Фан клуб: МЗТ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата arap
  • Време на започнување Време на започнување
Сега ако не го земите Самарџиски...
 
Штом ова го изјави Ивица ондак сигурен сум дека русинот од ЖРК Вардар ќе инвестира бајаги и во МЗТ следна сезона.

Ги посакувам Самарџиски, Антич,Војдан и нормално останување на Пипан за следната сезона. :D
 
Штом ова го изјави Ивица ондак сигурен сум дека русинот од ЖРК Вардар ќе инвестира бајаги и во МЗТ следна сезона.

Ги посакувам Самарџиски, Антич,Војдан и нормално останување на Пипан за следната сезона. :D
Прилично нереални желби,ама дај Боже барем Самарџиски(можеби и Војдан ама би било тешко да се доведе). :D

Како и да е фали плеј,Оташевиќ навистина се труди,и дава се од себе на секоја утакмица,исто игра одлична одбрана АМА,многу е низок да му се сневиди,го лепат кај стигнат. Башка слободните за плеј ужасно лошо го озведува. За од клупа е одличен,секако треба да остане.

Исто кога веќе си троламе на тема нови играчи Бакич аут-Војдан ин не би ми сметало ама ич. :D
 
Антич си има уште две сезони по Евролига минимум.
Војдан си игра добро во таа лига, јес да Украинската лига не е нешто конкурентна, но да не заборавиме дека неговиот тим настапува во ВТБ лига што според УЛЕБ ранкинг е втора. Самаџиски е реално достапен и мислам дека добро ќе се снајде, а за Илиевски сум песимист затоа што веќе 20 пати `се обидуваме` да го носиме.

Само уште да не заборавиме дека освен замена на Бакич, ни требаат уште плус два играчи за да го пополниме ростерот од 12 играчи што ите како ќе ни е потребен за догодина ако сакаме повторно да сме конкурентни во АБА, а погодово ако би играле во Европкуп.
 
Бакич и Богоев треба да им биде раскинат договорите после сезонава со што би фалеле 4 играчи ако Дејвис реши повторно да потпише.

По мене потребна е тешка петка до 23-24 години,да се најде млада четворка што знае да скока и два надворешни играчи еден млад организатор и еден комбо 1-2 да знае да напаѓа кош дека сегашниве никој не знае да нападне кош на позиционирана одбрана.

Ако успее некако управава да ги убеди Скопско да бидат нов спонзор како што имаше гласини или T-home да зголеми спонзорството јас би сакал да пробаат да го донесат Кристијан Николов.Со Николов,Самарџиски и некој комбо играч со по 10-15 поени во рака следна сезона би можел и Ф4 да се напаѓа.

Оташевич можеби не знае да напаѓа кош али Оташевич знае да асистира,не губи топки и игра одбрана како вошка плус краде топки цело време.Тоа е сосема добро за класичен плеј.
 
Околу спонзорите, се збореше дека договорт на T-home бил во стилот дека првата сезона спонзорираат одреден износ, а потоа доколку МЗТ се избори за АБА (што и се случи) добиваа многу повеќе пари.

Во врска со Кристијан Николов, идејата е СУПЕР но мислам дека многу подобар развој ќе си има ако си остане кај што си е ... во Турција!
 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=328131125174&id=21&prilog=0&setIzdanie=22841
ТОА Е ТОА :D
Пипан: Би сакал Самарџиски да дојде кај нас
Абе овој цел живот се матка по странство, прво во Србија беше, Партизан, ФМП, па во Литванија, и не научи да игра центарски и не научи. Си остана лења пита. Али како и да е со отворени раце го пречекувам, секако е подобра опција од Николиќ или некој трет што би го донеле (инаку слушнав од едни луѓе дека сакале да го вратат Гоцевски за останатиот дел од првенството али фала му на Бога што потпишаа со Ноа). Има многу искуство од Европа, напоменав веќе каде настапувал, и ќе биде огромно засилување за екипата на МЗТ. Уште да успеат некако да го договорат Војдан и ќе биде топ, само многу тешко ова, не се надевајте многу многу на Војдан, шансите се доста мали.
 
Уште да успеат некако да го договорат Војдан и ќе биде топ, само многу тешко ова, не се надевајте многу многу на Војдан, шансите се доста мали.
Нека влезат во Еврокуп па да видиме дали се мали шансите.

Само што ми пуштија информација дека го исконтактирале Војдан пред извесен период али овој одговорил дека не му било предизвик да игра во АБА лига.
Значи сето ова се случило пред да изјави Конески дека ќе аплицираат за Еврокуп, така да мое мислење е дека доколку играме на ова натпреварување ќе дојде без проблем.

Инаку за тие пари што ги зима во Украина, реално можат едно црнчиште да земат што ќе ебава по АБА и Европа али ај, наше си е наше. :D

П.С. Самарџиски под водство на Пипан има центариште да стане, има со десет раце да го пречекам.
 
Со Самарџиски и еден од Илиевски или Војдан ќе имаат големи шанси да играат Ф4 во АБА следна година. Ќе видиме прво да им ја одобрат вајлд картата за Еврокуо после се ќе биде послесно.
цц колку ги чинеше глупиот пораз од унгарците :facepalm:
 
цц колку ги чинеше глупиот пораз од унгарците :facepalm:
Ако гледаш така ко демек Цедевита не губеа од скапаници, таков е спортот, ќе ги тепаш најдобрите а ќе изгубиш од скапаници.
 
Ако гледаш така ко демек Цедевита не губеа од скапаници, таков е спортот, ќе ги тепаш најдобрите а ќе изгубиш од скапаници.

не толку со Унгарците колку со Олимпија дома после такво водство..

инаку смешни сте со Војдан што може да дојде..игра во клуб што има огромен буџет а таму е скоро клучен играч..имаат играчи како Сонгаила и Фишер и обезбедија плеј оф во ВТБ што е огромен плус за нив затоа што таму добивките се зборуваат дека се поголеми од Евролига и тоа доста..Илиевски има некој шанси и Самарџиски кој не го земаа да игра за Звезда во домашниот плеј оф пошто е дозволено само одреден број на странци.
 
не толку со Унгарците колку со Олимпија дома после такво водство..

инаку смешни сте со Војдан што може да дојде..игра во клуб што има огромен буџет а таму е скоро клучен играч..имаат играчи како Сонгаила и Фишер и обезбедија плеј оф во ВТБ што е огромен плус за нив затоа што таму добивките се зборуваат дека се поголеми од Евролига и тоа доста..Илиевски има некој шанси и Самарџиски кој не го земаа да игра за Звезда во домашниот плеј оф пошто е дозволено само одреден број на странци.
Не гледам причина зошто да не дојде доколку МЗТ направат јак тим односно се зголемат финансиите, зарем не е доволно што ќе играат ЕвроКуп и АБА?

Јас и во претходниот пост се искажав, за тие пари што ги зима он, МЗТ можат да земат двајца повеќе од солидни играчи и да се пополнат две позиции а не една, ма да во никој случај не би го одбил доколку се реши да дојде без разлика колкави би му биле примањата.
--- надополнето: 29 март 2013 во 12:48 ---
1:31:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom