Фан Клуб : Овче Поле

  • Креатор на темата Креатор на темата WW
  • Време на започнување Време на започнување
Богоев - нов плеј на Овче Поле?
Ефтим Богоев би можел да биде најновото и тоа големо изненадување за екипата на Овче Поле
Поранешниот репрезентативец сe уште е без активен ангажман, па во последните денови сe посилни се сигналите дека би можел да се обврзе на договор со екипата од Свети Николе. Потврда плус на тие предвидувања беше испратена и во текот на вчерашниот ден кога струмичанецот бил виден во просториите на Овче Поле и во разговори со стручниот штаб на "зелено-белите".
 
Нема точно резултат, се играло онака тренинг-утакмица, не се броел резултатот... Играле сите од Овче Поле, се ротирале често играчите :wink:
 
да да Богоев потпиша, за некое време можеби и Душан Боцевски
 
Овче Поле - МЗТ Скопје, Недела 05.12.2010 во 19:00 часот, со директен пренос на А2 ТВ :helou:
 
САКАМЕ ПОБЕДА,ПОБЕДА ВО НЕДЕЛА ! ЌЕ ИМА БУМ ВО САЛАТА !:vozbud:
 
Судијата Ј.Крстевски е казнет со несудење на 2 натпревара поради лошото судење на натпреварот Куманово-Овче Поле.
 
Пораз од МЗТ Скопје 59-67... 3/4 четвртини бевме во предност, најголемата и 8 разлика, но одлучувачка беше последната четвртина каде постигнавме само 5 поени и тука го загубивме тоа што го градевме 30 минути... Следен натпревар против Пелистер во Битола, па доаѓа Ултимејт Баскет... е сега ако не ги победеме овие две, нема што да тражиме натака... :helou:
 
Натпреварот против Пелистер во Битола е преместен за во Среда 15.12 :)

Иначе вчера на пријателски натпревар во Гевгелија против Кожув сме победиле 20 разлика :wink:

П.С. Најверојатно Саша Каталиниќ повеќе не е тренер на КК Овче Поле... за новиот тренер кога ќе биде официјално ќе пишам :helou:
 
60 -60 ,уште 8 минути

--- надополнето ---

75-77
Богоев тројка на 3 секудни до крајот :vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom