Фан клуб: Милан

Саше?

  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Кеси го искина Лукаку у секој поглед. Не заборавајте дека Калабрија ја одзема топката за вториот гол, солиден е овие четри меча. Кјаер исто спаси гол чист ама беше доминиран од Лаутаро..4 од 4 битно и први на табела.
 
.4 од 4 битно и први на табела.
Ова е најважниот момент денес кој сите некако го занемаруваме затоа што не сме навикнати. 9 дадени и 1 примен гол.
Вчера имавме доста среќа, ама па и Пиоли имаше поставено доста добра игра. Разликата кај Интер е во тоа што се индивидуално појаки. Лукаку е страшен играч, а Ромањоли не можеше да се носи со него, јебига, дечкото нема играно фудбал одамна. Тео никако не помагаше во одбрана, освен еден добар дуел со Хакими, не видов ништо од него.

Од оние што се тотално потценети играчи - Салемакерс. Дечкото е страшен работник, буквално го доминираше прво полувреме и мило ми е што си наоѓа место во тимот. Истото важи и за Леао, за разлика од минатите натпревари, синоќа имаше добра партија. Само му треба да се научи да не го прави тој еден екстра потег со кој знае да губи топка. Јас го кењав Кеси (додуша не само јас) минатата сезона, ама посткарантински, гледаме скроз друг фудбалер.
 
Малце претерувате со критикиве. Заборавате дека играа против објективно појака екипа што ја добија првенствено ради тоа што беше некомплетна.
Која маана на Бенасер и Кеси им ја најдовте стварно не разбирам кога буквално ги преџвакаа и ги исраа на средина.

Хакан е душата на тимов. Не ми се верува уште како успеа да се трансформира вака по цели три години фрустрации и немање поима.
 
Епа кога го ставаа крило да игра што сакаш? Снајдер кај нас да играше крило за пола сезона ќе беше продаден у Херенвен.

Не читав поназад ама ако некој јадел гомна за средината вчера........ Па таму не искинавте бе, тука ја изгуби Интер утакмицата. Сите беа добри, и Кеси и Бенасер и Хакан, топ утакмица изиграа.
 
Не можеа сами двајцата и многу простор имаше пред Кјаер. Многу често беше 1 на 1 со Лаутаро.
Против вакви екипи со двајца напаѓачи фалаше уште еден играч во среден ред.

20201018_102740.jpg
 
Не знам зошто такви релативно лоши критики кон Ромањоли, кога според мене баш супер изигра со оглед на тоа што нема играно неколку месеци. Последна крај на јули/август ја играше чинам. Плус Лукаку/Лаутаро се многу незгоден двоец за чување. Генерално сосема солидно изигра, освен некои поедини ситуации и дадени периоди од утакмицата кога цела екипа беше полумртва.

Проблемот со Калабрија очигледно е дека меѓу другото е и психички. Колку пати ќе изигра брилијантно на некои шкљ утакмици без притисок, ама ќе има лузерски инфериорен пристап на битни утакмици. Не дека вчера лошо изигра, ама ја немаше онаа самодоверба од претходните утакмици. И вака кога ќе си го вратам филмот, на дерби утакмици знае да се покака во поглед на пристапот, да напраи кикс и после неколку утакмици да не биде истиот, дур да се стабилизира пак. Добро е да се читаат изјави од типот дека се работело на тоа поле (психички) интензивно изминатиот период.

Истиот муабет за Калабрија и со Хакан некако во поглед на самодовербата и покаканоста пред дерби утакмици. Добро е што се имаше многу трпение со него, неколку сезони, пошто мислам дека со сезони наназад он е единствениот у тим што уствари знае да игра фудбал, и баш ми е мило за Il Turco. Секоја сезона се гледа дека има потенцијал, има сенс за фудбал, но средината и психичкиот пристап биле проблем. Дури мислам дека претходниве тренери многу го микроменаџираа, додека Пиоли му дава простор за дишење што му прија.

Мислам дека Милан најмногу профитираше во Италија од овој bubble да го наречам, без публика и без многу внимание. Пошто очигледно додатен проблем им ствара самото справување со притисок, очекувања, медиуми и тн. Сега малку тоа е спласнато и тимот игра скроз солидно.

Сезонава клучни ќе бидат натпревари против Лацио, Рома, Наполи и Аталанта. Се што може да се чепне од Јуве/Интер е премија, бидејќи, барем на хартија се издвојуваат од другите, иако се покажа дека и они се скроз победливи како некомпонирано играат, најмногу ради промени во ростер. Во поглед на послабите тимови, мора да се победуваат повеќе.... пред се тука мора да имаме одлична реализација, бидејќи ќе има доста мртви натпревари каде што ќе решава некој гол на сила/среќа.

Forza Milan.
 
Конечно земавме дерби, ептен ми се допаѓа пристапот и менталитетот кој Ибра го наметнува низ тимов, тоа е тоа што им треба на млади и талентирани играчи за да напраат следен чекор и да почнат да играат добро.

За Ромањоли немам никаква критика, пред 4-5 дена почна да тренира после 3 месеци пауза, прва утакмица на која се враќаш е дерби со Интер и директен дуел со еден од најдобрите шпицови у лигата и физички најдоминантната 9ка која ваљда сум ја гледал да игра фудбал, логично е да има мали грешки, не моеш да немаш ама во глобала мислам дека добро се справија/ги исекоа Лукаку - Лаутаро оваа утакмица.

Околу Хернандез мислам дека вчера беше непрепознатлив пошо ги немаше тие негови продори и беше строго фокусиран на дефанзива, а и кога го нема Ребиќ многу му е потешко да игра пошо одлично се познаваат и одлично комбинираат двајцата, се на се далеку од криминална партија.

Сега четврток со Селтик мислам дека клучно е да одмори Кеси за да го имаме свеж за со Рома, Диаз може да добие некоја минута и тоа е тоа од ротации.
 
Ова мислиш со Ибра на тренинг, или? :P
 
Sega ke pocnat koga se igraat po 2 utakmkici ke mora da rotira Pioli dosta..sredina ima nekako ali obrana i napad e potesko da rotira.

Derbi kako derbi..ne se igra, se pobeduva. Lani i protiv Juve bevme 2x podobri a na kraj gubevme taka da rezultatot e najbiten.
 
Рома глатко ќе ги добиеме, едвај со беневенто изиграа
 
Калабрија до хејтерите [emoji23]
Сеа може и да си добие казна некоа...
d90709d5e6c9b528a3836e13ad96d9dd.jpg

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
 
Duarte go prelezal Covidot,plus eden igrac za rotacija barem za EL.
 
Чалханоглу скршил зглоб.
Се враќаме во реалноста изгледа . :D
Автоматски споено мислење:

Чалханоглу скршил зглоб.
Се враќаме во реалноста изгледа . :D
 
Ако е скршен зглобот, треба да одиме почесто, кој по цркви, кој по џамии за да изгура некако Милан во тој период.

Од други работи што може да ја спасат работата е овој Диаз да одигра нешто или да се игра 433.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom