Фан клуб: МЗТ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата arap
  • Време на започнување Време на започнување

--- надополнето: Aug 15, 2011 9:20 PM ---
Igor Mijajlovic
preko 1000 ljudi na prvom treningu! Da se najezis...


y-2LR9eyI1L.gif
пред 16 минути преку Facebook Мобилен ·
 
Браво Браво..глеам интересна сезона ке има у Кошарка оваа година..и Кумани се активираат , Сити Парк Бојс , Лозари , и кој други..:) Интересно
 



Вторник, 16 Август 2011 16:02

МЗТ Скопје вчера ги започна поготовките за новата сезона, а првиот тренинг на „металците“ го следеа повеќе од 1.000 навивачи.

http://kurir.mk/sport/kosarka/39400-Foto Video-Aerodrom-zivee-za-MZThttp://www.facebook.com/sharer.php?...ZT&t=Фото+Видео: Аеродром живее за МЗТ&src=sp
 
Браво за тренингот.Мислам дека е време да понавивате пред Општина Аеродром кај Ивица за проширување на капацитетот на Јане Сандански!:)

P.S. Се е супер ,ама со најјаката навивачка група Балисти не мојте.
NOT!!!:pos:(Нека учат малку).
 
Нема други вакви навивачи во Македонија, браво секоја чест, заслужувате оваа сезона да освоите титула !
 
Демант од Кирил Николовски

kiril_nikolovski_.jpg 
Во контекст на изјавеното во интервјуто на новиот Шеф на стручниот штаб на КК МЗТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ-Александар Тодоров на веб порталот sportefe.com. 12.08.2011 година, би сакал да го дадам мојот демант, поради тоа што Тодоров искажа неколку невистини во врска со моето заминување од КК МЗТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ:

Ја користам оваа прилика да ја информирам пошироката јавност, дека на 24.05.2011 имав разговори со Александар Тодоров, кој тогаш преговараше во улога на новоименуван Шеф на стручниот штаб на КК МЗТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ за продолжување на мојот договор со истоимениот клуб. Не е вистина, како што вели тој дека не било преговарано со мене, откако станал главен тренер на МЗТ. Поради тоа што ниту тогаш, ниту во неколку други наврати со Управата на клубот, не се постигна заеднички јазик за прифаќање на моите услови за нив познати причини, бев принуден да ја побарам мојата егзистенција во друг клуб.

Не дозволувам моето име да биде извалкано со вакви недолични изјави што предизвикуваат омраза кај симпатизерите на клубот МЗТ и свесно поттикнување на непријателство кон мене.

КК МЗТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ е клубот за кого сум настапувал со голема љубов играјќи во сино-белиот дрес за пониски финансиски средства за разлика од сумите кои ми биле понудени од страната на други клубови во минатото. Иако клубот ми остана должен неколку плати во една од претходните натпреварувачки сезони, останав лојален на клубот, а љубовта кон навивачите на МЗТ беше казнета со неисплаќање на една месечна плата затоа што на последниот натпревар од минатогодишниот плејоф ги подарив дресовите на навивачите.

Јас сум професионалец и професионално се однесувам кон клубовите и навивачите во лигата каде настапувам и секогаш одговарам на понудите, никогаш не затворам врата кај клубови отворени за соработка со мене, кај никого, па не и кај МЗТ.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: FA
Македонски Телеком и T-Mobile спонзори на МЗТ Скопје
Кошаркарскиот клуб од Аеродром ќе биде спонзориран во претстојната натпреварувачка сезона, а доколку обезбеди учество во Јадранската лига, спонзорството ќе биде продолжено и на наредните четири сезони
http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=66092
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom