Фан клуб: Пелистер!

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Пички најголеми !
Тие шо ви се серат на гла место да ги отпадните, вие плеј оф му давате....

Сите да си одите доста е нерви.
Добро утро Пецка, ај вгодина можи ќе ни го дадат купот да го организираме :pos:
 
На помалку од два месеци до истекот на договорот меѓу Општина Битола и приватниот партнер Таскфорс за заедничко вложување и управување со КК Пелистер, клубот влегува во сериозна неизвесност. Наместо стабилизација, се отвораат прашања за долгови, нефункционално партнерство и институционална негрижа.

Раководството на клубот отворено сигнализира дека соработката со локалната и централната власт е нарушена. Општината има неисполнети финансиски обврски, додека државата, по измените во т.н. ваучер систем, не понуди механизам за покривање на дополнителните трошоци што паѓаат на товар на спонзорот.

„Добрата волја за жал во моментот е само од една страна. Значи не се направи повторно обид да се седне на маса и да се каже, да луѓе имаме ферплеј игра , влеговте во моментот кога е најтешко. Морам да потенцирам, претходниот ваучер којшто беше пред да влезе Таскфорс, исто Таскфорс го раситна во вредност од над 100.000 Евра и од тоа се покриени дел, голем дел, долговите коишто беа затекнати на од претходното раководство. Со тоа што морам да потенцирам уште едно нешто, не се во целост сеуште покриени. “

Паралелно, финансиската состојба дополнително се комплицира со серија судски спорови што поранешни играчи ги водат против клубот. Според Илиевски, во архивата недостигаат клучни документи од претходното раководење што директно резултира со одлевање на значителни средства од буџетот.

На прашањето кој треба да расчисти,Илиевски вели „Општината со раководството во делот кога сето тоа е направено. Таскфорс само влегол и сервисирал се што е за да функционра клубот кадешто бил блокиран. Еве ќе ви кажам ситуација, играч кому се должат 120.000 денари ги бара парите врз основ на договор, меѓутоа нема право да го тужи клубот. Наеднашка во тој период раководството потпишува договор којшто е со играчот (во кој вели ) „добро ќе ти ги исплатам, ако не ти ги исплатам дотогаш имаш 50 Евра од ден. Играчот наплаќа по 3 (три) месеци 12.000 Евра. Никој не реагира на тоа. Такви договори - 5 ( пет ), тоа е во вредност од 100.000Евра плус! Никој не реагира на тоа!“

Во вакви околности, клучното прашање, дали ќе продолжи партнерството, останува без одговор. Иако роковите истекуваат, партнерите сè уште не седнале на заедничка маса за да ја дефинираат иднината на клубот.

„Веќе се доцни со таа релација. И да не се продолжи договорот во иднина е подобро да се знае уште сега. И уште сега да се знае, нека се назначи тоа ново раководство , желба коишто имаат да го водат клубот итн. да тие почнат уште отсега да ја претставуваат, го претставуваат проектот којшто ќе биде во наредниот период како овој град би бимал во иднина спорт кошарка.“

Договорот, потпишан пред три години од градоначалникот Тони Коњановски и извршниот директор на Таскфорс Ацо Додовски, предвидуваше јасна финансиска рамка: 250.000 евра годишно од општината и 100.000 евра од приватниот партнер. Формално, Општината остана стопроцентен сопственик, додека Таскфорс доби влијание во управувачките структури. Публиката доби возбуда, но сеуште ја чека првата кошаркарска титула во Битола.

So saka da kazi Mac deka imame borc ?https://www.facebook.com/share/v/1JBP1UrvZL/
@Пеце aj ako sakas brat kazi mi so veli coekot ...
 
Точно е ова за играчот, наследена ситуација од пред да влези Таскфорс, ова ти е како дополнителен и непланиран трошок со потпишан договор тогаш кој во целост го доби екс играчот, а не беше само тој шо тужеше....
Сума сумарум да не должам, топката е подбуцната кај Тера тв од претходните поттрчковци на Зоки и ова ти е еден начин мерење на муда, немаше кој па пробаја кај Тера како "неутрален" медиум, сам знајш како тука на оваа тема претходно се најде ФК, сега е КК, а од утре не ме чуди да е и РК....
 
Наместо да се оди на ТФТ и да изгубат денес да видиме поголеми шанси за едно финале. Зедоја го тепаја МЗТ во најнебитниот меч во сезоната.
 
Реално и јас размислував така, од причина шо, неандерталците имаат плус меч со Широки, ќе беа изморени дополнително, инаку шутерски можи се подобри Тфт од Мзт, особено ако се разиграат американците.
Од друга страна, ако изгубеја, рајата битолска е спремна со 10те прсти на тастатура и ќе одеше одма контра реплика за поразот, така да шо и да се деси кај нас во градот, секогаш има зошто, како, кога, каде и ред други точки и подточки.
Се одбра Мзт, нека се изигра машки, видоја дека можат и во ск да победат со машка игра, плус последниот месец формата е ептен крената и играме доста добра кошарка, особено со Кожув, ТФТ и денес....
 
Ако некој уште мисли дека имаме деца за кошарка во Битола, нека ги пушти последните 7 минути од 4тата четвртина. Изгледат како тешки аматери, а Тиквеш исто 80% со деца е, изгледаја како Леброн покрај овие нашите.
 
Не е само кошарката, во сите спортој нема таленти, тука сме слаби, ниту фудбало, ниту ракомето има извадено асолно нешто, па да се проба надвор, последно е Фитиљо пред 10-12 години во ракометот и во фудбало таму негде после 2009/2010 ко даваја надеж Мацата, Брда, Стеф и Кире, тие се вкупно 5 во последните 15тина години....
Ова поле е болна тема за Битола, за таков град со 3 екипни спорта во градот, после сеа некој ќе ми кажи абее знајш тренирале 600 деца има на ќумурмо, има кур, толку му сечи, ке созреат 75% од нив се кладам со кој сака дека после полнолетство менват професија, а од друга страна слаби сме и со тренери, не можи уште до вчера Дуци да тренира деца, мора да се сменат тие работи, едино надрж дава само ракомето како спорт број еден во градот и успесите последно на клубот ќе вродат повеќе надеж кај младите, особено титулите, настапот на младите во Ф4 во Келн дава некои сигнали, каде до сега убо си ја работат работата тренерите таму....
Кошарката е трет спорт во градот и да има деца со Созото и Перката толку е мајндсетот, до тогаш ќе се се надеваме на "нашите деца" како Бељата на 32 години во кошарката, Јоки со 31 во фудбало или голобрадото момче Никола Митревски во ракометот со 38 год.
Нема деца ниту таленти во градот, да не се прајме со сила паметни....
 
Back
На врв Bottom