Фан Клуб: Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата јас
  • Време на започнување Време на започнување
Кузнај шо се дешава во Пелистер, добри резултати имавме со Горде, незнам од која причина си поднесе оставка, ама оставката за клубот е во НАЈЛОШ момент !!!
Највероватно до крајот на сезоната ќе останиме со Миле Димов како тренер, па после тоа ќе видиме шо ќе биди !
 
Ne e tolku strasno,se naviknavme na vakvi potezi :confused:.Licno sum zacuden oti si dade ostavka i mislam deka nikoj od fanovite na klubot ne ocekuvase vakov poteg od trenerot,pogotovo ne vo ovaj moment.Jas mislam deka osetil coekot deka ke igrame baraz pa nejki da bidi "vinoven" ako ispadni Pelister i po nego da plukaat,so e sosema logicno.Za igracite i igrata na klubot nema veke so da se komentira :facepalm: go doprea dnoto,treba remont a ne obekavanja deka sampioni ke sme bile :drk:
 
како шо разбрав значи не е сигурно ама така ми рекоја демек му рекол на постарите играчи бегам оти неќам други да ми го прат составот. е сеа колку е вистина ова појма неам
 
како шо разбрав значи не е сигурно ама така ми рекоја демек му рекол на постарите играчи бегам оти неќам други да ми го прат составот. е сеа колку е вистина ова појма неам
И јас мислам дека е некоја таква причина и дека имат замешано политика во то.
Заради таквите ќе страдаме цел живот.
 
Оти не се чудиме ? :coffee:
Зошто нема реакции ?:coffee:
Ау да , па ова е веќе видено .
Дај некој поголем скандал напрајте , не е интересно вака .
НЕСПОСОБНИ!!!(n)(n)
Од вакви идиоти ќе ти се одмили и фудбал и се ...
 
А ја па баш се почудив оти го видов Гордан преска у дуќанчето негово, си викам шо не е у Битола, не знаев дека оставка си дал.
 
Чудно ми падна уште на Металург - Пелистер.
Ем цела утакмица не стана од клупата, ни совет ни ништо... Па дури и со Спасе не влегоја в соблекувална на полувремето само си се прошетаа по терено.

Како и да е... Двојче вети шампионска титула. :гик:
 
Па добро де одалеку се познаваше дека Димов го прај составо,ко шо кажа овај погоре Гордан со Металург не стана од клупа,при погодокот со Вардар сите играчи накај Димов појдоја,а и муабети низ град шо имаше од прилично проверени извори дека Димов тактиката ја праел кажва се...
 
дада,до гордан е..........заслугите за опстојување на клубот на мак сцената досега целосна заслуга на фудбалерите,управите повеќе реметеле отколку што направиле.....сакаме спорт ? спортот треба да се остави на спортистите,а не на баграта и политичарите !
 
Ставрев главен судија недела со ѕинговци.
 
Море кој мерак ќе ми напрај победата во Недела и сељаците да ги испратиме за прв пат во 2 лига и дај боже никогаш поќе да не се вратат оти овие и металург како шо ги неќам во прва лига никој друг(се разбира и ренова, дрита и турново) ама овие така ми останале во очи уште ѕинго педерот ко беше на чело на ФСМ и ко ги земаше сите најаки играчи и селаните победваа со по 6-0 5-1 па и повеќе и на тешки натпревари секогаш си имаа по еден пенал и еден црвен картон за другиот тим да не споменувам дека не пуштаа навивачки групи во Кратово и било лотарија некој да оди таму и да гледа фудбал па пред некоја сезона ако добро се сеќавам и нашата тогашна управа не сака да ја пуштете на стадион и сељаците(све да му ебам) стално си даваа измонтирани снимки на шител тв и секогаш плачеја или ударни вести беа нивните победи како пичку матер кој зна што направиле море сега сите да ми го испушат во цело кратово тоа иванов, ѕинго и сите други ќе скапите 2 лига мамата ваша дојде денот да платите пички едни смредени шо мислевте сто години ќе живеј тушникот и ќе ве вади од калта есега ве фатија клетвите и правдата ќе биде задоволена за помалку од месец дена и уште за некоја година до го земите и миравци и ние да бидеме шампиони и ќе можам да умрам а до тогаш ќе се радвам на ова клецање на силекс !

Значи Недела од 16и30 часот мора да победиме и да си ја вратиме самодовербата и да видиме како ќе бидат другите резултати и да почниме да се спемрма за баражот најверојатно со гостивар но има уште време за тоа прво силекс да го поебиме !
 
ФК.Пелистер Битола

Нов почеток за пелистерци со Димов на клупата


СО СИЛЕКС ПЕЛИСТЕРЦИ НЕМААТ ПРАВО НА ГРЕШКА АКО САКААТ ДА ГО ФАТАТ ПОСЛЕДНИОТ ВОЗ ЗА ОПСТАНОКОТ
Минаа пет сезони од последниот шампионат во кој на клупата на Пелистер во текот на сите 33 коло седеше еден тренер. Тоа беше Неџат Хусеин во последната супер позитивна сезона на пелистерци, кога беа третопласирани и обезбедија место во Европа. Од тогаш турболентно се менуваа предводниците на „зелениот брод„ Пелистер го водеа Љамчевски, Мацков, Цветановски (како в.д. решение), пак Хусеин, Секуловски, Димов, Михајлов, Здравков. Сега по трет пат на крајот на една полусезона Миле Димов ќе ја води екипата и пак ќе дебитира в недела против Силекс. На последните три натпревари против таканаречените директни конкурентни Пелистер потфрли и освои само еден бод. Со тоа не успеа да го вреднова успехот со Вардар на Националната арена пред четири кола. Против Силекс, зелените се комплетни и немаат право на грешка.
„Ги потрошивме сите кредити. Навистина игравме под нашето ниво на последните средби и од мечот со Силекс мораме многу подобро, доколку сакаме и наредната сезона да настапуваме меѓу прволигашите. Очекувам правилен пристап, со што драстично ќе си ја олесниме работата во продолжението од сезоната. Ако мислиме дека мечот ќе го добиеме само заради местото на табелата на кое се наоѓа Дрита, се лажеме„ ни рече напаѓачот Благојче Главевски, кој од овој натпревар очекува нова позитивна серија како во есенскиот дел. Досега Пелистер го доби Силекс со 2:1 пред два месеци со пресврт со головите на Рутевски и Димитровски во вториот дел. Големи дилеми има околу стартниот тим, но скоро сигурно ќе има промени од оној кој одигра слабо во Боговиње минатата сабота.
Z.M.100%
 
Ее Пелистер Пелистер :tapp:
Кај му е на двојче шампионскиот Пелистер за следната сезона? Кај е Пелистер шо ќе се бори за титула? Кај е Пелистер шо ќе игра со Реал Мадрид?
Срамотааа, резил за играчите. Уствари шо резил, ко играт со сила фудбал никој не ни е крив.

Врапчето нека оди в кладилница посекако таму му е местото, не на терен. 90 минути ко матор само си потрчнуваше ни борба ни ништо. Па уште капитен е :tapp:
Или можи посладок беше 23 коефициент за 2-2 и 3+ ?

Мислат го тепаја Вардар и готово е, обезбедија опстанок. Малку, многу малку играчи заслужват да играт во Пелистер од овие шо играт сега.
 
абе каков двојче какви црни камења дури не дојди некој приватник и да земи еден стап и се да избрка од таму од пашето па до селанецо кашкавало..па нешто директор изиграва на клубот незнај дома да си оди и тој и миљачо..а за играчите нема шо да се кажи освен 2-3 играчи другите најголем дострел му е пелистер,и од ко памтам некој играч ако нема кај да игра одма го земат во пелистер.тешко нас со вакви управи и во фудбало и во ракомето и во тие градот шо ни го водат...случајно да не беа денес и талевски и диневски на утакмица или завршија изборите и толку стадионот за 4 години ке го посетат пак...
 
Ѓорѓиев се забавуваше под Тумбе кафе


ДЕБАКЛ НА ПЕЛИСТЕРЦИ И ИНВИДУАЛНО ШОУ НА НАПАЃАЧОТ ЃОРЃИЕВ КОЈ ПОСТИГНА ЧЕТИРИ ГОЛА ВО БИТОЛСКАТА МРЕЖА
Прва фудбалска лига - 29 - коло

Пелистер - Силекс 2:4 (1:2)
Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 300
Главен судија: Александар Ставрев
Асистенти: Марјан Кировски и Душко Милошевски (сите од Скопје)
Делегат: Тони Донев (Валандово)
Стрелци: Ѓорѓиев во 18 од пенал, во 29 ,73 и 84 минута за Силекс, а Лескароски во 45 и Миленковски во 90 минута за Пелистер
Жолти картони: Китановски, Ристевски, Димитровски (Пелистер), а Мијатовиќ, Иванов (Силекс)
Црвени картони: Т. Магловски во 29 минута за Пелистер
Пелистер:
Петровски, Китановски, Т. Магловски, Лескароски, Лазаревски, Елмазовски,
А. Вељановски (од 82м. Мустафов), Ристевски, Миленковски, Христов (од 58м. Димитровски), Главевски (од 76м. Марковски)
Силекс:
Божиновски, Иванов, Ѓорѓевиќ (од 46м. Стојков), Петров, Велинов, Мијатовиќ,
Кочоски, Савановиќ, Тимовски, Марков (од 74м. Митевски), Ѓорѓиев
Играч на натпреварот:
Николчо Ѓорѓиев (Силекс)
По врнежливо време и пред рекордно мал број на гледачи, Пелистер имаше императив да слави против давеникот Силекс од Кратово. Новиот предводник на пелистерци Миле Димов се соочи со проблеми за составување на тимот, па во заден час одпаднаа заради повреда Драгарски, Магловски, Степановски и Тони Вељановски. Битолчани брзо наметнаа иницијатива и по првиот корнер, топката погоди в рака еден од гостинските дефанзивци по ударот на А. Вељановски, но Ставрев не се огласи. Во 7 минута Томе Китановски се обиде од слободен удар, но неговиот шут заврши преку голот. Уште позрела шанса имаше Симеон Христов по додавањето на Лазаревски во 13 минута, но напаѓачот не се снајде најдобро и пропадна одлична опција за отворање на резултатот. Но наспроти домашно водство, дојде најлошото можно сценарио за битолчани. Велинов фати една контра, го лансираше Марков кој изби сам пред Петровски и Тони Магловски го сруши во ситуација за постигнување на сигурен гол. Ставрев го исклучи Тони Магловски, а Ѓорѓиев го реализираше пеналот за водство на кратовци. Пет минути подоцна Савановиќ не ја заврши одличната контра на Марков и шутираше над голот. Пелистерци уште не се созедоа од шокот, а примија и втор гол, Велинов фантастично мина по левата страна, убаво центрираше, а Николчо Ѓорѓиев со глава ефектно ја затресе мрежата на Петровски. Во 33 минута гостинската клупа бараше второ исклучување за битолчани, заради игра со рака на Петровски надвор од шеснаесетникот, но Ставрев не го прекина натпреварот. Доминацијата на Силекс можеше да донесе и трет гол во домашната мрежа. Савановиќ во 39 минута од 10-12 метри полулево, шутираше по земја за малку крај дирекот на Петровски. Екипата на Димов се разбуди со ударот на Александар Вељановски од 30 метри во 42 минута, но топката заврши крај дирекот. Во последната минути од првиот дел по слободниот удар на А. Вељановски, топката ја пренесе Главевски на втора статива, а таму Лескароски ја втурна топката во празната мрежа. Се разбранува домашниот табор и се појави трошка надеж за пресврт во вториот дел.
Инерцијата на почетокот на вториот дел донесе иницијатива на Пелистер со човек помалку. Повеќе со срце одколку со глава, избраниците на Димов го потиснаа Силекс во противничкиот казнен простор. По еден час игра Драган Димитровски влезе во игра на местото на Христов и со два високи напаѓачи, зелените се преонтираа на игра на високи топки. Миленковски во 64 минута се осмели на удар од голема дистанца, но централниот шут го примири Божиновски. Играта на контранапади им донесе и трет гол на гостите. Велинов по левата страна убаво мина и остро центрираше, а Ѓорѓиев го комплетираше своето перфектно попладне со трет гол. Напаѓачот на Силекс постави нога околу петерецот и го матираше Петровски. Нов психолошки удар за фудбалерите на Пелистер, кои пак мораа да го бркаат невозможното.На 13 минути до крајот Благојче Марковски влезе на местото на Главевски и веднаш заедно со Димитровски му се закани на гостинскиот голман Божиновски. Но и среќата во 79 минута ги напушти пелистерци и од самата гол-линија дефанзивците на Силекс расчистија. И играта на тотален ризик не им даде резултати на домашните. Савановиќ пресече една акција на фудбалерите на Пелистер и пак Ѓорѓиев изби сам пред Петровски, го мина и ја пласира топката во небранетата мрежа. Инвидуален спектакл на гостинскиот напаѓач кој го повлече Пелистер кон дното и ги уништи амбициите за директен опстанок на битолскиот прволигаш. Во судиското надополнување Миленковски од мешаница ја втурна топката во мрежата за финални 2:4. Најлош домашен натпревар на Пелистер, кога најмногу требаше и кога зелените ги обновија своите надежи да го избегнат баражот. Вака во последните четири кола им треба подвиг да завршат пред деветтото место.

Tрајче Сенев
(тренер на Силекс)
И на претходните два натпревари со Брегалница и Вардар одигравме добри натпревари, но денес момците беа одлични. Одиграа како што се договоривме, ги искористивме нашите шанси и заслужено славевме. Честитки за Пелистер за коректниот натпревар и добрата организација.


Денес ни тие не ги заслуживте !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom