Во право си. Наша најуспешна сезона во овие 15 години е сезоната 2016/17 со 4то место во ПМФЛ и победа во купот против Шкендија. Тогаш претседател на клубот беше Целе Пелистерка. Кој имаше чувство за фудбалски бизнис е арно ама општината, односно некои луѓе во неа сакаа малку повеќе од погачата и тоа и ти го знаеш. Во негово време имаше обид за фаншоп ама пропадна од други причини, а дресот беше изложен во Интерспорт во Домот на културата. Тогаш тој донесе турски тренер Шенсој како и многу други играчи и што беше важно странци како Кардозо. Е сега после ова ти мислиш дека Гаргачо го има тој мозок? Јас мислам дека го нема затоа што од КУД Илинден не е излезен, а беше едно време во ВИП и продаваше телефони и наплаќаше сметки. Таков човек осет за бизнис нема, а Целе го имаше ама ја имаше и Пелистерка како најсилен битолски бренд. Да дадам еден предлог да не биде само критика. Прво треба да се направи реорганизација на целиот ФК Пелистер и да се види кои луѓе се таму и дали имаат осет за бизнис, а ако немаат се знае. Второ на Чкембарите да им се понуди работа во фанзоната и фаншопот. Како трето би го навел скаутингот на млади таленти во основните и средните училишта за сите спортови и овде бара соработка со општинската спортска организација. Клубот треба да има и апликација и одлична веб страница бидејќи сегашната би ја оценил со 2ка. Инвеститори се потребни, а фирми кои би инвестирале има ама проблемот е што некој бара повеќе од погачата. Стадионот имаше замисла да се чисти со робосмукалки по сектори, а тревата да се коси со робокосачки ама во ЈП Комуналец не знаат како да ракуваат со нив па затоа никогаш не се набавени (немам потврдна информација за ова па земи го со резерва). Седиштата требаше пред секое седиште да има малечка канта за отпадок ама гледам тоа не е реализирано. Под стадион треба да има и музеј на клубот, а дресовите може и оригинали ама и реплики од 50ти,60,70ти итн. Јас мислам дека со малку визија и општината би заработиле пари ама тоа не им влегува во глава.