Лани прво губевме некои поени штo не смеевме уште во есенскиот дел, но потоа од јануари се распаднавме целосно.
Сега се пред ист испит поставени. Дали ќе се распаднат и сезонава и дали ќе имаат глупи киксови, почнувајќи уште од следните два натпревара кои мора да се добијат.
Константниот проблем со повреди, притисокот и незадоволството после три лоши натпревари, особено со бодови лошо се помина, проблемите во однос фудбалери - тренер, сето тоа треба да се надмине или радикален чекор да се превземе.
И покрај се, имам впечаток дека можевме да освоиме повеќе бодови, на страна онаа катастрофа против Интер. Но џабе се, и тоа што сме поквалитетни од лани, доколку оваа ситуација не се изменаџира добро.
Изгледавме немоќни против ПСЖ и Интер (тука направивме се да се самоубиеме), на други тешки натпревари (Наполи, Јуве, Њукасл, Борусија) мислам дека бевме подобри, барем рамноправни, и повторно сами сме си виновни што не направивме повеќе.
Поголем проблем е како ќе се изменаџира сето ова, отколку квалитетот на фудбалерите. Во тоа што треба да се изменаџира е и проблемот повредите. Не може да имаат толку повреди, а да е само до физичките предиспозиции на фудбалерите. Лош е тренингот.