Сите се речиси во исто време, а на двајца им е менаџер Раиола.
Јас прв ги критикував, уште додека се славеше за Донарума, но има доста фактори што влијаеја да се дојде до тука.
Првин Милан изгледаше доста лошо неколку сезони, со разни сопственици, раководства и тренери. Се потрошија некои средства без да се добијат резултати и потоа мораше да се работи многу повнимателно.
Хакан и Кеси не биле цело време некои што одушевувале со игра и биле сметани како фудбалери околу кои ќе се гради тим. До пред некое време беа сметани и за промашувања. Нагло некако почна клубот да се подобрува резултатски и некои фудбалери да играат добро. А сето тоа сезона-две пред истекување на договори и во време на корона што дополнително ги искомплицира работите.
Донарума со Раиола никогаш не ни сакал нормален договор, тие си работеа да си отиде слободен иако им излезе непланирано година-две порано. Не постои човек што би имал успех во преговори со нив.
Можеби со Кеси само можеше подобро, доколку почнаа да преговараат озбилно уште лани. Но тогаш се натегаа со Хакан, а доколку му дадеа висок договор на Кеси така ќе ги искомплицираа уште повеќе тие преговори, па и оние со Донарума.
Иако тука веќе беше време да се продолжи макар на две години договорот на Кеси, што вкупно ќе беа три.
Од јануари наваму веќе беше доцна за него и се виде дека ќе тактизира со тоа дали да остане или да си бара нов клуб како слободен.
За Ромањоли пишав претходно.
Се повеќе сум убеден дека Хакан сакаше и да си отиде. Немаше за 500к по сезона да избега во Интер во спротивно. Дали на тоа влијаеше и односот на клубот не знам, но и на него му дадоа горе-доле фер понуда.
А и што да му направиш на некој што му истекува договорот и сака да тактизира и да си извлече најдобро за него?
Нема да го пушташ да игра? Не знам колку е паметно и тоа, на крај никој не е должен да ти продолжи договор.
А и Рамос, Алаба, Вајналдум играа за нивните клубови, а и сега играат Коман, Брозовиќ, Дибала, Погба, Левандовски.