zna4i ako marisu pobedi dvete a nie ako gi tepame pao mozime pak da ne odime ponatamu????a barca sigurno odi????
Ако Партизан победи против Пао наредната Недела, а Маруси загуби еден натпревар или од Барса дома или од Пао на гости, тогаш Партизан иде во 1/4 финалето... ако Партизан ги изгуби и двата натпревари, со Пао дома и со Барса во Шпанија, а Маруси исто така ги загуби последните два натпревари, тогаш пак Партизан иде напред... ако Партизан ги победи и двата натпревари, тогаш без разлика од исходот на натпреварите на Маруси, е сигурен патник во 1/4 финалето... Ако Партизан победи на еден натпревар од множните два, а Маруси ги победи и двата натпревари, тогаш Маруси продолжува понатаму... Маруси иде понатаму ако ги победи и двата натпревари, а Партизан ги изгуби двата натпревари... :smir:
Мислам дека ги напишав сите можни варијанти... ако имам некаде грешка или нешто не сум допишал, исправете ме... Според мене сигурен патник и освојувач на првото место во групата е Барса, Пао е веќе елиминиран, без никакви шанси за 1/4 финалето... а од Партизан и Маруси ќе се одлучува за вториот патник во 1/4 финалето... според мене шансите се 70%-30% во корист на Партизан... Пласманот во 1/4 финалето на Партизан не му зависи од никоја екипа, едноставно тие сами си одлучуваат, со победа над Пао наредната Недела, тогаш Партизан е сигурен патник во 1/4 финалето, бидејќи мислам дека Маруси не е екипа со толкав капацитет да ги победи и Барса и Пао во последните два натпревари
Ако Партизан го освои второто место во групата, ќе игра со првиот во групата каде што се Реал Мадрид, Макаби, Монтепаски Сиена и Ефес Пилсен... во таа група по четири одиграни натпревари, сите екипи имаат скор 2-2, премногу изедначена група и нијанси ќе решаваат во последните два натпревари кои ќе иде во 1/4 финалето и кои ќе биде како првпопласиран, а кои како второпласиран во групата
П.С. Може некои да ми каже само кој ден е точно натпреварот Партизан-Пао, дали Среда или Четврток и во колку часот... слаб ми е нетот, неможам да проверам :smir: Фала Однапред:wink: