Фан клуб: МЗТ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата arap
  • Време на започнување Време на започнување
Утре е супер купот, и тој ќе го пренесуваат.
А првенството почнува од следната недела како што знам.
Да од следната Сабота. Работнички игра со Вардар, мзт со Лирија
 
еее Тодоров ни ти ништо нема да напраеш со оваа екипа...под итно центар да си купеш да не изиграваш фраер...

Денеска никаква одбрана не игра Мзт катастрофа...
Далман со 200цм играе центар е не ја бива така бе ке ве пунат сите како Торус денеска..
 
Малце неверојатно како тренеров на МЗТ на два месеци од почеток на сезона најавуваше сигурна титула.. арно што ваков ладен туш доаѓа на пријателски натпревар, да се освести човекот дека со игра се победува, не со зборови :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: FA
Овој Димчевски,се гледа дека сака да се покаже,има време за него ако продолжи напорно да работи ќе го биде,барем засега шутот му е добар.А Бојан Трајковски заслужува повик за репрезентација,многу комплетен играч,оправдано е што го најавуваа како иднина на мак.баскетот.А МЗТ никаков центар нема,ако чека само на Чековски ќе си почека за титулата.
 
Како бе вака? Не и Торус се дефинитивно непрофесионална лига, па кој слави тука 45 години постоење ?! ццц... Па уште ги газат бе, Ивица немилосрдно...
 
Mу тргна на Димчевски, а и на Трајковски, мада далеку поквалитетен тим има Торус моментално и треба да се смета на овој тим за оваа сезона, незнам зошто толку се оптимистички настроени овие од МЗТ, не видов ништо посебно кај нив.. можи беше пријателски меч, ама толку катастрофално издание не треба да се има една недела пред стартот на првенството.
И ако знаеме дека од наредна година ќе играат во АБА лигата, хмм не сум толку убеден дека ќе си поминат добро таму ако не земат некое добро засилување..барем некоја победа на домашен терен да имаат.
Спонзори, подршка од сите страни, а екипа нула и тоа за Македонско првенство. Ај можи ќе се сменат работите во првенството. Ќе видиме против Лирија прво коло, и тие имаат добар тим..
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: FA
о море селјак еден од кај знаеш дека нејкел да ни плати не одиме поради тоа тука поради други причини честито пораз 17 разлика :pos::pos:
--- надополнето: Oct 8, 2011 6:07 PM ---
‎45 години Аеродромска мизерија, кризата ви трае како шпанска серија! Честит јубилеј со 102 подароци :pos::pos::pos:
кој други причини ;) мало е скопје не се лажете.

мајка ти има најголема владина поддршка, балавец еден кромидски
 
Што се напнавте од пријателски натпревар толку. Се гледа дека сите желно чекаат да почне ова досега најинтересно првенство. МЗТ купија многу играчи, ама па неможеш да очекуваш многу од пропалици као Чековски и Ристе и неколку колеџ американци кои дошле у МК да печалат. Сепак мислам дека ќе се борат за титула, бидејќи ФЕНИ и Работнички и не се така толку подобри од нив, а и Торус се тука некаде шо не треба да се занемари.
 
Пораз на МЗТ од Торус на ПРИЈАТЕЛСКИ натпревар, и одма се дигна галама, немале да освојат ни оваа година титула,послаб тим од лани имале, али ако тоа им одговара на МЗТ да играат без притисок иако Тодоров сам им го нанесе со изјавите ала Мурињо.
Колку за потсетување дека сите играчи им се нови, сеуште се уигруваат, некои играчи играа недоволно опоравени ( Дејвис ), Чековски кој ќе биде главен центар барем до полусезона не играше... Со Јаневски сигурно дека нема да тепаат.
Додека пак Торус го задржаа костурот од лани, само Јелесиевич си замина а дојдоа Црни кој исто има играно пред две години во Торус и Перо Блажевски на кого не му треба адаптација. Како и да е ти да постигнеш 90 поена а да загубиш е нешо лудо, значи нападот функционирал добро али за жал одбраната беше катастрофа невидена.
Китс многу ме разочара, дечкото е без мозок ко од Марс да паднал, само како лудак скока. Се надевам дека ќе го средат бидејќи може да биде од голема корист.
П.С. Ѓечевски МЗТ те чека ! :icon_mrgr:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: FA
Oва некако е деџаву, и лани земаа доста играчи, се најавува атак на титула, па не би ме чудело, а и не се чудам доколку истото ве снајде и годинава. Едноставно нели вија сте једна лепа виртпул машина за новце !!!
 
Не е убаво да се губи дома на турнир за 45 години МЗТ и тоа со 30 поени,ама сепак е подобро сега да се види дека не сме Лејкерс,туку дека треба да се работи.Ако не земеме 1 висок играч,т.е. центар што ќе може да игра под обрачите тешко дека ќе напраиме нешто.Фени си го шитнаа кире земаа играч кој што не би ме чудело испадне подобар од него.Торус видовме што ни направи(да неуиграни сме ама сепак да изгубиш 30 разлика дома ??),Работнички исто така ако не земат играч под кош не праат ништо.Само да најдам изјава после утакмица што ја дал нашиот Фил Џексон.Од почеток на подготовки труби дека немало да има тим што ќе ни парира сезонава и дека 100% сме шампиони сезонава.Поарно ќути трај ама работи и други да ти судат,ама не он мора да се пофали дека е кошаркарскиот мурињо,дека сите ќе ги тепаат.Можеби не е лош стратег,можеби на нив им тргна,ама неговото однесување надвор од теренот(со потценување на противниците) не чини.
 
@ Никац - Не е убаво да се губи на ниеден натпревар ама вие премногу преовеличувате. И не беа 30 беа 15 разлика на натпревар каде што се одржи нормална церемонија 45 години МЗТ која што требаше да биде одржана на натпреварот со Левски но поради недостапноста на повеќе легенди не испадна ништо.
Да се одржеше церемонијата тогаш сега со сигурност ќе викавте дека ќе бидат шампиони дека нели победија, или грешам?
На уште не почната сезона одма со осудување, не е Тодоров - Ацо Петрович или српскана пијаница што не водеше неколку утакмици па да не ги увиди грешките. Ако не грешам уште по натпреварот со Левски каде победија, Тодоров даде изјава дека уште многу треба да се работи на играта во одбрана.
Само трпение, ланската сезона ветија добар пласман го остварија, оваа година ветуваат титула - верувам дека ќе го исполнат истото. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom