вера !
Тој Албанецот цела утакмица јас го мислев дека е Биљаљи тој да ти бил Сулејмани, ама одма се позна по фацата дека не е од нашите :D :pos:
И Сулејмани дрво, добро бе шо играчи имаат Вардар во школата ? :D
Врска да се немало, игра напаѓач, сигурно изигра околу 1 сат и повеќе можи удар на голот немаше !! Ебати напаѓачот шо не шутира на гол и како после сакаш да дајш гол ?

Најмногу стравував на одбраната, ама тие се далеку подобри од средината и нападот !
Во првото игравме на штопер со Велковски и Талевски и одлично се покажаја, и двајцата се добар тандем, млади дечки, за замена би биле ТОП !
Второто на штопер влезе Чешмеџиев детето од Работнички, еее тој одма се виде дека владее со фудбалот, се сложвам со Декси дека голманот и Чешмеџиев до сега ни се најдобрите засилувања, иако Чешмеџиев нашиот Ѓоко не го игра не неговата природна позиција. Десната страна ни е слаба на бек почнавме со Речковски охриѓанецот, не е сигурен многу, ама тука ни е Петковски за прва постава, а на десно крило играше Стајев, се скапа трудење детето, имаше по некој дриблинг ама воглавно слаб меч и за него иако Ѓоко го остај да игра цел меч....
Второто влезе и Цилиридис и имаше одма гол шанса кикс на гостите во одбраната, гркот беше најбрз го помина и голманот имаше празен гол, но лош агол и го промаши цел гол. Добија шанса и битолчаните Батецот, Иве, Буки. Да не го заборам и Митиќ, освен вошки во та косата негова, друг никаков придонес нема да има за екипата, незнам во шо го видовте добар ? Па дете со 40-50 килограми шо игра средина како очекувате да се гради со некој друг фудбалер, па овај кога ќе оди кај селаните во Силекс и Турново има да го отепат во мавање ќе си ја кара мајката шо дојде овде....
Тој тројката шо влезе беше бекот Смоковски, доста стабилен дечко, висок, снажен, добра контрола, ќе се најди за нафрлени топки :D

Со ваква игра многу слабо, во 10 кола до крај ако дајме 3-4 гола ќе биди успех, нема никаква игра, незнам шо му кажва Ѓоко на тренинг, ама се изгубени германци, незнам шо коефициенти ќе дават кладилнциите против Пелистер, ама со Брегалница мислам ни е пораз, барем да земиме ние некоја банка....
 
Да почекаме да ги видиме на дело,пријателските утакмици не се мерило,да помини првата утакмица со Брегалница па да видиме до кај сме и шо можиме да очекуваме,сепак појќе од јасно е дека кец на десетка ќе биди сезонава да не се испадниме,да не се лажиме,нема шо да очекуваме во сезона кога речиси 2 месеци немавме гол клаено,кај шо ја менваме цела екипа на полусезона,и то претежно со млади и анонимни играчи,опстанокот е приоритет,па после од на лето ако мислат да прат екипа нека прат,ако не нека се гонат упм....(а не знам како ќе прат,еве ако не се погодат овие играчи шо ќе прајме?пак ќе носиме 15 нови на лето?):bravobe:
Да одиме полека....
Најважно за почеток е да не се изгуби од Брегалница..
Барем бод да земиме,да се задржи разлуиката од 5 бода пред Штипјаните.....
Па после да видиме шо ќе биди од дечурлната шо ја довлечка Ѓоко..
Ако тргниме со пораз го ебавме ежот,после и психички ќе паднат и ќе си еби мајката сезоната...
После со Вардар ќе биди многу тешко,ние имаме скроз нова екипа,тие се појјаки од првата полусезона,плус лошо врвиме секогаш со нив на домашен терен....
Па со Турново во гости наредно коло,заебано ќе биди со овие,и тие ќе бркат избегнување плеј аут,а со млада и неискусна екипа гостувањата ќе ни бидат ептен заебани....
Тежок распоред имаме,Металург дома,Ренова гости,Работнички дома,Силекс гости,после дури во 25 коло со Тетекс можиме да очекуваме сигурна победа,па дрим тимот ни иди дома,па со Брегалница на гости...
Заебан распоред,доста заебан....
Да се надеваме дека Ѓоко знај шо прај,и дека Влатко Костов нема чуда да напрај со Брегалница,оти ако тргни Брегалница да победва,а ние да го платиме цехот на неискуство и неуиграност го јадовме:kuracc:....
Сепак давам бел бумбар:D,барем до недела,па да видиме шо сработија брачедите....:zloo:
 
Не е тој распоред шо беше објавен туку ќе се оди по бергеров систем па после брегалница кога завршува вториот дел играме прво коло од третиот дел со шкендија во гости па дома со работнички мислам беше па металург гости вардар дома итн...
Инаку и без ова со промената на тимот пак ќе сѐ боревме за опстанок и со претходниот состав за џабе не сме кај што сме ама најважно е да опстанеме во лигата па после....
 
@Deksi Абе ти ко збораше незнам шо незнам како,а за засичувањата шо се фалеше кај се тие или некој естра таленти се од младата екипа ?
 
Утре во 2 на Ќумурно со Победа....
 
Утре ќе сигурно ќе победиме против прилепчани не за друго тие се чорба, ама многу е контрадикторна изјавата на ѓоко
http://zoran-misevski.blogspot.com/2015/02/blog-post_41.html?m=1
Се штеделе пазеле од повреди а турција за две недели каде можеше да играат пријателски не играа како другите па викаше не играме со слаби и второ лигаши за на крај кога виде од сите губиме прифати со влазрими арно ама и тие не здрвија за сега со трето лигаш да играме не дај боже да загубиме од победа тогаш ќе биди потоп!
Друга работа вика ги пазиме играчите а сега за два три дена пак игра пријателска па ако беше така ќе се чуваа за брегалница
Со еден збор не знај кај тера па уште се спремале за вардар шкендија металург па не знам овај сам се лажи или само тој од цермат можи да го лажи?!
 
Распашковски сите ви го најавивме како играч кој многу го форсираат, а реалноста е дека максимум на него му е тим како Скопје или Маџари...
Сулејмани истотака е далеку од првата лига.
Не знам од каде ви е инфото дека биле најдобри во Вардаровата школа и дека демек сте ни ги украле подобрите младинци :toe:
Овие двајца ни во тимот што испаѓаше не би фатиле место во прв тим, па камоли во моменталниот Вардар...
Вас не би ви помогнале ни младинците кои ни играат за прв тим, бидејќи не би можеле да бидат носители на игра во прва лига, а камоли некои кои воопшто не добиле шанса во сениорските тимови...

Вака гледано многу ви е лош составот и мислам дека доста слабо ќе поминете во вторатава полусезона, а особено ќе биде тешко да постигнете гол...
На ваше место би стравувал за опстанокот...
 
Ако не дај боже отпаѓањеаме градот ќе гори да не речам општината и фабриката!
Туку убо ме потсети да пишам скоро сите играчи се донесени од страна на саша чирич се разбира преку тренерот коки аврамоски и ѓоко хаџиевски па ете дека не оди работата се слуша дека техничкиот директор си дал оставка а за брзо ќе биди и со спортскиот директор од Србија кој чоекот е залутан тука и врска нема шо се дешава...
 
Ако не дај боже отпаѓањеаме градот ќе гори да не речам општината и фабриката!
Туку убо ме потсети да пишам скоро сите играчи се донесени од страна на саша чирич се разбира преку тренерот коки аврамоски и ѓоко хаџиевски па ете дека не оди работата се слуша дека техничкиот директор си дал оставка а за брзо ќе биди и со спортскиот директор од Србија кој чоекот е залутан тука и врска нема шо се дешава...
Има логика ова за Ќириќ, токму тој мислам дека го бутна Распашковски во Тетекс :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom