Фан Kлуб: Осогово

  • Креатор на темата Креатор на темата Архивист
  • Време на започнување Време на започнување
РАЗДЕЛБА СО ГОЛ ШОУ НА ГИЦОВ ОСОГОВО - КАРБИНЦИ 6:1 (2:0)

2008-05-19
6503gicov2.jpg
Кочани. Стадион: „Никола Мантов“. Гледачи: 100. Главен судија: Марјан Гоцевски. Помошници: Зоран Златанов и Иле Јанев (сите од Струмица). Стрелци: Гицов 13, 82, 84. Каров 36. Наков 57, 86 („Осогово“), Демјанов 81 - автогол („Карбинци“). Жолти картони: Каров („Осогово“), Јанев и Велинов („Карбинци“).
„ОСОГОВО“ – Данев, Дамески, Демјанов, Темелков (Б.Ѓеорѓиев), Манчовски (Данилов), Митев, П.Ѓеорѓиевски, Наков, Јаневски, Гицов, Каров (Цветанов).
„КАРБИНЦИ“ – Велинов (Трајчев), Л. Николов, Де. Стојанов. Да.Стојанов, Јанев, Митев, Гигов, З. Стојанов, Б. Николов, Дар.Лефков (Ивановски), Дан.Лефков.

Во последниот натпревар во ова првенство шампионот на третата лига Исток со голеада се прости од своите гледачи. Играчите на домаќинот по сончево време играа како да се работи за клучен натпревар а не за натпревар без некое поголемо значење. Јунак на натпреварот беше матурантот Петар Гицов кој го постигна својот прв хет-трик во сениорска конкуренција, два гола даде голгетерот Наков а еден Каров. Единствениот гол за гостите е автогол на домашниот играч Демјанов. Гостите можеа со полна мрежа голови да ги напуштат Кочани, но главен „виновник“ се домашните напаѓачи кои промашија многу стопостотни прилики а згора на се во 50-тата минута П.Георгиевски не реализира пенал, односно гостинскиот голман Велинов го одбрани.
 
Осогово ке игра против Локомотива во баражот за влез во втора лига
 
Баражот се игра во сабота во Кавадарци со почеток од 16:30 часот
 
ШАНСИТЕ ЗА ВТОРАТА ЛИГА ПОДЕДНАКВИ

2008-06-05
7231fudbal_stadion2.jpg
Во недела се играат бараж натпреварите за пополнување на Втората Македонска фудбалска лига. Од петте противника „жетварите“ ја добија скопска „Локомотива“ еден од најстарите клубови во државата. Со оглед на квалитетот на останатите екипи се чини дека „Осогово“ доби противник еднаков на неговиот квалитет со кој со подеднакви шанси влегува во натпреварот.

Неделниот натпревар ќе се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци со почеток во 16,30 часот, а екипата на „Осогово“ не обезбеди организиран превоз за своите навивачи туку остави секој да се снаоѓа како знае и умее.

Според она што го слушнавме вчера во фудбалските кулоари на градот, навивачите стравуваат од две работи, првата е судиската тројка која по правило со децении наназад секогаш е на страната на кочанските противници и втората наводно стравувањето дека „жолтите“ го добиле најтешкиот противник.

Се поставува прашањето дали екипите на „Љуботен“, „Новаци“, „Брвеница“ и „Кожуф“ се понеквалитетни во однос на екипата на „Локомотива“. Едно е сигурно, изедначениот квалитет е тука, шансата на „Осогово“ е голема по неколку сезони да се искаче скалило погоре, само за тоа ќе треба и нерви и самодоверба која се надеваме дека играчите на „Осогово“ ќе ја имаат во неделата попладнето во Кавадарци.
 
Баш ќе одам да ве гледам :)
Ај утре после утакмицата одма ќе ви го кажам резултатот.
 
ajde be rezultat znae nekoj?
se nadevam pobedil osogovo
 
оххх а баш сакав да улеземе у 2ра лига :cry::cry::cry:
 
оххх а баш сакав да улеземе у 2ра лига :cry::cry::cry:
da ti kazem pravo i ja sakv da vlezete, zos preku k*r mi e od ovja skopskive ekipi. namesto da ima ekipi so renome i istorija u vtora liga, toa sve polno so nekoi bez vrska ekipi
 
не ми се веруваше коа дознав дека на пенали изгубиле. иако сум скопјанец и јас нејќам да глеам екипи како Локомотива како им земаат место на екипи коа доаѓаат од градови од каде шо нема ни прволигаш ни второлигаш.

Локомотива со местење и го зема местото на Брегалница Штип а еве сеа на пенали среќно го тепала Осогово иако кочанчани воделе 2:1 во продолженијата.
 
Баш ми е криво што Осогово изгубил,но ајде повеке срека следната сезона
 
Баш сакав да влезат у втора, да се јадеа со Цементара, ама тоа другпат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom