Околу ситуацијава со Кеси. Не знам, на две страни сум, ама колку и да ги кривам Малдини и Газидис, малку појше мислам дека Кеси со агентите, а и целокупната моментална ситуација во фудбалот се виновни за ваков расплет.
Низ цела Европа, последниве година-две, посебно летово, а сигурно тек следните неколку ова ќе си биде редовна пракса. Глеате какви играчи и во какви тимови не успеаа да продолжат договори и си направија трансфер, да не набројувам. Чак уште на колку им истекува договор следно лето, а не делуваат многу отворени и спремни за продолжување. Очигледно тимовите и агентите најдоа начин да ја ублажат ковид кризата во финансиите, а тоа е да трошат што е можно помалку пари за суви трансфери, а да понудат појше пари, практично на рати, преку договорите на играчите. И фудбалериве нормално, користат ситуација, ги заболе нив дали тимот ќе заработи пари или не, битно тие можат да искористат ситуација максимално.
И све ми се чини дека не е толку до висината на самата плата, колку што е до провизиите и бонусите коишто ги бараат агентите. А наравно, основоположник на тоа е Мино копиљот. Другите си видоа, штом може - ќе користиме и ние. Сеа испадна дека ако имаш играч којшто влегол во последна година од договорот, играчот више не е твој, тој припаѓа на агентот и ти сеа си во иста позиција као и сите други тимови, џабе имаш активен договор и мораш да го откупиш играчот од агентот преку провизии, бонуси и слично.
Тоа нам ни стана јасно уште кога Донарума имаше скроз лудо барање таму 2018та ваљда беше, пази БРАТ МУ ДА ГО ДОНЕСЕМЕ ВО ТИМ СО ПЛАТА ОД 1.000.000 ГОДИШНО ЗА ДА ПРОДОЛЖИ ДОГОВОР. Исто и сега, според некои информации, ПСЖ освен платата му платиле 20 миљони на Мино + 10 на татко му на Донарума за да потпише. Ова е лудо више, агентите може да ти побараат буквално све што ќе им перне на памет.
Така и со Кеси, верувам дека не е толку голем проблем платата што Милан може да ја понуди како сув износ, туку провизиите коишто верувам дека агентите ги бараат за да ти го даат играчот назад. Сеа се во комотна ситуација, може да се пазарат со кого сакаат и пробуваат да извлечат максимум. Таквото понашање може да го спречи само самиот играч, да рече: Сакам да останам во Милан, ти праи што ќе праиш, не ме занима, јас останувам. Е сеа, ние имаме проблем да сфатиме дека фудбалериве денеска се воглавно неписмени ликови коишто земаат многу пари, ретко кој од нив имал додир со некои минати романтични фудбалски времиња и ретко кој игра за љубав и затоа ретко кој одлучува сам, обично си оставаат на агентите и така се во вин-вин ситуација сите освен клубот на играчот кој губи највише, ама никому не му е гајле за тоа.
Што може Милан да напраи? Прво, мислам дека ситуацијава ги најде затечени и не очекуваа дека ќе се створи ваква ситуација низ Европа со договорите на играчите и очекуваа дека продолжувањето ќе оди многу полесно. Следно, не очекуваа дека ќе се спојат вакви гомна од играчи на кои им истекува договор едноподруго и дека со тоа ризикуваат огромен удар врз угледот. Трето, имаат строга политика наметната од газдата коа се во прашање финансии и нема превише простор за маневар. Четврто, којзнае какви договори и ситуации имаат наследено од претходната управа којашто знаеме каква беше. Петто, мислам дека решението е и Милан да се понаша исто како другите и кон туѓи играчи. Еве ти го Пелегрини од Рома во последна година од договор (пример, има и многу други), оди, седни го агентот, изиграј прљаво као ПСЖ, понуди му појше од Рома, нешто провизија, сума којашто секако ако си оди Кеси, ќе ја даеш на трансфер и чао пријатно. И, да се седне со играчите на коишто им истекува договор и да се преговара 2 години однапред. Ако се заебаваат, на клупа, во примавера, па нека се продаваат после као полу-аматери. Или, како Челзи - им уградуваш во договорите унилатерална клаузула да можеш еднострано да им продолжиш договор за една година, па нека дојдат да уценуваат со агентот.
Не знам, мислам дека конкретно со Кеси е флуидна работава, не е ич сигурно како ќе се заврши, ама факт е дека ова со договориве е ептен раширен проблем моментално низ Европа и може да се среди само со јака регулатива од УЕФА којашто секако дека не ја очекувам затоа што УЕФА е ПСЖ, УЕФА се најбогатите, а ним ваква ситуација им одговара и не би се казниле сами себе.
Има кривица и во управата, ама ако играчот и агентот се решени да седат на 5 столчиња во моментов, да се пазарат со 5 екипи и да исцедат најдобар договор што може, со највише пари - нема многу што да прават Малдини и Газидис. Во моментов работата зависи од Кеси и од агентот. Кеси не е во моментов играч на Милан, агентот му е газда. Милан може да понуди и 10 милиони, ако има добра полусезона, Кеси ќе рече е сеа 12 барам и вредам. Единствен начин е тоа, на ист начин ко што ти бега Кеси, собери некој во слична ситуација, казни го на некој начин копилето и мисли му ја многу порано за следните.