Фан Клуб: Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата јас
  • Време на започнување Време на започнување
Ова само идиотите од мтв можат да го измислат, две утакмици комбинирано :tapp:

Тумбе кафе небаре базен :X3:
Ќути по арно да видиме нешто до колку ништо како порано
Од тоа што гледав на тв нашите одиграа борбено но црвенито не скина уште на старт и среќа и можеме да бидиме задоовлни што зедовме бод само не знам оти павлов го стави во игра требаше уште еден напаѓач чаки или коле да влези и рутевски требаше да го смени побрзо се знај тој дека 60 минути може да одигра максимум но Горазд имаше и добра одлука со тоа што маглата малиот го стави фластер на блажевски кои до пред тој потег беше одличен потоа го смири малио друга работа мораше повеќе да се оди во напад на прекините и таму да се бара шансата на ваков терен но како и да е сега среда да ги изненадиме шкендија и во недела по рекалсирано да го пречакем металург кој од тоа што го гледав денес без крстев се чорба и сосема друга екипа
http://zoran-misevski.blogspot.com/2012/10/blog-post_28.html
Борбено реми во невозможни услови

По натопениот терен во Битола, Пелистер и Хоризонт Здравје одиграа извореден меч со поделба на пленот
Пелистер - Хоризонт Здравје 1:1 (0:0)
Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 100
Главен судија: Никола Костенчев
Асистенти: Душко Милошевски и Тони Стојановски (сите од Скопје)
Делегат: Николче Здравески (Прилеп)
Стрелец: Лазаревски во 73 за Пелистер, а Блажевски во 58 минута за Хоризонт
Жолти картони: Т. Вељановски, Димитровски (Пелистер), а Митров, Василев, Мојсов (Хоризонт)
Црвен картони: Драгарски во 16 минута за Пелистер

Поројниот дожд кој веќе два дена непрестајно паѓа во Битола, беше главен проблем за фудбалерите на Пелистер и Хоризонт. Во полурегуларни услови, со натопен терен и лоша контрола на топката, сепак мечот се одигра. Пелистерви против лидерот мораа без недоволно опоравениот капитен Димче Ристевски и без Лескароски, чија повреда воопшто не е наивна. Така Рутевски влета во првиот тим како организатор на играта. Домашниот тренер Михајлов го префрли Китановски на левата страна, а Елмазовски го зазеде неговото место како десен бек. Гостите без казнетиот напаѓач Петковски во Битола дојдоа да го чуваат лидерското место. Пелистерци добро и мотивирано го почнаа мечот и Китановски само по 2 минути го упати првиот удар кон Димовски,кој без ризик одби во поле. На првата стопостотна шанса се чекаше 10 минути. Александар Вељановски изби сам пред Димовски, но во одлучувачкиот момент биеше централно, па Димовски одбрани. Моментот кој го насочи продолжението од мечот се случи во 16 минута. Дејан Блажевски на 20 метри од голот на Пелистер беше соборен од Драгарски, а главниот судија Костенчев заради професионален прекршок на последен човек го исклучи домашниот дефанзивец. Домашниот стручен штаб ја трансформираше одбраната со тоа што Елмазовски влезе во средината, Китановски се префрли на десната страна, а Лазаревски се врати на лев бек. Од прекин и со човек помалку, битолчани беа блиску до водство во 22 минута. Рутевски од слободен удар биеше одлично во страната на голманот Димовски, но топката заврши сантиметри крај дирекот. И 7 минути подоцна битолчани беа блиску до водство. По иницијативата на Китановски, Александар Вељановски изби пред Димовски, кој стартуваше со две нозе, а по протестите на домашните фудбалери Костенчев не се огласи. Во продолжението на акцијата, по ударот на Китановски, гостинскиот дефанзивец Вареловски расчисти од само 2-3 метри пред гол линијата. Минута подоцна Балдовалиев го упати првиот удар на турновци во рамката на голот, но Коруновски беше буден на голот. Во 39 минута едноставно во два потези гостите дојдоа до најзрелата шанса. Мојсов го извади Балдовалиев сам пред Коруновски, но натопениот терен ја успори акцијата, па Лазаревски успеа да изблокира. Во 45 минута Магловски центрираше, топката го погоди во главата Петров и заврши во корнер. Дождот го зголеми интензитетот, па во комбинација со ветрот условите за игра беа неподносливи. Сепак првото полувреме беше солидно, со многу трчање, витештво но без гол.
`Во првите две минути од вториот дел гостите два пати се заканија и два пати ја погодија рамката на голот. Најнапред Ташев го погоди десниот домашен дирек по гужвата пред Коруновски. По корнерот кој следеше Балдовалиев беше оставен сам на 5 метри и со глава ја погоди пречката од горната страна. Домаќините возвратија преку Димитровски, кој со своето најсилно оружје со ударот со глава се обиде во 49 минута, но беше за малку непрецизен. Но инерцијата на натпреварот ги донесе турновци се почесто пред Коруновски. Така по една одбиена топка на работ на казнениот простор, Дејан Блажевски „распали„ по земја и го совлада немоќниот Коруновски.Само минута подоцна Стојан Димовски од самата гол линија го извади шутот од дистанца на Рутевски. Домашната клупа го внесе Марко Павлов на местото на Александар Вељановски и Пелистер мораше да се трансформира по офанзивен тим со човек помалку. Во 65 минута извореден слалом на Дејан Блажевски, кој и по тешкиот терен мина неколку битолчани, но никој од неговите соиграчи не ја следеше акцијата. И кога турновци имаа целосна контрола на играта, Сашо Лазаревски мина по левата страна и помалку среќно по натопениот терен ја втурна топката зад грбот на Димовски од мртов агол. Темпото опадна по израмнувачкито гол, иако двете екипи многу се потрошија по тешкиот терен, амбицијата не изостана и кај едните и кај другите. По триминутното надополнување малку бројната публика со аплаузи ги награди актерите во мечот, а ги исвирка делителите на правдата на чија работа постојано протестираа од домашната клупа.

Горазд Михајлов
(тренер на Пелистер)
Одигравме одличен натпревар, во кој по тешкиот терен креиравме многу шанси. Во првите 15 минути имавме неколку шанси кои не ги реализиравме. По исклучувањето исто така направивме да не се почуствува разликата од човек помалку и имавме свои шанси и при 0:0 и при 0:1 за противникот. Сакам да им честитам на моите фудбалери за големата борбеност и уште еднаш да констатирам дека начинот на кој се делеше правдата не беше на висината на задачата. Имавме сериозни протести и за црвениот картон и генерално за критериумот на судиската четворка.
Љупчо Димитковски
(тренер на Хоризонт Здравје)
Двете екипи одиграа одличен натпревар и по овој натопен терен во кој условите беа на работ на регуларноста. Ние можеме да жалиме што не успеавме да ги реализираме нашите шанси при 0:1. Бевме казнети што не успеавме да го зголемиме водството. Коректен натпревар на две добри екипи, кои денес се надминаа себеси по тешкиот терен.
Пелистер жестоко протестира против арбитражата
По реакцијата заради арбитражата на Јосип Бартон на „вечното дерби„ управата на ФК Пелистер најавува официјален протест и против делителите на правдата на мечот со Хоризонт Здравје. Целиот критериум на Костенчев не им се допадна на пелистерци, а „чашата ја прели„ спорното исклучување на младинскиот репрезентативец Христијан Драгрски во 16 минута. По црвниот картон на Елмазовски со Шкендија, на Драгарски со Металург и на А. Вељановски со Вардар ова е четврт црвен картон за Пелистер во тековната сезона.
 
Она за црвен? :facepalm:

А стадионот, ново природно езеро во Македонија под Тумбе кафе :D
Ne znam ke vidime na snimkata i videoto pokasno no edno e sigurno deka imase udar dod strana na dragrski i povreda kaj blazevski no dali hristijan se lizna i na nekenje go zavati dejan ili bese namerno ne mozese da se vidi sepak po moe do kolku bese namerno ke bese start vo noze da se popreci protivnikot a ne vo lice no kako i da e toa pomina dva natprevai suspenzija ne mu bega i se nadevam deka leskarovski ke se oporavi za sreda so skendija i daj boze i vrapeceto da se vrati za da iznenadime vo tetovo
za stadionot i terenot zboruvano e miljarda pati i samo uste ednas se da mu EBAM na tie od opstina od agencijata za maldi i skopski sport i se razbira na ffm i vladata na R.M.
 
Јас играм фудбал во 4та лига и сум штопер и спрема то шо го забележав како беше напраен стартот можам слободно да кажам дека нема врска со црвен. Трчат двајцата, во борба за позиција се и ни едниот ни другиот неможат да ги скријат рацете и да нема никаков контакт. Понапред беше драгаро и ете го удри. Јас мислам дека немаше никаква намера за да го удри оти како шо кажа ти, ако му беше за да го удри ќе одеше старт в нозе и заслужено ќе добиеше црвен. Како и да е, мислам дека е добар резултат ова реми на ваков терен.
Едит: Ми кажаја дека коментаторот на МТВ кога ги најавил стартерите, Драганчо го кажал Дејан Димитровски :facepalm:. Уште еден доказ дека тешки клошари коментират во Македонија.
 
проблемот беше шо го удри со лакт
уште се караме со татко ми дали беше за црвен дали не беше
иако и јас мислам дека беше престрого
 
проблемот беше шо го удри со лакт
уште се караме со татко ми дали беше за црвен дали не беше
иако и јас мислам дека беше престрого
Значи судиско убедување и за воља на вистината судијата беше одма зад нив а не сиганлизираше ништо помошникот сепак реков ќе почекам да ја видам снимката и да беше оштар старт требаше да се прогледа низ прсти оти беше старт на мечот и во ненормални услови за игра и плус беше доста далеку од голот на 30 метри немаше голема опасност да биде гол или зицер и христијан беше пред дејан ...
Кажете за другите одлуки што управата ќе излезела со протест имаше и други сомнителни одлуки или не ?
Сепак е чудно како сите домашни натпревари ни ги судеја само скопјани а во гости ни даваа други судии ама тоа е ФФМ=мафија
 
незнам немаше нешто екстра сомнително...после црвенио пробваше да се извај и за нас свирна неколку топки....а на крајот кузнај шо го мана за нив почна да свири
 
проблемот беше шо го удри со лакт
уште се караме со татко ми дали беше за црвен дали не беше
иако и јас мислам дека беше престрого
Го удри, не велам не, ама борба за позиција и Драгарски беше поблиску до топката. Како и да е, помина то е то.
 
некој поупатен... од кај потекнува Дејан Блажевски?
 
Абе за нигде судење!све да му ебам се претходно организрано,за нас престрого,па после 10-минути за нас во наша полза свирна нешто па после пак се сврте против нас!!ФФМ Мафија све да ви ебам скопско!!!!!!!инаку од моја гледна точка,за жал покрај теренот шо беше за нигде сакам да ги пофалам фудбалерите на Пелистер!Покажаа на мизерни услови игра и борбеност,ама резултатот е тој-нема врска!Турново не покажа посебна игра,иако во 1 минута имаа статива и пречка...Мислам дека поголем дел од играта ја држевме топката...А Лескароски кога се повреди?Преѓе прв пат слушнав дека се повредил,Димче треба да се врати наредната со шкендија.Црвениот картон сигурно ќе биди хендкиеп,ама и се навикнавме секоја утакмица да добиваме :tapp: според мене како шо видов,имаше контакт но поради условите полесно беше за исценирае од играчот нма Турново...Можеше само жол!Беше престрого!!!
 
некој поупатен... од кај потекнува Дејан Блажевски?
Od skopje e deteto :D http://www.transfermarkt.co.uk/en/dejan-blazevski/transfers/spieler_66224.html
Edinstven skopjanec sto vo ponovata istorija igrase so srce za Pelister a denes ni dade gol :sneaky:inaku kaj nas dojde 2006/7 od turnovo
ps.oti be uste nema snimka na orbis ?ili pomina pa jas ne ja gledav :facepalm:
--- надополнето: 28 октомври 2012 во 19:19 ---

Против силекс се повреди а прво го направи пенелот а потоа се повреди и беше изваден од игра уште во првото полувреме
 
Не е во 8 снимката?
 
Не е во 8 снимката?
Појма немам стално то време од 19 до 20 и 30 ама гледам боксерот се зазборал на орбис па реков да не помина оти славчо опасен е и многу аужрен во последно време :P
Инаку еве интересен форумhttp://www.xtratime.org/forum/showthread.php?t=164233 и тема за Фк.Пелистер и мислења од 2005 па наваму и баш е интереесно да прочита тој што не знае како во Битола на второлигашки натпревари имало по 2000 гледачи публика а за тој што знае да се потсети ан некој резултати и интресни моменти
 
се забора боксеро нема друго да дават на орбис па ајде ќе ги слуашме партиите шо не напраја ништо за Битола!Инаку сега во гости со шкендија кој ќе ни недостасува?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom