Фан Клуб: Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата јас
  • Време на започнување Време на започнување
На подрачјето на Битола беа побарани автобуси на сите можни места (пред да се донесе одлуката за забрана) и сегде се добиваше негативен одговор значи за понатаму многу тешко ке се добива превоз :toe: ке треба да бараме во други градови.
Ултиматумот до управата е до другиот петок ако не биди исплатена уште една плата и премиата штрајк.
 
ццц тинкачи одвај одеа се чудам професионално играт фудбал и да немат кондиција овие играчите од македонските екипи то чудо едно
 
епа тоа е тоа...колку пари толку музика ја знаеш таа....
абе знам дека е и до то ама не крај краева поке од пола се младинци и знам дел од нив а и самите ми велат дур си млад за да се докажиш ке трчаш ко коњ и за бес пари а еве завчера сите видовме одвај трчат
 
епа покрај другите и они мора така да се понашаат да не речам како говеда по теренот...тоа е тоа притисок од постарите и поискусни играчи
 
Работнички има најсилен состав во лигата,нашите играчи никогаш не треба да ги обвинваме оти сите знајме дека во последните 2години играат без пари,срека шо пола се од Битола и колку толку играат од срце,е сега останаја само најмладите да се докажат а постарите имаат деца за гледање па неможи да продолжат без пари да играт зато го напуштат клубот.
 
Влазрими-Пелистер 0-3 2 гола на Димитровски и 1 на Вељановски
 
Влазрими-Пелистер 0-3 2 гола на Димитровски и 1 на Вељановски
браво за децата само така да редат победи НАПРЕД ПЕЛИСТЕР:olee:
 
честито победата и со среќа понатаму....имаше некој чкембари нешо...
 
тро касно го обајвуват ова децата се вратени од пред една недела ама еве
ФУДБАЛ - НА МЛАДИНСКИОТ ТУРНИР ВО БРАВЕЦ

Пелистерци седми во Бравец

Младинската екипа на Пелистер се пласираше на седмото, претпоследно место на исклучително силниот меѓународен турнир за младинци "Јулијан Мазнаров" кој се одржа во Бравец, Бугарија и на кој настапија четири странски екипи (Барселона, Стеауа, Академија Стоичков и Пелистер) и четири домашни (ЦСКА, Левски, Литекс и Славија), поделени во две групи. Битолчани ги загубија трите меча во својата група, најпрво од Славија со 1:3, потоа од Барселона со 0:4 и од Академијата Стоичков со 1:3, додека единствената победа младите пелистерци ја забележаа против Левски со 3:1 во борбата за пласман за седмото место.
Победник на годинешниов турнир во Бравец е бугарски Литекс кој во финалето неочекувано триумфираше над фаворитот Барселона со 1:0 и го освои победничкиот пехар кој пред две години им припадна на младинците на Пелистер.
 
ова ке да нема крај :uvo:

Пелистерци штрајкуваат

Фудбалерите на Пелистер, по нереализираната последна најавена исплата на платите од страна на Управата, не го одржаа завчерашниот тренинг, а не ја одиграа и контролната средба против второлигашот Новаци. Тие по неколкуте барања упатени до раководството за исплата на заостанатите плати, пред неколку дена добија ветување дека ќе ги добијат парите. Кога Управата не го испочитува рокот, тие одлучија да ги прекинат тренинзите. Неизвесен беше и синоќешниот тренинг.

Немањето пари на пелистерци им ги одложи и мини-подготовките кои требаше да се случат во Охрид. Битолчани пред стартот на првенството имаа дводневен предупредувачки штрајк по кој добија неколку ветувања дека ќе добијат дел од заостанатите плати и премии, но подоцна им беше исплатена само една плата.

Тие добија уште неколку најави дека наскоро ќе го добијат и остатокот, но до средата тоа не се случи, по што ја прекинаа работата.

Неизвесно е дали раководството ќе најде начин и пари да исплати дел од платите за нормално функционирање на екипата или фудбалерите нема да тренираат.


УПРАВА АУТ
 
На седницата на општина Битола донесоја одлука за исплата на 240000 денари на сметка на клубот Пелистер изгледа за плати или некој друг ке ги јади.
Напред Пелистер
 
од тие пари нема 1/3 да одат кај клубот или фудбалерите ама ај...се знае тоа кај ќе одат се е апаши мамата нивна
 
за ова се имаше изгласано од советот уште од пред една недела а според некој информации шо вртат сумата била меѓу 180-200 000 денари шо со ваков тим на Пелистер е многу мала и ваљда ке стигнат за некој 3недели да се скрпат а колку за споредба ова ко се гласаше беше исто така изгласано да му се дат на Конзули (мал фудбал) 150 000 денари зошто е извршена ваква поделба незнам а мислам дека ни малце не беа еднакво поделени и овие малце пари на штета на Пелистер:toe:
 
Back
На врв Bottom