Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Колку и да кренав раце од титула, многу ми е мило кога ќе ги видам дека уште веруваат и како се радуваат.
 
До крај имаме многу тешки четири утакмици...... али кога ќе видиш дека на такви утакмици подобро играме може и да имаме некоја мала шанса за титула, ако ги тепаме сите четири...

Интер у овој дел од сезоната немаа ни еден кикс, нема шанси да ги тепаат сите пет до крај така да пак е во рацете на Милан..
 
Предност е што нашите играат еднаш неделно, оваа победа може да ги врати и да направат притисок, а комшиките имаат плус два натпревари.

Друго е тоа што зависи и од противникот. Болоња против нас нозе искршија, ќе ги видиме против нив.
Емполи исто незгодна екипа заедно со умрените Удинезе.
Каљари и Сампдорија екипи што се борат за опстанок ако дотогаш не се реши тоа.

Се надевам оваа победа ќе им даде залет на нашите и ќе играат како денес иако во некои делови од натпреварот не изгледаа технички и тактички како што треба, но далеку подобро од претходните.

Леао прави некогаш плус чекор или шутира како на тренинг, но денес секако му е најдобар натпревар после подолго време.

На почеток Пиоли погреши со играње на Диаз и Тонали напред, а Кесие сам назад со што Тео не трчаше толку.
Во второ Тонали го врати назад и доминираше во средина, а Кесие покриваше и лево со што Тео повеќе беше вклучен во нападите.

Ова второто му е добитно и му носи резултати и досега покажа дека Тео е важен во нападот и не треба да го остава назад кога е против екипи кои оставаат простор.
 
Со победава може да се рече дека го фативмо последниот воз и таа трошка надеж... После лошиот период убоо доаѓа победава и сигурно ќе им даде крила и сила за убав завршеток на сезоната иако ќе биде тежок, претежок...

Фиорентина, Аталанта, Верона Сасуоло... четири финалиња.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
 
Одлично второ полувреме. Штета ни требаа 5050053 шанси да дадеме гол.
Ама пожртвуваноста, ангажираноста на сите играчи многу ми се допадна. Калулу и Фикајо одлично издание освен киксот при првиот гол. Некако на спиење ги фатија. Сепак незгодна екипа е Лацио на нивен терен, да не се лажеме. Колку и да се мртвило сезонава.

Јест да има многу просеци во тимов, некои не се вклопуваат, некои се тешки дрва, ама ретко за кој играч можам да кажам дека не се залага на терен. Сите гризат, дури и дрвата. Единствено Леао е малку така лабав, ама детето има квалитет несомнено, само треба повеќе среќа и да не се опушта премногу. Ги поремети скроз заедно со Месиас, кој практично денес му ја заврши кариерата на Раду.

Идеме даље.

Жал ми е што со 50 милиони овој тим одамна ќе беше со освоена титула годинава. Но тоа е што е.

Интересен феномен е што клошарските провинциски клубчиња се екстра мотивирани да им замрсат сметки на поголемите, како што е пример со години наназад и ете денес со Емполи-Наполи се потврди. Такви некои екипички ко на стероиди играат. И тоа е супер општо за лигата.
 
До крај претпоставувам дека сите 5 утакмици ќе бидат вакви. Индијански и на јуриш. Сега е повеќе прашање на желба и карактер отколку што е на фудбал.
 
За вториот гол најзаслужен Ибра, не дозволи на Марушич да додаде на Старакоша, а после асистенција до Тонали.
Ретко кој од нападот вака ќе направи на крај и онака лесно ќе се врати назад за нападот на Лацио да почне од голот или двајца ќе се соберат таму и ќе направат фаул во напад.
Ребич е играч кој знае да одземе и задржи топка. Овој џабе го мава Ачерби кога грешката е и кај него.
Следна сезона Ромањоли нека игра заедно со нив. :coffee:

20220425_105951.jpg20220425_105955.jpg
 
Inşaallah, Alah Akbar.

hakan-calhanoglu-of-bayer-04-leverkusen-is-praying-for-the-match-the-picture-id489366296
 
Во петок ќе се потпише договорот за новите лихварски газди. Конечно и ние да видиме нешто од арапски пари.
 
Да видам прво да трошат, уште не сум сигурен дали ќе биде нов Елиот, само малку повеќе спремни за трошење или ќе целосно сменат политика.
 
Последно уредено:
Ќе биде моделот сличен на Елиот, ваљда со малце поголем буџет...што е подобра варијанта него да искешираат миљони на цигани што само една од пет сезони ќе изиграат и после ќе си идат за без пари у конкуренција...
 
До крај претпоставувам дека сите 5 утакмици ќе бидат вакви. Индијански и на јуриш. Сега е повеќе прашање на желба и карактер отколку што е на фудбал.

Да играа на сите овака со пресинг и високо да стоеја ќе имаше и нешто од киксовите..вака мали се шансите. Лацио се виде и со Торино колку беше изгубен кога му играа пресинг, со Ибра неможат да играат така..Жиру е добар и поспремен, Ребич исто е супер за таа игра. Може да го проба него на 10ка на следниве ако е спремен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom