ЌЕ ИМА ЛИ СУСПЕНЗИЈА ЗА ОСОГОВО?
2009-02-15
Лидерот на табелата во Третата лига – Исток, „Осогово“ веќе година и пол нема доживеано пораз на фудбалскиот терен, но ако луѓето кои го водат продолжат и понатака да се размислува со „ладни глави“ лесно може да се случи првиот пораз кочанчани да го доживеат на „зелената маса“,
За што поточно станува збор?
Во рамките на последното есенско коло во Кочани на 14.12.2008 година се одигра натпреварот „Осогово“ - „Зрновка“. Согласно пропозициите судиите: Драган Јаневски, Александар Ангелов и Игор Богатинов и делегатот Иван Миролаев на домаќинот му предале налог за да си ја наплатат судиската и делегатската такса, но до ден денес од уште неразјаснети причини луѓето кои го водат еден од најстарите клубови ви државата одбиваат да го уплатат долгот.
Дознаваме дека овде пропозициите се јасни. Челниците на „Осогово“ им било ќеиф или не, ќе морат до почетокот на првото пролетно коло да ги платат своите финансиски обврските. Ако тоа не се случи „жетварите“ нема да можат да го одиграат првото пролетно коло а натпреварот ќе го загубат со службен резултат. И тука не завршува се. Обврската се поместува до второто коло, кога ако се повтори игнорирањето за неплаќање лесно може лидерот и речиси сигурниот првак на Третата лига – Исток, да биде исфрлен од лигата.
Дали некој сето ова го работи свесно или не времето ќе покаже, но како и да е Осогово не заслужува ваков однос од луѓето на кои им беше дадено да менаџираат со клубот кој годинава слави 85 години од своето постоење.