Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Кјаер освен во купот нема да има некоја минутажа....освен ако не се врати у иста форма што нема шанси, не се сите Ибрахимович.

Он и претходно беше спор и Томори го покриваше али сега не спор ќе биде како желка, башка и во воздух игра прашање е дали ќе биде конкурентен.

Ботман, ако не он Бремер се решението за Милан....ако и двајцата не ги донесат сигурно ќе земат некој трет за тоа што од Август до нова година нема да имаат пауза фудбалерите.

По две утакмици неделно и плус светско првенство..
 
Не. Пошто Кјаер бог знае каков ќе се врати, Калулу не е штопер десен бек е без разлика што може да игра штопер. Габија е смешен и остануваме само со 1 класичен штопер. Не е Малдини ретардиран што се запнал за штопер да земе.
Па што не земе ако толку се запнал ко што викаш ти?
 
Па што не земе ако толку се запнал ко што викаш ти?
Пошто пазарот се отвара на 1ви јули и се пазари паметно, а не прво што ќе дојде. Уште официално ни на него не му е продолжен договорот. А освен бесплатни трансфери не гледам некој клуб да направи многу трансферож
 
Poleka use ne e ni otvoreno merkatoto :ROFLMAO:
Сакам да му објаснам дека јајца ми испотија од јануари со централни дефанзивци. Има доста ранливи точки тимот, така да ќе видиме што попрво ќе земат.
 
Леао раскинал со Мендес, ќе биде претставуван од некој адвокат од Франција, другарче на татко му. Којзнае со што му ја напуниле главата дома котле глупо, сеа ќе бара сигурно за цела фамилија по 10мил да продужи договор.
Нека си го продада на време дур држи цена и има уште 2 године од договор
 
Не е потврдено дека го има сменето, ова шпекулација се појави од Газета пред некој ден и дека за вчера ќе им беше важна вест.

А зошто би го сменил кој е еден од највлијателните и може да го однесе во било кој клуб за повисока плата и провизија за цела фамилија?

Обично агенти менуваат кога не им оди со продолжување на договор, не можат да најдат клуб итн.

Леао може да го смени само ако сака да остане и гледа дека тешко одат преговорите, а Мендеш го нуди секаде и го наговара да прави трансфер за повеќе пари.
 
Јас мислам дека го мења за да остане ко што разбрав од најлошите весници у свет-итаљанските
 
Флоренци офицјално ќе биде откупен за 4.5м. Бало Туре најверојатно во Трабзонспор за 3.5м. Ќе треба да се донесе лев бек замена или евентуално ако го играат Калулу десен бек и да се ротираат Калабрија/Калулу и на лево Тео/Флоренци. Ама мислам ќе донесат некое лево бекче сепак.
 
За помалку ќе биде откупен Флоренци.

Не е тешко да се најде замена лев бек, не е нешто што прво мора да го решат, ете им го Камбиасо од Џенова.

Имаме договор со Ботман, а Њукасл со Лил.
Очигледно е дека сакаат што повеќе да заработат од него и гледаат да го продадат во Њукасл за повеќе пари, а нашите не се откажуваат.
Понуда од 30 мил со бонуси, а на Њукасл по шпекулациите била 41 мил (17 мил одма и 24 на 4 рати)
Нека вклучат некој процент од идна продажба и некој милион ако толку веќе изборот е на него.

Од јануари наваму тој и Бремер се прв и втор избор и на крај ако не завршат со ниеден...
 
Симакан и Фофана беа прв избор заедно со оној Кабак од Шалке, ниеден од нив не земавме и го добивме Томори, моментално подобар од сите тројца заедно.

Дури и да не добиеме никој од овие, сигурно ќе најдеме некој нов што ќе ни се погоди, знам дека овие двајца баш ни праат кејф ама ако цените одат премногу горе тогаш не верувам дека ќе навлегуваме во некој bid war.
 
Симакан и Фофана беа прв избор заедно со оној Кабак од Шалке, ниеден од нив не земавме и го добивме Томори, моментално подобар од сите тројца заедно.

Дури и да не добиеме никој од овие, сигурно ќе најдеме некој нов што ќе ни се погоди, знам дека овие двајца баш ни праат кејф ама ако цените одат премногу горе тогаш не верувам дека ќе навлегуваме во некој bid war.

Да, но иако вака загреани како за Ботман, беа само за Фофана. Овој и сега е топ опција, имаше проблеми со повреда и што Лестер ја имаше најлошата сезона во последните неколку години. По мене не може да се каже дека би се зезнале доколку го земеа.


За Симакан исто беа спремни да дадат веднаш пари, но околу 12 милиони, а и некоја потешка повреда имаше. Не сум го прател многу, што и како е, но изгледа дека и кај него има некаква прогресија.


Кабак е најдалеку од очекувањата, но тој требаше, ако не сум грешка, да дојде на позајмица, како Томори, па да се направи проценка. Не веруваа многу во него.


Затоа јас не би ги ставал во ист кош, не биле спремни за секој да дадат 30 милиони. Само за Фофана се спомнуваше таква сума, за Симакан дупло помалку и за Кабак да дојде на позајмица, а и околу сумата за откуп изгледа имаше проблем.
 
Не беа толку за да купат за нов дефанзивец како што се сега.
Лесно се откажаа тогаш од борбата, немаше други имиња.

Оставија за зимскиот период кога имаа шанса за Томори покрај оние обиди од летниот период кога Челзи не го пушташе на позајмица.

За разлика од сите тие Ботман го имаат договорено лично, сака кај нас и тоа се уште ги држи во игра. Синоќа повторно имаа преговори.
Ако не се договорат со Лил ќе мора да се откажат.

Њукасл притиска и му ја зоглеми понудата иако изгледаше дека се имаат откажано и дека се ќе се заврши за 30 мил во исто време со Ренато Санчез.
Исто како што Лестер ја зголеми на Фофана.

Не може да се наддаваат со екипи од ПЛ, тие од шала фрлаат по 40-50 мил за дефанзивец.
 
Читам дека се спомнуваат дури и 55 милиони. :eek:

Овие ни влегоа како ПСЖ на Реал за Мбапе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom