Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Платата е договорена, клаузулата е тргната… Фали уште потпис.

Иначе на темата што прави Малдини погрешно, а не и Бепе :cool:



Бепе е 100 године у бизнисов Малдини 3, нормално е тоа

Башка и на Малдини му са врзани рукете од евреинот, ама јебига ќе научи. Милан ќе го јаде две три године ради неискуството на Малдини, ама на таков лик со таква историја у тимот не смеемо да му се љутимо :icon_lol:
Автоматски споено мислење:

Исто со Кеси е многу специфична ситуација, пошто до прошлава сезона не беше ништо посебно, прошло лето за малце ќе го продадеа у Интер, баш у предпоследна година од договор експлодираше и стана еден од најдобрите у тимов, ако не и најдобар. Тука и не е Малдини нешто крив многу
 
Последно уредено:
Ништо друго не може да се очекува од Ромањоли.
Тој да имаше некакви амбиции ќе се средеше и немаше да дозволи Томори така лесно да му земе место и Ачерби во репрезентација.
 
Фан на Лацио е, порано или покасно ќе заврши таму секако...

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
Нека крши глава ама уште еден играч ќе си отиде како слободен играч кој во најмала рака вреди 20 милиони па Малдини ќе треба и следното лето да биде креативен и да импровизира бидејќи и на Кјаер кој има 33год му истекува договорот а секако ќе имаме дупка во ростерот во нападот,десно крило па и полушпиц.
 
За Ромањоли искрено нема никој виновен.

Не му треба на клубот резерва која ќе зема висока плата. Спор, лош во дуел игра, иако добар во пас игра.

Ако му дадат висока плата нема шанси продавање, а нов дефанзивец, по можност со лева нога и со него во состав ќе треба да бараат. Доколку нема висока плата логично ми е да даде предност на Лаци, ќе има првотимски статус, негов град, клуб за кој навива...

И Ромањоли немаше кога да го продадат.

Ова е повеќе сплет на околности, отколку што е виновен само Малдини.
 
Сите се речиси во исто време, а на двајца им е менаџер Раиола.

Јас прв ги критикував, уште додека се славеше за Донарума, но има доста фактори што влијаеја да се дојде до тука.

Првин Милан изгледаше доста лошо неколку сезони, со разни сопственици, раководства и тренери. Се потрошија некои средства без да се добијат резултати и потоа мораше да се работи многу повнимателно.

Хакан и Кеси не биле цело време некои што одушевувале со игра и биле сметани како фудбалери околу кои ќе се гради тим. До пред некое време беа сметани и за промашувања. Нагло некако почна клубот да се подобрува резултатски и некои фудбалери да играат добро. А сето тоа сезона-две пред истекување на договори и во време на корона што дополнително ги искомплицира работите.

Донарума со Раиола никогаш не ни сакал нормален договор, тие си работеа да си отиде слободен иако им излезе непланирано година-две порано. Не постои човек што би имал успех во преговори со нив.

Можеби со Кеси само можеше подобро, доколку почнаа да преговараат озбилно уште лани. Но тогаш се натегаа со Хакан, а доколку му дадеа висок договор на Кеси така ќе ги искомплицираа уште повеќе тие преговори, па и оние со Донарума.

Иако тука веќе беше време да се продолжи макар на две години договорот на Кеси, што вкупно ќе беа три.

Од јануари наваму веќе беше доцна за него и се виде дека ќе тактизира со тоа дали да остане или да си бара нов клуб како слободен.

За Ромањоли пишав претходно.

Се повеќе сум убеден дека Хакан сакаше и да си отиде. Немаше за 500к по сезона да избега во Интер во спротивно. Дали на тоа влијаеше и односот на клубот не знам, но и на него му дадоа горе-доле фер понуда.


А и што да му направиш на некој што му истекува договорот и сака да тактизира и да си извлече најдобро за него?

Нема да го пушташ да игра? Не знам колку е паметно и тоа, на крај никој не е должен да ти продолжи договор.

А и Рамос, Алаба, Вајналдум играа за нивните клубови, а и сега играат Коман, Брозовиќ, Дибала, Погба, Левандовски.
 
Јасно ми е дека Малдини е не искусен во работава но еве следно и многу брзо ќе мора да се реагира за да не се деси истово и со Тео и Бенасер.
 
И уште една работа во одбрана на Малдини, иако сметам дека можеа подобро да го изменаџираат ова со договориве, ама моментално ретко кој тим купува играч на 1 година пред раскин на договор ради кризава на клубовите.

Сите чекаат да дојде на free transfer (како што никој не запна за Инсиње или Белоти на пример сега, туку ги чекаат следно лето на гага).
 
Најглупа варијанта е да не го играш играчот заради не продолжување на договорот, поготово кога немаш подобар на негова позиција...

Нашите и понудија на Перишиќ нов договор со помала плата пред да почне сезоната, овој не се согласи со управата, но Инзаги го играше стартер, така и Милан треба да одигра со Кесие, без ралика на договорот играчот ако е добар на терен треба да игра, затоа што губитници ќе бидат и клубот и он самиот.

Нема терање на инает во професионални бизниси.
 
Цела работа е што фудбалерите како Кеси не ја гледаат Сериа А како предизвик, а Милан како озбилен проект.
Ти немаш што да понудиш на фудбалер што е моментално атрактивен, кога нападот ти е составен од двајца 35+ годишнњаци, рестото се позајмени фудбалери, а во остатокот од првенството орото го водат фудбалери како Џеко, Мората, и слични испукани пушки и нереализирани таленти.

Како и да е, ова со Кеси , за разлика од Хакан, а поготово тоа со Донарума, нема како да не е вина на управата. Катастрофално изменаџирано, покрај тоа што кошта пари, прави мајтап од Милан.
 
2-3 миљона годишно поише за 4 години се над 10 миљона. Играчите играат до 30 и некоја и тоа им е заработка за цел живот малтене.

Така да ја го разбирам до негде Кеси ако стварно му даваат 10 миљона по сезона.

И порано не беа волкави платите, а и имаше финансиски баланс меѓу клубовите, за тоа имаше играчи што идеа у пензија у ист тим што почнале кариера.

Денес има преголем геп меѓу ПСЖ/Реал/Премиер Лига тимови и останатите.
 
Да му е најважен проектот до сега требаше сто пати да избега од Милан, а не сега кога конечно постигнаа некаков прогрес.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom