Фан Kлуб: Осогово

  • Креатор на темата Креатор на темата Архивист
  • Време на започнување Време на започнување
ЌЕ ИМА ЛИ СУСПЕНЗИЈА ЗА ОСОГОВО?

2009-02-15
16716os2.jpg
Лидерот на табелата во Третата лига – Исток, „Осогово“ веќе година и пол нема доживеано пораз на фудбалскиот терен, но ако луѓето кои го водат продолжат и понатака да се размислува со „ладни глави“ лесно може да се случи првиот пораз кочанчани да го доживеат на „зелената маса“,

За што поточно станува збор?
Во рамките на последното есенско коло во Кочани на 14.12.2008 година се одигра натпреварот „Осогово“ - „Зрновка“. Согласно пропозициите судиите: Драган Јаневски, Александар Ангелов и Игор Богатинов и делегатот Иван Миролаев на домаќинот му предале налог за да си ја наплатат судиската и делегатската такса, но до ден денес од уште неразјаснети причини луѓето кои го водат еден од најстарите клубови ви државата одбиваат да го уплатат долгот.

Дознаваме дека овде пропозициите се јасни. Челниците на „Осогово“ им било ќеиф или не, ќе морат до почетокот на првото пролетно коло да ги платат своите финансиски обврските. Ако тоа не се случи „жетварите“ нема да можат да го одиграат првото пролетно коло а натпреварот ќе го загубат со службен резултат. И тука не завршува се. Обврската се поместува до второто коло, кога ако се повтори игнорирањето за неплаќање лесно може лидерот и речиси сигурниот првак на Третата лига – Исток, да биде исфрлен од лигата.

Дали некој сето ова го работи свесно или не времето ќе покаже, но како и да е Осогово не заслужува ваков однос од луѓето на кои им беше дадено да менаџираат со клубот кој годинава слави 85 години од своето постоење.
 
ЈОРДАНОВ НОВ ПРЕДСЕДАТЕЛ НА ФК „ОСОГОВО“

2009-02-22
16908os2.jpg
Во саботата навечер во просториите на ФК „Осогово“ сместени на стадионот „Никола Мантов“ се одржа Годинешното Собрание на еден од најстарите фудбалски клубови во Македонија.

Во салата состаноци пред голем број љубители на фудбалот и навивачи на ФК „Осогово“ најпрвин беше прифатена оставката на досегашниот Претседател на клубот, Славе Симеонов кој поради оправдани причини не е во состојба понатака да биде на оваа функција. По оставката на Симеонов, присутните избраа нов Претседател на клубот. Честа да биде на челото на „Осогово“ во наредниот период му припадна на Благој Јорданов Жок, некогашен фудбалер на „Осогово“.

На Собранието освен изборот на нов претседател, беше поднесен и финансов извештај за работата на клубот во изминатиот период, како и програма за работа што го очекува „Осогово“ во иднина.
 
//www.youtube.com/watch?v=MAGCToPslJw
 
ФК ОСОГОВО

"Еватекс" генерален спонзор

КОЧАНИ. - Во просториите на Градскиот стадион "Никола Мантов" во Кочани се одржа седница на Собранието на фудбалскиот клуб Осогово, на кое делегатите едногласно прифатија генерален спонзор на најстариот фудбалски колектив во Кочани да биде конфекцијата "Еватекс", а нејзиниот сопственик Димче Ѓеоргиев е избран за нов претседател на Управниот одбор. Досегашниот прв човек на управата на Осогово, Благој Јорданов-Жоко, останува во раководството и понатаму ќе биде вклучен во сите активности на клубот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom