Иако имавме убедливо водство од првите 3-4 минути, па се до крај, играта не ми се бендиса воопшто, премногу грешки, мора да ги сведиме техничките грешки на минимум можи 30тина топки изгубивме, не смеј вакво нешто да се дозволи на екипа (искусна) како нас, плус се сложвам со Мац дека ова е само лош ден на тфт, не смеј ова да не залажи пример за во лигата, иако тврдам дека од лани се за класа послаби тие, ама докажавме дека можиме да играме и со нив, а од следната недела кај нив иди нов центар странец (не се интересни појќе со странците).
Без Стајиќ поради ситна повреда сме во Златибор, ама за следната во лигата се враќа, плус многу се исцедија играчите како Карутерс, Караџа и босанците, ама немаме клупа то е, влезе Двојако со два потези одма можиш да го прочиташ детето дека е неворед и 5 фаула си напрај и попаметно му е да си гледа од клупа.
Среда со Шенчур ќе победиме мислам, ако се затвори добро тој центаро кај нив, готови си, ќе му го најди чарето Сејо наш за нив

п.с. До крајот на неделата треба да пристигни американец плеј кај нас, кој ќе биди замена за Доналдсон кој ја пропушта сезоната за жал
