Фан клуб: Пелистер!

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Абе оди некој на кошарка ? :D :pos:
Знај некој шо работи Печале, јас последно бев со Кожув кога игравме дома во Декември :) После таа утакмица сум во БОЈКОТ ! :pos: Се избркаја дел од србите тогаш Штурановиќ и Симеуновиќ, на тренинг се береа по 4 души, неможеа да се соберат доволно на тренинг, за на утакмица да не прајме муабет, почнаја со лигаење на тв немало пари едно друго и знаев дека го допреа дното :)

Го прати некој овај новиот Радисављевиќ ?
Растура батето, го гледам на статистика стално над 20 коша дава, вчера 34, пред тоа 28, моментално просек 18,7 растура дечкото, да го имавме од почеток друга ќе беше сега приказната...
Како нова пролет во клубот да дојде со овај, плус и Мико Голубовиќ го имаме во екипата, моментално еден од најдобрите центри во лигата после Тодор Гечевски и Душан Кнежевиќ!
И на близу 40 години и тој го гледам над 20 коша пука :LOL: Еден другар ми кажваше бил кога игравме тука со Работнички пред некое коло, го отепал под кош Кнежевиќ, не мрднал кај Мико, стар лисец е Мико нема мрдање :D
Со овие 2 играчи доби на игра екипата, губевме по 30-40 коша, сега намаливме на 10 :)

На статистиките гледам во неделата со младите на Македонија во екипата вратен ни е и Штурановиќ, ако знај некој нешто шо се работи во Пелистер јас глата ја сечам :pos:

Кој кај сака игра кај нас во екипата :D Од кога замина Вукасовиќ, плејмејкер ни беше Апцев од бек на плеј ојде, па сега Штурановиќ е вратен од бек тој плеј ојде, сега немаме кој да ја почни играта, со 2 бека сме Штурановиќ и Апцев и така Печале ќе си комбинира еден од нив да игра плеј. Радисављевиќ цело време беше крило, сега ојде крилен центар да игра :pos: Мора вака секој сегде да се проба, се е каша попара :D
 
Ponedelnik ke se resava sudbinata dali ostanvame vo ligata ili pak ke kurtulime kako lani :D ako ne mu gi registriraat na karpos dvata nasi igraci i toj noviot srbin siguren sum deka ke gi tepame ...No od druga strana i da ostanime vo ligata so kar ke vidime :confused:
 
Полувреме 56-25:pos:дај бе шо напнувате за опстанок,жално е само вака да слушаш колку е резултатот,па камоли уште да го гледаме очоболов вгодина:tapp:
 
Гледајте на страната на кфм има стрим во живо, кој секс ни го маваат па ова е чудесија како мали деца си играат со нас :tapp: Дефинитивно треба катанецот да го клат за кошарка во Битола !
 
И овие нашите дупат.Кај најдоа сега пред избори да отпаднат ,па сега Двојче ќе треба да ја менва програмата шо треба да ја достави до централа за проектот Битола НАЈСпортски Град :D
 
Дај некој поточно нека објасни зошто е толку битна ова утакмица нели после плеј аут се игра од почеток или грешам?
 
Со истиот скор се продолжва т.е Апаве и Соколи ке имат по 3 победи поќе од нас,а и ко шо гледам и доста поквалитетни состави,шо во најдобар случај би било тесно во Битола,а во Скопје очигледно ке не полнат.Заеби дур е Печале онде и дур не се заозбилат од општина со финансирање реалноста си е оваа...
 
Печале уљандисан е сега...:LOL:
Гарант сега дури се враќат со автобусо УРЛА И ДРЖИ МОНОЛОЗИ (кој беше крив,кој згреши)....:pos:
 
Напето е во автобусот гарант:icon_mrgr:
Кара врни Печале 100% :ROFLMAO:
 
Пораз од Фени во првиот меч од разигрувањето за опстанокот 69:63, иако на полувреме имавме предност од 6 разлика водевме 31:37 и пред почетокот на 4/4 водевме со+5, ама последна четвртина дебакл јадовме 22:11 во корист на Фени и ни ја свртија утакмицата, а бевме многу блиску до победа...
Голубовиќ со 20 и Радисављевиќ со 17 поени најефикасни кај нас.
 
Случајно преѓе се погодив в сала и гледам Пелистер играл со Соколите....
Ај си викам ќе погледам,шо да видиш..
Уште по прва четвртина губевме 20+:icon_mrgr:,Печале си седна на клупа од срам,не беше жустар како секогаш....
На полувреме ни имаа бапнато преку 50 коша,па во НБА не паѓат толку....:свиркам:
Ништо не бива,подобро е шо се враќаме Втора Лига,да не се срамиме,не ја бива вака работата,со 5-10 илјади евра не се купва ни кола,камоли да се води прволигашка екипа...:facepalm:
 
После 4 месеци пауза ојдов да погледам малку кошарка (секс) во сала...
Нема шо да се кажи, резултатот си кажва 72:113!
Па ние сме единтвената екипа во Европа и пошироко која не се враќа во одбрана, и зато секоја утакмица јадиме по 120 коша!
Па одиме во напад, губиме лесно топка и буквално никој не се враќа во одбрана сите 5 играчи си останват напред, зато преку 10 пати ни закуцаја !
Мијовиќ му е најдобар во екипата нив, добар играч не наполни до врв...
Кај нас Радисављевиќ беше добар само, и малку мрдаше Мико со некој дуели под кош, инаку за во одбрана Мико со Захариевски не ги барај си дремат двата напред...
Последна четвртина му изигравме со деца, резервите по 17,18 години!
 
Еден е Печале, ама пофаца дефинитивно е носачот на таблата :D
DSC01448.JPG

Иначе запрметив дека на "помошников" му се тресеа рацете поголем дел од времето. Да не има некоја болест? :(

Радисављевиќ ви беше ѕвер на утакмицава. Влегува во рекет со еден на саат и одеднаш ги минува сите и си положува :D Ми кажаа дека од затвор сте го собрале (не знам колку е точно). Зошто лежел во затвор?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom