Ајде со здравје да си го носиме... На крај испадна она сценарио кое шо се спомнуваше овде уште од јануари ама никако не го сфаќавме за сериозно.
Трет пат испаѓаме од оваа смрдена лига која е помизерна од билокоја друга во европа. Нека се радват вечер тројцата гробари на спортот во градот.
Двојче е жив среќен, стадион поќе на никој не му треба, плус од тие 120 илјади евра шо се издвоени за спорт...

Сега ко ќе ми текни од тој фамозен милион (кој беше уствари пола милион) тек па сега со 120 сома шо ќе биди леле леле

Во превод, со 20 сома ќе бидат доволни за трите клуба (според на Двојче рачуницата) 100ката ќе се подели братски таму со дечките од партијата, а училишен спорт... Ќе се најди некој луд шо ќе му штампа дипломи за муфте сигурно. Како и да е, феноменално му излезе планот на ќељајцата, ова е уште погенијално од то шо дупките ги покрива со песок место со асфалт, не бомба... 100 бомби да му изват опозицијата него око не му трепнува веќе.
Зоки, едвај чекаше и тој да заврши песната и да слези од орото... Не е типот некој капиталец за да можи сам на грб да влечка цел клуб и уште цела партија паразити, плус тој е заинтересиран за спорт колку јас шо сум за сточарство.
Џокица... Лапна преку 30 сома, го зеде клубот со +6 према Брегалница, сега сме на -13, то се 19 бода

И пак имаше милион прилики да се докопа некако до то 8мо место и да ги помини Гостивар... Ама и да се случеше да опстаниме некако, со онаа игра и онаа поставеност на игра, со онаа екипа... ќе беше светско чудо.
Важно бевме во најновиот хотел во Анталија, и ги имаја сите можни услови...
Играчите најмалку ги критиковав, мада искрено не се ни тие криви до толку... Баба ми да одеше да одбираше екипа мислам дека поарна селекција ќе напраеше. Голем дел од нив се тешка превара, чудо е како некој убедиле дека се фудбалери и дека за то треба да бидат платени, штета за оние неколку шо им ојдоја кариерите накај Царев Двор заради на Џокица пулените.
Како и да е, време е да се огласат и Зоки и Шеро и Двојче, па и Џокица. Не дека некој од нив е за вервање, него да видиме која e фамозната причина шо и овој пат ојде се јабана...
