Фан клуб: МЗТ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата arap
  • Време на започнување Време на започнување
Фени влезе на местото на МЗТ додека МЗТ најде брза замена и утре трга на турнир во Србија каде што игра со Партизан па после финале или за трето во Сабота се игра.Другото 1/2 е Игокеа - Хемофарм.
 
Учеството на турнирот во Софија каде што требаше да учествуваат екипите на МЗТ Скопје, Левски, Панатинаикос и Балкан е откажано поради технички причини. Во замена за тоа ќе се одигра друг турнир кој ќе започне во петок, на кој ќе учествуваат Партизан, МЗТ Скопје, Хемофарм и Игокеа. Полуфиналните двојки се: МЗТ Скопје - Партизан и Хемофарм - Игокеа.
 
Од какви немири се уплашија Бугарчината?:D
GATE 13 да не најавија присуство на утакмицата па да се уплашат?:eek:
Оф леле мајко....:tapp:
Балканска работа:D
 
Од какви немири се уплашија Бугарчината?:D
GATE 13 да не најавија присуство на утакмицата па да се уплашат?:eek:
Оф леле мајко....:tapp:
Балканска работа:D
200 Грци требало да дојдат, барем така прочитав на некоја страна.
 
грците се уплашија , па одма кај бугари одат да ја опраат работа , ќе видите дека грци ќе присуствуев на турнир , мислам на навивачи
 
Ланскиот играч на МЗТ Скопје Синиша Аврамовски ги засили редовите на Лирија, додека Јане Петровски тренира со тимот на Вардар 2000.
 
додека Јане Петровски тренира со тимот на Вардар 2000.

Тренира да се одржува во форма но тешка работа дека ќе игра во Вардар....инаку и Синиша тренираше со Вардар пред да потпише со Лирија.
 
Тренира да се одржува во форма но тешка работа дека ќе игра во Вардар....инаку и Синиша тренираше со Вардар пред да потпише со Лирија.
Знам знам, затоа и не пишав дека Јане потпишал со Вардар туку дека само тренира.
 
Се мислам дека Лирија годинава ќе биде главен конкурент за титула, многу се засилиле.
 
Утре таа работа, ако се наиде на нешто ќе биде ставено, секој би сакал да го гледа натпреваров. :)
RTRS ке го пренесува вториот натпревар помеѓу Хемофарм и Игокеа и утрешното финале, што значи од мечот Партизан - МЗТ нема да има слика.
 
МЗТ демолиран 91:61, плус повреден е еден американец број 34. Ајде како и да е сепак тоа е Партизан, а МЗТ треба добро да се спреми за наредна сезона. Дејвис после повредата одведен на снимање во бањалучката болница, да се надеваме дека не е сериозно повреден.
 
Што му се случило? Снимање на што?
Што и да е да се надеваме дека не е нешто сериозно и дека ќе се врати брзо на паркетот.
 
Тешко е повреден Кејд Дејвис кој е изваден на носилки од сала и моментално се наоѓа во болница во Бања Лука
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom