Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Некој да не знае кај да најдам две карти за Динамо - Милан? Или ако знаете некој ако продава пишете ми :)
 
Никако да средат дефанзивно. Почнаа со добар пресинг, но после 20 минути веќе почна Монца да им прави проблеми и секое доаѓање блиску до 16 метри беше опасно.

Во второ почнаа со тројца позади, делуваше дека тоа дава резултати, Милан повторно воспостави контрола, даде и трет гол, Монца беше безопасна. Но, откако прими Милан од слободен (мораше да одбрани Татарушану), повторно почна Монца да прави проблеми. Па остана дилема колку тоа што имаа контрола на игра беше резултат на играта со тројца позади.

Кеси можно е да фали малце. :D
 
Кеси можно е да фали малце. :D

Малку е и мит тоа околу цврстината и Кеси. Лани кога имаа проблеми со Верона, Фиорентина, Удине, Сасуоло, го имаа Кеси, но повторно имаа проблеми.

А овие два периода се споредливи, проблеми со повреди, некаква криза во игра, лани и поголема, а притоа играње и ЛШ, повреден Мањан.

Фали еден квалитетен во средина за ротација, што би бил Кеси да е тука. Еве и да игра почесто прва, би бил Тонали на клупа, а не ми делува дека толку би бил подобар од него. Со Тонали и Кеси заедно би имале проблеми против секоја екипа да имаме некаква контрола на топка.


Побега е проблематичен, не ми се допаѓа многу. Оној Вранкс треба да добие шанса да го видиме повеќе.

А ако збориме стриктно за одбрана, не сакаше Малдини за џабе да потроши пари на Ботман.

Но, се сложувам дека не е само до дефанзивците.
 
Де Кетеларе по натпреварот нервозен веднаш отишол во соблекувална.

Се виде уште после промашувањето колку беше потиштен.


А и откако влезе беше нервозен. Пробуваше по секоја цена да,направи нешто конкретно, беспотребно форсираше.

Мора да врати самодоверба и да игра смирено.

Poarno taka nego li da se slika ko nisto da ne bilo...igra solidno a mu treba vreme da bide na top nivo.
 
Малку подршка за братот Де Кетеларе во овие тешки моменти. :D



Тешки се само зошто сам решил да се тешки, најверојатно под притисок на твитер стратези и отровни италијански новинари.
Блиц трансфер да беше, под радарот на ојле-дојле ќе ја олеснеше ситуацијата значително, за разлика од драмолетката што траеше цело лето, во која веќе спремија текстови за пропаст.

Истото се повторува со Пакета. Милан мора да си ги штити фудбалерите подобро. Иначе, далеку е од лош.
 
Изумив дека Томори доби црвен. Габиа и Кјаер ми е најмалку посакуван пар. Барем Дест да не се повредеше.

Дали Томори ќе може да игра против Салзбург?
 
Изумив дека Томори доби црвен. Габиа и Кјаер ми е најмалку посакуван пар. Барем Дест да не се повредеше.

Дали Томори ќе може да игра против Салзбург?
Директен црвен беше. Нема да игра .
 
Утре проблем ќе биде во одбраната ако не дај боже се деси нешто непредвидено бидејќи на клупа ќе бидат како опција само Туре и капитенот на Примавера.
 
Giroud vi ste najslabija karika..kolku zaeba covekov polukontri i samiot neznae

И Ребиќ имаше доста грешки.


Мислам дека овој натпревар е во топ 5 најпретпазливо поставени од Пиоли. Сепак до сега му се исплати, но факт е дека не играме нешто баш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom